Дашмир Ибиши е студент на Академијата за Data Science кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Тој е на докторски студии по статистика, а воедно е и професор по математика, кој се решава да направи upgrade на својата кариера во областа на Data Science.

Сѐ уште е наш студент, а веќе започна да работи на посакуваната позиција како Data Analyst во интернационална компанија MobileZone Switzerland.

 

Во продолжение си поразговаравме со Дашмир за неговите студентски денови и новата работна позиција

 

Здраво Дашмир, ние од Академијата за Data Science те познаваме, но што би споделил за останатите? Кој е Дашмир?

Здраво на сите! Ние од Академијата за Data Science сме како една голема фамилија. Јас сум Дашмир од Тетово и сум магистер по математика, а моментално сум на докторски студии по статистика. Веќе 3 години работам како професор по математика. Минатата година решив да направам update на мојата кариера и се запишав на Академијата за Data Science.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место! Сѐ уште си наш студент, а веќе стигна до посакуваната работна позиција. Да почнеме од почеток, како ти се роди желбата за Data Science?

Ви благодарам на честитките! Да, јас сум сѐ уште студент во група 5 на Академијата за Data Science и можам да кажам дека сум еден од најредовните. За група 5 би кажал дека е една од најдобрите бидејќи сите студенти се целосно посветени и фокусирани на програмата. Мојата желба да се запишам на оваа Академија е изборот да направам надградување на моите вештини во една од најперспективните работи на денешницата.

 

Една од „најтешките“ Академии на Brainster е Data Science, а тоа се должи на интензивната програма и работата на реалните проекти што бараат многу време за учење. Колку сметаш дека посветеноста ти помогна да дојдеш до ова вработување, иако си во тек на оваа Академија?

Ништо не е толку тешко доколку навистина го сакаш тоа. Мојот background е поврзан со многу работа, многу вежбање и премногу теорија бидејќи сум математичар. Теоретскиот дел се разликува од практичната работа. На Академијата добив вистинска слика за математиката во бизнисите и нејзината употреба во различни софтвери. За да се биде Data Scientist не е потребна диплома по математика, но е од огромен плус. Секако програмата на оваа Академија е дизајнирана за да можат најпосветените да ја совладаат.

 

Кој модул ти беше најинтересен, а кој бараше поголем фокус и ти создаваше предизвици? Зошто? 🙂

Сите модули беа супер, а математиката беше премногу лесна. 😀 

SQL е еден од најпотребните Script јазици за Data Analysis, а со Мајран Пушев и неговите предавања, веќе не сум Junior туку сум еден од најдобрите. PowerBi модулот денес е еден од најголемите трендови во Data Visualisation, а со инструкторот Бошевски кај нас тоа беше еден од најинтересните модули. Обавезно би ги споменал и Python & Machine Learning бидејќи се иднината на Data Science, и огромна благодарност до инструкторите Драган и Ивона за целото пренесено знаење.

 

Раскажи ни нешто повеќе за твоето кариерно патување.
Уште си студент на Академијата за Data Science, а веќе се вработи во компанијата Mobilezone. Како би ни го опишал целиот овој процес, од студент до вработување? 

Кога нешто навистина сакаш…тоа ќе се оствари. Академијата за Data Science и програмата ми помогнаа да си ги остварам целите.

 

Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место. Со што се занимава оваа компанија? 

Моето ново работно место е во една од најголемите телекомуникациски оператори во Швајцарија, а тоа е компанијата MobileZone Switzerland. Оваа компанија брои 124 продавници, 450 оператори и 140 вработени. 

 

Што точно подразбира опсегот на твоите задолженија на новото работно место? На што точно ќе работиш?

Јас сум дел од тимот за Data Analysis & Fraud Detections, а задолженијата произлегуваат од мојата област на работа.

 

Како изгледа еден работен ден на Data Analyst? Кои техники и алатки ги користиш на дневно ниво?

Еден работен ден на Data Analyst во време на Ковид-19 пандемијата, е олеснет за 40% бидејќи работиме од дома. За мене денот започнува во шест часот изутрина. Работниот ден стартува со агенда, па потоа правам modeling & BI reports. Исто така, имам по неколку состаноци со операторите од странство и клиентите, за на крајот на денот да ги ажурирам и завршам обврските.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Кој е твојот совет до сите оние коишто размислуваат да започнат да учат Data Science и што би кажал за кариерните можности кои ги нуди оваа област?

За сите коишто сакаат подобра и поинтересна професија, отскочна даска за успех е Brainster. Можам да кажам дека е еден од најдобрите центри во Европа за кариерни трансформации каде сѐ е коректно. Изберете ја својата иднина!

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа