Запознај го Орхан Сулејмани – Dream Team студент на Академијата за Data Science за септември 2024.
Мојата позадина е…
Студирав архитектура, работам ТВ продукција, на Brainster учам податочни науки.
Областа ја избрав затоа што…
Во 2020 почнав малку да учам Python и SQL, во голем дел поради потребата од некаква дистракција додека бев дома затворен и сам за време на пандемијата. И две-три години после тој интересен предизвик одлучив дека сакам да го продлабочам тоа знаење, а истовремено и да се здобијам со нови професионални компетенции – специфично во полето на податочните науки и машинското учење, како две од најактуелните полиња денес – па така падна одлуката да се запишам на академијата за Data Science на Brainster.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Нема проблем што не станува поедноставен после добра анализа на податоците.
Најгорд сум на…
Иако воопшто не го очекував тоа, многу сум горд на тоа како испадна на крај финалниот проект по модулот “PowerBI”. Го започнав со план да го завршам и предадам во најкусо можно време, но продолжив да му се навраќам и да го „дотерувам“ до самиот крај на рокот за предавање и навистина сум задоволен со тоа како изгледаше финалната верзија.
Мојот омилен модул е…
Последните три модули – “Python”, „Математика и статистика“ и „Машинско учење“ ми беа најинтересни и ми беа најголем предизвик.
Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти! Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 евра на Академијата за Data Science!
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Иако имав среќа да имам многу солидни инструктори по сите модули на програмата, сакам да го издвојам инструкторот по “SQL” и “Data warehousing” Марјан Пушев, кој беше првиот инструктор од Brainster со кој имавме часови и кој одлично нѐ воведе во работата на академијата. Исто би го пофалил и инструкторот Иван Гочев од модулот „Python” и Филип Михов од модулот „Математика и статистика“ – нивните предавања беа навистина одлични.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Иако сѐ уште е рано да кажам како ми помогнала во остварување на моите кариерни цели, дефинитивно можам да кажам дека ми го потврди интересот за ова поле и одлуката да се пренасочам кон податочните науки.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Control + S ти е најдобар пријател, и искористете го до максимум знаењето кое го имаат инструкторите.