Теодора Илоска – Dream Team студент на Академијата за Data Science

Запознај ја Теодора Илоска – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец јануари 2023.
Име и презиме: Теодора Илоска
По професија: Студент на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство
Академија: Академија за Data Science
Зошто баш оваа област: Бидејќи е релативно нова област, а дата научниците се доста барани.
Што те мотивира постојано да учиш: Ме мотивира тоа што нуди флексибилна и тимска работа и те гради како личност да размислуваш аналитички и надвор од “кутијата”.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Академијата те учи како да дојдеш до креативно решавање на проблемите, како успешно да организираш една цела податочна база.
Омилен модул и зошто: Досегашните модули што ги учев ми беа доста интересни. Првиот модул во кој навлегов во овие води беше SQL со инструкторот Благој Костовски, на овој модул се запознав со основите на Data Science и начинот како да организираш една податочна база. А, кај вториот модул, Data Warehouse со инструкторот Бошко Колоски, се запознав и со пореални проблеми поврзани со оваа област.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Бидејќи сум прилично нова на Академијата, со моето досегашно искуство задоволна сум и од двата инструктори Благој Костовски и Бошко Колоски, доста се флексибилни и нивното знаење го пренесуваат преку практични примери.
За 5 години сакам да бидам: Се надевам дека ќе се посветам доволно за да бидам успешна во оваа област и да се остварам како успешен Дата Научник или Дата Инженер.
Хоби: Во слободно време сакам да читам, да гледам некој добар филм и да слушам музика. Додека пак, зимно време сакам да скијам.
Омилена книга: Кафка на брегот – Харуки Мураками
Омилен цитат: “It’s all a question of imagination. Our responsibility begins with the power to imagine.”
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!