Запознај ја Валентина Ангеловска – Dream Team студент на Академијата за Data Science за април 2024.

Мојата позадина е…

Дипломиран инженер по применета физика.

Оваа област ја избрав затоа што…

Имам пасија кон анализа на податоци, но исто така ме инспирираше и потребата да придонесам во развојот на технологијата и иновациите што можат да имаат позитивно влијание врз човештвото.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Сѐ што замислуваме дека можеме да направиме, всушност и можеме да го направиме. Без разлика од каде доаѓаме и со каква позадина, упорноста и вербата во себе се клучот кон успехот.

Најгорда сум на…

Тоа што успеав да се издвојам и да бидам во топ 5 студенти на академијата и на тоа што издржав до самиот крај и покрај интензитетот на академијата и нејзината тежина.


Мојот омилен модул е…

Machine Learning. Способноста на машинското учење да анализира податоци, да идентификува шеми и да прави предвидувања, ја зголеми мојата љубопитност и желба за напредок во оваа област.


Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Благој Костовски, Иван Гочев, Бошко Колоски и Горан Митров.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Беше главен фактор за промена на мојата кариера и за остварувањето на моите професионални цели.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Темпото на одвивање на академијата е брзо и треба максимална посветеност, но не е невозможно. You can do more than you think!


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за Data Science