Со отпочнувањето на безбедносните мерки предизвикани од COVID-19, токму групите на Академијата за Data Science беа први што се префрлија на настава во виртуелната училница. Знаејќи колку е интензивна побарувачката за Data Science кадри, воочивме дека нашите студенти имаат одлична можност да се стекнат со голема предност и да го искористат овој период за што поскоро излегување на пазарот на труд како компетентни Data Scientists. Затоа продолживме напред со оптимизирана програма и притоа не изгубивме ниеден час!
За искуството и адаптацијата на новиот тип на учење, поразговаравме со Филип Ангелов, студент од првата група на Академијата за Data Science што моментално го слуша модулот по Machine Learning.
Уписите за следната група нa Online Академијата за Data Science се во тек! Резервирај го твоето место сега!
Филип, карантинов се погоди во вистинско време за Machine Learning – еден од најкомплексните модули на Академијата. Како оди работата и учењето од дома во оваа фаза?
Не верувам дека има вистинско време за карантин :), но сега дефинтивно имаме повеќе слободно време кое може да се искористи за учење на Machine Learning. Работата и учењето од дома на мене не ми се нешто ново бидејки сум remote worker во последните 7 години, а пред тоа учев 3 години за CFA (Chartered Financial Analyst) сертификатот кој е long distance learning program. Сепак, карантинот и целата ситуација со COVID-19 донесуваат додатен стрес и потребен е додатен напор за да се остане фокусиран на учењето на комплексна материја како Machine Learning. Сега за сега оди добро.
Онлајн наставата почна уште на модулот по Python. Инструкторот на тој модул, Андреј Наумовски, кој долго време работи како front-end developer вели дека иднината е во далечинската (remote) работа. Кој е твојот став за ова, особено што баш во Data Science, ваквиот принцип на работа е многу чест случај?
Се сложувам со Андреј дека remote working во многу индустрии може да стане дури и стандард во иднина. Во последните 10 години статистиката покажува повеќе од дуплирање во бројот на remote workers во Америка – што е 10 пати поголем раст во споредба со растот на традиционалните работници во канцаларија за истиот период. Во 2019 remote workers претставуват околу 5% од вкупната работна сила во таа држава според бирото за статистика и ако се земат во предвид некои предвидување кои велат дека за 10 години околу 30% од вкупната работна сила ќе биде составена од remote workers, тоа значи раст од 500%. Исто така, многу компании денеска имаат тимови кои се комбинација од традиционална работна сила (во канцаларија) и remote workers, или имаат опција за работење remotely дел од работното време. Јас сега сум дел од компанија во која сите работиме online, тимот е распространет на 3 континенти и тоа не претставува некој посебен предизвик за исвршување на работните обврски. На нашите клиенти ние им нудиме услуги кои комплетно го заменуваат финансискиот оддел, така што дури CFO (финансиски директор) позицијата на една компанија ја заменуваме со virtual CFO.
Програмата на Академијата се засили со неколку оптимизации во онлајн форматот. Времето на часовите и вежбите е продолжено и секое предавање се снима за повторно прегледување. Колку ти се важни овие придобивки и дали ти помагаат да извлечеш уште повеќе вредност од програмата?
Снимањето на предавањата е голема придобивка и го подобрува квалитетот на програмата. Мислам дека сите чекори кои беа превземени при префрлање на предавањата во online формат, во ситуација која сите не изненади, допринесоа да имаме полесна транзиција. Посветеноста на целиот тим на Brainster за да овој проект биде успешен e навистина импресивна.
Според тебе, кои се клучните придобивки од овој тип на учење?
Можноста за прегледување на снимените часовите има голема додадена вредност. Многу е лесно да испуштиш некоја важна информација во текот на предањето, или после одредено време да заборавиш некој дел. Кога го имаш снимен часот можеш да се навратиш и да се потсетиш. Снимањето исто така помага и за време на траењето на часот бидејки не мора да се фокусираш толку на фаќање белешки (во тетратка или компјутер), туку фокусот целосно може да биде насочен на тоа што го зборува предавачот. Друг многу интересен бенефит кој не го очекував е тоа што кога некој од нас учениците има проблем со кодот или било која задача го шерува својот екран и предавачот преку remote access му помага, а останатите гледаме. Тоа допринесува сите да научиме додатно некоја работа, а ова не се случува во училница бидејки предавачот оди кај ученикот кој го има проблемот и му помага директно само нему.
Колку ти се промени динамиката на учење сега, во споредба со наставата во училница?
Не многу. Потребно е истото време за повторување на изученото и правење на проектите како и кога предавањата беа во училница. Комуникацијата со предавачите и пред тоа се одвиваше online преку Slack, а достапноста секогаш беше на високо ниво.
Филип, неодамна, имаше една многу интересна онлајн презентација пред целата група. Беше заснована на манипулација и визуелизација на податоци од Фифа во Python? Кажи ни нешто повеќе за тоа, од каде идејата и што извлече од целиот проект?
Сите проекти кои ги работевме во Python беа многу интересни тематски и дадоа перспектива што значи програмирање и анализа на нешто што не е само профит, трошок, employee turnover, и слични теми типични за работа на една компанија. Во Фифа проектот имавме шанса да ги примениме сите предходно стекнати знаења во Python и различните библиотеки кои ги учевме. Интересно во тој проект беше што покрај Python знаења искористивме и ги комбиниравме предходно стекнатите знаења од SQL и структуирање на податоци за графичка презентација кои ги учевме во PowerBi.
Кога сме тука, во карантинов не може само да се работи. Што правиш овие денови за разонода? Дали проектот значи дека си фан на Фифа? 🙂
Јас имам флексибилно работно време, така да сум во можност да искористам дел од времето во кое можеме слободно да се движиме за активности надвор од домот и работата. Во предходните денови го искористив убавото време за планинарење и возење велосипед по планините околу Берово. Фифа не знам да играм, ама го чекам времето кога ќе можеме пак да се собираме повеќе од двајца па да играме фудбал во живо :).