Во овој сериал на текстови ги претставуваме говорниците на Deep Dive into Marketing интензивниот семинар што ќе се оддржи на 21 и 22 март во Brainster Space.

Николаи Ванчев е Creative director во TANK (Естонија). Неговата успешна 12 годишна кариера како арт директор тој ја гради во реномирани агенции како McCann (Софија), New Moment New Ideas (Софија), Publicis (Софија) и Havas (Софија). Николаи е дел од жирото на Bulgarian Creative Festival (FARA) и на Young Lions Cannes. Добитник е на престижната награда Gold Effie.

Доаѓа на претстојниот Deep Dive into Marketing за да ни открие повеќе за неговиот креативен Storytelling пристап преку предавањето со наслов „Make little decisions with your head and big decisions with your heart“.

Пред неговото доаѓање во Скопје, му поставивме неколку прашања на тема Storytelling.

 

Што е за тебе “Storyteller“?

Storyteller e некој што е проактивен, љубопитен и кој може да ги претстави универзалните човекови вистини на изненадувачки и неочекуван начин за да создаде длабоко чувство на емпатија. 

 

На што те научи Storytelling-oт?

Добрите приказни ги спојуваат луѓето и создаваат чувство на припадност.

 

Како сметаш дека маркетингот ќе се менува оваа декада, или што сметаш дека иднината ќе донесе за маркетингот?

На краток рок, мислам дека ќе се вратиме на основата на маркетингот – одличните идеи. Тие се највредната валута во маркетингот. Напредната технологија и процесирањето на податоците ни даваат еднаква почетна шанса на повеќето од нас. Но, интересниот storytelling e местото каде што одличните идеи вистински оживуваат. Што се однесува на оваа декада, навистина не знам. Тоа и ги прави работите забавни.

 

Што е твојата ‘raison d’être?’

Пробувам да не бидам asshole, иако тоа не е секогаш возможно.

 

Како ги одбираш своите проекти?

Секој проект носи уникатна можност за отпочнување на промена во однесувањето, надежно кон нешто подобро.

 

Кое е твоето омилено дело (your creation)?

Сè уште немам такво. Но, полека се движам натаму.

 

Дали имаш некои професионални каења?

Не. Немам каења ниту во приватниот ниту во професионалниот живот. 

 

Дали остана нешто да достигнеш плус?

Треба да биде нелегално да се одговори со „Не“ на ова прашање.

 

Дали професионалните триумфи може да се споредат со оние во твојот приватен живот?

Најдоброто (и најлошото) нешто во врска со работата во креативната индустрија е тоа што работното време не е 9-до-5. Адвертајзингот го живееш 24/7 обидувајќи се да решиш мали или големи проблеми и да го направиш светот подобро место за живеење. Затоа, јас на членовите на мојот тим им велам дека секој професионален успех треба да се слави како личен триумф.  

 

Која е онаа ЕДНА вредност која сакаш да ја оставиш како твој печат на денешното општество?

Трпение.

 

Што може да очекуваат посетителите на DEEP DIVE into MARKETING 01 семинарот?

Ваквите настани вистински можат да им помогнат на младите да станат свесни за потенцијалот на Балканот и истиот да го искористат за развивање на сопствените вештини и дела во иднината. 

 

Картите за Deep Dive into Marketing се достапни тука

 

 

Николаи Ванчев е SwissEP Entrepreneur-In-Residence (EiR) од Бугарија, кој работи со стартапи и организации во Македонскиот екосистем. EIR е иницијатива од страна на Швајцарската програма за претприеништво (SwissEP), финансирана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact заедно со J.E. Austin.

 

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА