Вероника Тасова – Dream Team студент на Академијата за Data Science

Запознај ја Вероника Тасова – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец ноември 2023.

 

Име и презиме: Вероника Тасова

По професија: Финансиски менаџер на ресторан

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш оваа област: Затоа што Data Science им дава смисла на податоците т. е. ја истакнува есенцијалноста на нивното постоење; Таа е магнет за квалитетни податоци; ML е патот кон AI.

Што те мотивира постојано да учиш: Желбата да ги разберам сите моќности, со кои може да сервираме одговори со голем рејтинг. Можноста да ѝ дадеш кислород на технологијата, за да може да постои онака како што и нејзините креатори целеле. Дисциплината, ажурната достапност на инструкторите и координаторите, и секако големата поддршка, подарена од фамилијата.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Од секој модул останала ѕвезда која сè уште свети во нашите сеќавања:

  • Од  SQL –  Procedures
  • Од  DWH – Full and Incremental load
  • Од  Power Bi – Advanced Dax calculations
  • Од  Python – Classes and Object

 

Омилен модул и зошто: Досега сите модули ми се убави, можеби затоа што инструкторите успеваат да стават печат на она што е корисно, применливо во пракса. Секое предавање е испишано со квалитет позади кој стои големото знаење и искуство на инструкторите.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Досега сите. Модулите без вредност се само неискористени алатки, тие стануваат знаење, кога се водени од посветена вредност, а тука посветената вредност се инструкторите: Марјан Пушев, Александар Анастасов, Валентин Амбароски.

За 5 години сакам да бидам: Личност чии анализи ќе бидат светлина на финансиите. Одговор на неодговорени финансиски проблеми. И можеби креатор на околина во која единките ќе бидат полнети со кислород од нашите знаења.

Хоби: Активности кои ќе ме направат подобра верзија од себе, учење нови вештини, технички и персонални, како и пилатес.

Омилена книга: „Богат татко, сиромашен татко“ и „Не бидете зависни од пари. Работете за да научете. Не работете за пари! Работете за знаење!“ – Роберт Киосаки.

Омилен цитат: „На секое општество му требаат луѓе што се луѓе, биди и ти еден од нив, промени го општеството!“

 

Време е за твојата нова кариера, во новата ера на Data Science!

Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.

Аплицирај на Академијата за Data Science и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+ 

Related Stories For You

Аплицирањето за ваучер заврши!