Запознајте го Давид Трајчев – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец август 2022.

 

Име и презиме: Давид Трајчев

По професија: Network Engineer

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш Data Science: Можностите кои ги нуди оваа област, посебно делот со Machine Learning, се многу интересни и нудат простор да се создаде нешто што ќе направи разлика во нашиот секојдневен живот. Тоа е предизвик кој би сакал да го совладам.

Што те мотивира постојано да учиш: За работите коишто ме интересираат, мотивацијата никогаш не ми била проблем. Ова е тоа што сакам еден ден да го работам и мислам дека таа цел е доволна мотивација сама по себе.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Секој час имам можност да научам нешто интересно, но од досега поминатите модули можам да кажам дека делот со манипулација на дата бази во SQL ми беше еднa од најинтересните работи.

Омилен модул и зошто: Имам големи очекувања за Machine Learning модулот. Тоа е една од најголемите причини зошто се запишав на оваа Академија и со нетрпение го чекам моментот кога ќе почнеме да го истражуваме овој модул.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Во овој краток период немав шанса да ги запознаам сите инструктори, но можам да кажам дека со тие инструктори со коишто работевме периодов сите беа доста професионални и солидно го пренесуваа нивното знање. Секогаш се достапни за било какви прашања или консултации во врска со материјалиот или за нешто поврзано од нивната област.

За 5 години сакам да бидам: Би сакал да работа во доменот на Machine Learning како Data Scientist.

Хоби: Теретана

Омилена книга: Идиот – Ф. М. Достоевски

Омилен цитат: “The mystery of human existence lies not in just staying alive, but in finding something to live for.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

*Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Р.С. Македонија