Запознај го Андреј Леонидов – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец март 2023.

 

Име и презиме: Андреј Леонидов

По професија: Економист

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш оваа област: Затоа што ми е интересно да работам со податоци и да согледувам какви заклучоци може да се донесе од нив, а и се надополнува со моето претходно знаење и она што моментално го работам. Исто така, се изучува и код, што сметам дека е одлична вежба за мозокот.

Што те мотивира постојано да учиш: Личниот развој и прашањата „зошто“ и „како“, сакам да знам зошто и како работите функционираат.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Обработка и статистичка анализа на податоци со Python.

Омилен модул и зошто: Python и Мachine Learning. Python затоа што едноставно ми е интересно и има широк опсег на можности, Machine Learning затоа што се надополнува со обработката на податоци и притоа со примена на соодветни концепти и техники може да се предвидат трендови, кластерирања, финансиски резултати итн. 

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори се поткрепени со солидно знаење и се посветени да го пренесат истото, не би можел да издвојам.

За 5 години сакам да бидам: Data scientist, веројатно во полето на енергетиката.

Хоби: Филмови, дружење во природа

Омилена книга: Еквинокс

Омилен цитат: Повеќе мото отколку цитат: “Work smart – not hard.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!