Во овој сериал на текстови ги претставуваме говорниците на Deep Dive into Marketing интензивниот семинар што ќе се оддржи на 21 и 22 март во Brainster Space.
Давор Брукета е Creative director во Bruketa & Žinić & Grey, загрепска маркетинг агенција што ја има создадено заедно со Никола Жинич во 1995 под името Bruketa & Žinić OM. Како Bruketa & Žinić OM освојуваат повеќе од 600 награди за маркетинг и дизајн.
На Global Effie Effectiveness Index во 2012, B&Ž се на второ место во категоријата независни мали агенции. Од Advertising Age ја добиваат наградата International Small Agency за 2014 година и Campaign ги прогласува за едни од најдобрите светски независни маркетинг агенции.
Во 2017, тие стануваат дел од Grey групацијата.
Давор е член на New York Cresta Awards Grand Jury и е во жирито на престижни фестивали како Red Dot, D&AD London, Art Directors Club New York, New York Festivals, Graphis, Young Guns, Hiiibrand, Luxembourg Design Awards. Tој е и прв претседател на жири на London International Awards кој доаѓа од источна Европа.
Поради сето ова, ни претставува голема привилегија да го имаме како keynote speaker на претстојниот Deep Dive into Marketing, каде што Давор ќе го претстави својот уникатен начин на Storytelling преку неговото излагање со наслов „I Think I Know What I’m Doing”.
Како загревање пред неговото доаѓање во Скопје, му поставивме неколку прашања во врска со Storytelling-от, темата на овогодинешниот Deep Dive into Marketing.
Што е за тебе “Storyteller“?
Личност што може успешно да раскаже приказна користејќи било каков медиум.
На што те научи Storytelling-oт?
Ако сакаш луѓето да разберат некоја идеја, истата треба да им ја презентираш преку приказна.
Како сметаш дека маркетингот ќе се менува оваа декада, или што сметаш дека иднината ќе донесе за маркетингот?
Маркетингот ќе користи нови и пософистицирани алатки, но ќе продолжи да раскажува и креира приказни.
Што е твојата ‘raison d’être?’
Да создавам нешто за кое луѓето ќе зборуваат.
Како ги одбираш своите проекти?
Преку создавање баланс помеѓу креативните предизвици и генерирањето приход за мојата агенција.
Кое е твоето омилено дело (your creation)?
Невозможно е да се одговори ова прашање. Одберете самите на bruketa-zinic.com
Дали имаш некои професионални каења?
Секако дека имам направено грешки, бидејќи секој греши. Но, се трудам да учам од нив за истите да не се претворат во каења.
Дали остана нешто да достигнеш плус?
Списокот е бескраен.
Дали професионалните триумфи може да се споредат со оние во твојот приватен живот?
Професионалните триумфи доаѓаат и си одат, но врските што ги градиш со луѓето во твојот живот остануваат засекогаш.
Која е онаа ЕДНА вредност која сакаш да ја оставиш како твој печат на денешното општество?
Креативноста.
Што може да очекуваат посетителите на DEEP DIVE into MARKETING 01 семинарот?
Инспирација.
Early bird картите за Deep Dive into Marketing се достапни тука