Евица Смилкоска – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец февруари 2024

Запознај ја Евица Смилкоска–  Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец февруари 2024.

Име и презиме: Евица Смилкоска

По професија: Магистер инженер по електротехника и инфомациски технологии од област енергетика

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш оваа област: Целта поради која ја избрав академијата за Data Science е да стекнам знаење, вештини и практично искуство кои се неопходни за да се напредува во областа на науката за податоци и сето тоа да го обединам со моето досегашно знаење од областа на енергетика. Затоа што Data science како брзо растечко поле овозможува извршување на сеопфатни анализи на веќе достапни разновидни сетови на податоци од различни извори со цел да се предвидат идни трендови и однесувања врз основа на историски податоци.

Што те мотивира постојано да учиш: Најголема мотивација ми е љубопитноста за постојано учење нови работи и желбата за проширување на своето знаење и исполнување на својот потенцијал, што на крајот ме води кон лично задоволство и чувство на достигнување like, you can do this.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Досега ги поминавме модулите SQL, DWH и Power BI и во сите имаше интересни работи кои си имаат своја специфичност и како што навлегуваме во процесот на одвивање на академијата работите што ги изучуваме стануваат се поинтересни и темпото подинамично.

Омилен модул и зошто: Бидејќи во секој модул се запознаваме со нови работи од областа досега сите модули беа интересни и верувам дека така и ќе продолжи.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Инструкторите кои ни предаваа досега во целост и безрезервно го споделуваа своето знаење од областа на Data Science така што не би можела да издвојам.

За 5 години сакам да бидам: Успешен Data Scientist во област енергетика. 

Хоби: Binge watching филмови и серии, истражување на природата.

Омилена книга: Во изминатиот период поради баланс работа, академија и приватни обврски не ми останува слободно време за читање книги така што не би можела да издвојам.

Омилен цитат: “Learning is a never-ending journey. Never stop learning because life will never stop teaching”

Направи ја посакуваната кариерна трансформација. Со новата Brainster+ Академија за Data Science за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата.

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари.