Запознај ја Сандра Тодевска – Dream Team студент на Академијата за Data Science за август 2024.
Мојата позадина е…
По професија сум архитект со интерес за тоа како луѓето живеат во просторот.
Областа ја избрав затоа што…
Љубовта кон математиката и желбата да научам нешто сосема ново и непознато.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Тоа што од технички вештини добив основни знаења за програмирање и пишување код во SQL и Python. Сфатив и дека посветеноста и вложениот труд секогаш даваат резултати, дури и кога почнувате од нула.
Најгорда сум на…
На сите работи кои ги совладав до сега во област за која немав предзнаења. Тука би го спомнала и проектот за модулот PowerBI кој првично ми беше предизвик, а потоа излезе подобро од што очекував.
Мојот омилен модул е…
Python како најинтересен, а и затоа што како програмски јазик го овозможува целиот процес на анализа на податоци почнувајќи од прочистување на податоците па до крајни визуелизации. Засега имам основни познавања, но гледам голем потенцијал и би сакала и понатаму да продолжам да го истражувам и работам.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Тешко ми е да издвојам еден затоа што од сите научив многу. За позитивно влијание, покрај знаењето и искуството на инструкторите, придонесе и нивното трпение, достапноста за прашања и вољата да го споделат знаeњето со нас. Од Александар научив PowerBI преку добро организиран материјал и јасен пристап. Со Благој и Марјан часовите по SQL беа интерактивни и тогаш ги напишав моите први линии код, а Иван детално и јасно ги доловува сложените математички концепти и ми се чини дека на секое прашање има одговор.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Академијата ми помогна да ги направам првите чекори кон нова кариера. Добив многу знаење, совети и одговори на моите прашања, запознав луѓе со слични интереси и што е најважно, се охрабрив дека можам ова да го научам и работам во иднина.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Следете ги часовите и материјалот континуирано и кога работите на некој проблем очекувајте да потрошите повеќе време од планираното. Не се откажувајте додека не ги решите задачите, истражувајте сами и барајте помош ако е потребно.