Градиме средина со професионалци кои размислуваат out of the box – Proxiad SEE на Brainster Job Fair

Proxiad SEE, лидери во доставување на IT Services and products и развој и поддршка на софтвер ќе учествуваат на претстојниот ИТ саем за вработување на Бреинстер.

Proxiad SEE е nearshore подружница на Proxiad Group, француска компанија со 25-годишна историја во ИТ индустријата. Бројат 1300+ ИТ професионалци, од кои 250+ се вработени во земјата и Бугарија. Proxiad SEE создаваат посветени тимови за проминентни и интернационални клиенти и за долгорочни и стабилни проекти за вработените. Како една од најконкурентните компании на ИТ пазарот, активно работат на проекти од најразлични индустрии како здравствената, јавен транспорт, набавки и сл.

Дина Ивановиќ е дел од тимот за регрутирање и го потенцира значењето на ИТ саемите за индустријата. Назначува дека Proxiad SEE се во потрага по тимски играч кој е задоволен со технологиите и методологијата на работата.

Здраво Дина, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?

Потсетувајќи се на моите почетоци во Proxiad, имам “pinch me” момент со оглед на тоа што пред 2 години започнавме во земјата да ја имплементираме успешната приказна која Proxiad ја гради со години на светско ниво, а 2 години подоцна броиме 35+ мотивирани професионалци кои се селектирани внимателно во склоп на компаниската култура и вредности. Тоа ми дава елан и желба да продолжиме напред кон достигнување на уште повисоки цели.  

Јас сум дел од тимот за регрутирање и мојата улога главно се базира на регрутирање успешни професионалци и поддршка на растот на компанијата. Секогаш се стремам да создадам позитивно искуство за кандидатите и да придонесам кон тоа нашата компанија да привлекува и задржува таленти кои ќе придонесат за нашиот раст и успех.

Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?

Според мене, најважните карактеристики кои една компанија треба да ги поседува се квалитетни луѓе, пријатна атмосфера за работење и компетитивен бенефит-пакет за вработените. Гордо потврдувам дека Proxiad има 3/3! 😊

Тимот го избираме внимателно, со цел да можеме да работиме секојдневно во пријатна, инспиративна и cool атмосфера. Last but not least, ја препознавме потребата за квалитетен пакет на бенефити, па таков и изградивме. Дел од бенефитите кои ги нудиме се 25 денови одмор годишно, хибриден модел на работа кој ни овозможува огромна флексибилност, тренинг-програмата, приватното здравствено осигурување, тим билдинзи, performance reviews, CSR активности, Referral програма и голем број на едукативни иницијативи. Набројаното нѐ прави една од најкомпетитивните компании на пазарот.  


Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!


Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?

Секогаш се трудиме да поддржуваме едукативни иницијативи кои им даваат можност на младите професионалци да се запознаат со компаниите и позициите кои се нудат на пазарот. Од голема важност за нас е соработката со локални образовни институции поради тоа што силно стоиме позади изреката: “Education is the most powerful weapon that you can use to change the world.” 

Почетокот на кариерата е еден од најпредизвикувачките моменти со кои сите сме се соочиле, па поради тоа сметаме дека компаниите треба да се поинклузивни во однос на отворање на јуниорски позиции и можности за пракса. Се радуваме на соработката со Brainster и се надеваме на успешни вработувања и заеднички едукативни иницијативи во иднина!

Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?

Без ваков тип на настани, сметам дека ИТ индустријата би била далеку повиртуелна. Благодарение на networking како неизбежен дел од настаните се стекнуваат познанства, поврзување со други компании од индустријата и запознавање на истомисленици. Свесна сум дека моментално живееме во речиси целосно дигитализиран свет, но сепак во одредени моменти оној face-to-face контакт е непроценливо вреден и може да придонесе до голем број соработки, партнерства и можности.

Дополнително, компаниското вклучување на кариерните саеми ни овозможува да ги претставиме нашите отворени позиции со цел привлекување на најдобрите таленти во сферата преку директна интеракција со потенцијалните кандидати. Кандидатите можат да дознаат повеќе за нас, да се запознаат со нашата култура на работа и услови и потенцијално да одлучат дали она што го нудиме е дел од нивниот интерес. 

Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?

За да имаме победничка ситуација за двете страни, треба да се поклопат очекувањата на кандидатот, согласно со очекувањата и потребите на компанијата. Конкретно за нас, од голема важност е кандидатот да е задоволен со технологиите, методологијата на работа и структурата на проектот во кој би се вклучил. Од друга страна, се трудиме да градиме средина со професионалци кои размислуваат out of the box, тимски играчи што знаат да ги искористат добрите страни од работа во тим. Секако, и позитивни и дружељубиви луѓе, со цел полесно вклопување во компаниската култура и начин на работа. 

Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?

За да не правам редунданција со клише-мотивациски статии од Google, би препорачала само следново: бидете автентични, амбициозни и верувајте во себе! Тоа ќе ве донесе до кариерен успех и остварување на вашите цели и соништа. Се гледаме на саемот! 😊


Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).