2025 е годината кога треба да се направат значајни кариерни промени со развојот на вештачката интелегенција и со промената на пазарот на трудот.
Но, од каде да почнеш и како вистински да успееш да се стекнеш со вештините кои ќе ти обезбедат високоплатена работа и ќе те пласираат на пазарот? 180 дена се доволни само доколку ги искористиш како што треба.
Инспирирани од успесите и искуствата на нашите студенти, ти претставуваме практичен водич кој ќе ти помогне да ги дефинираш твоите цели, да го споделиш твојот напредок и да размислуваш неконвенционално на патот кон стекнување на барани вештини и градење на успешна кариера.
(Советите кои следуваат се директно извлечени од лекциите научени од нашата заедница на студенти кои веќе го направија овој чекор).

- Постави јасна цел
Дефинирањето јасни цели е од клучно значење за развој на кариерата. Ова не само што ја зголемува нашата ефикасност, туку ни дава и јасна визија за иднината, овозможувајќи ни да ги идентификуваме и грабнеме шансите кои се појавуваат.
Едноставното артикулирање на желби како „сакам да стекнам нови ит-вештини“ или „сакам да научам за вештачката интелигенција“ – е само празна амбиција. Вистинската трансформација започнува со одлучување на твоето зошто и кога јасно ќе дефинираш што сакаш да постигнеш.
Пример, целта да се добие сертификат од институција како Brainster e важен чекор, но вистинска вредност се манифестира кога се поврзува со поширока визија и идеја за успех. Постави си прашање: што сакаш да добиеш со завршувањето на Академијата?
До нашиот тим, секојдневно допираат инспиративни приказни од студенти кои успешно ја завршиле академијата и се насочуваат кон различни цели: некои со желба за промена на нивната професија, други со визија да основаат сопствени маркетинг агенции, а трети со амбиција да заработуваат како фриленсери, стекнувајќи се со вештини во маркетинг, графички и UX/UI дизајн.
Забележуваме значаен тренд кај студентите кои не се задоволуваат само со диплома, туку се посветени на усвојување на вистински, релевантни знаења кои ќе им овозможат да останат конкурентни на пазарот на трудот во време на брзиот развој на вештачката интелигенција.
Токму овие цели на студентите кои резонираат со подлабока смисла нудат успешни алумни и опипливи резултати.
Со јасно дефинирана цел, процесот на учење и усовршување на вештините добива нова димензија – станува структуриран, систематски и целно насочен. Наместо расфрлано инвестирање на време и енергија, се фокусираме на градење на потребните вештини кои ќе помогнат во реализирање на иницијалниот план.

2. Сподели што работиш
Ако си сериозен/а во намерата да постигнеш нешто значајно – сподели ја твојата цел – со пријателите или уште подобро, јавно на интернет. Ова носи двојна корист! Прво, твојата околина ќе те поттикнува и ќе те држи одговорен/а кон зацртаното. Второ, сите ќе дознаат на што работиш. Споделувањето на успесите, но и на предизвиците, е твојата бесплатна маркетинг стратегија која ќе допре до потенцијални клиенти и компании.
Една од клучните причини зошто нашите студенти добиваат дигитални сертификати од Brainster после секој завршен курс од својата Академија е токму оваа. Кога тие ги споделуваат своите достигнувања на LinkedIn, стануваат видливи експерти во својата нова вештина. Нивните контакти веднаш ги поврзуваат со тоа знаење.
Постојат различни начини за да го прикажеш твојот развој: од серија постови на LinkedIn кои го следат твојот напредок, преку споделување на дигиталните сертификати од Brainster, до кратко видео со твојата приказна или транспарентно прикажување на процесот на создавање на твоето портфолио. Секој од овие методи ја зголемува твојата видливост во новата област и ги зголемува шансите за успех.

3. Размислувај неконвенционално
За вистинско учење кое води до успех, клучната вештина е како ефективно да ги примениш стекнатите знаења. Не се работи само за пасивно усвојување на нови информации, туку за развивање на практични вештини кои ќе те издвојат од останатите. Нашето десетгодишно искуство во едукација на студенти јасно ни покажа дека најдлабокото и најпрактичното знаење се стекнува преку активно учество во реални проекти.
Работата на реални проекти за реални клиенти им овозможува на студентите многу повеќе од само градење на импресивно портфолио. Тие имаат можност во реално време да ги тестираат и усовршат своите вештини, додека истовремено стекнуваат нови знаења под стручно водство на искусни професионалци од индустријата. Овие ментори веќе го имаат изодено патот по кој ти сега чекориш и можат да ти понудат релевантни совети и одговори на твоите конкретни прашања, базирани на нивното богато практично искуство.
Создадовме нова практична AI Академија која ќе те изгради во следниот AI специјалист, консултант и имплементатор. Само за одбрани! Закажи инфо средба за твојата следна кариера.
За да се позиционираш за високоплатени работни места, неопходно е да развиеш не само конвенционални вештини, туку и способност за иновативно и неконвенционално размислување. Но, исто така е од исклучителна важност да бидеш дел од активна заедница. Оваа заедница треба да ти овозможи да се поврзете со потенцијални работодавци, идни соработници и други професионалци од индустријата.
Колку повеќе луѓе знаат за твоите способности и амбиции, толку поголеми се шансите за професионален напредок и отворање на нови можности. Вмрежувањето во вистинската средина е катализатор за вашата кариера.
Кои најбарани вештини кои ќе ти донесат најголема заработка?
Пазарот на трудот е значително сменет со брзиот раст на новата технологија и развојот на вештачката интелегенција. Стекнување на релевантите вештини може да ти помогне да стигнеш до повисоко платена позиција или да ти помогне да направиш пресврт во кариерата. Овие вештини вклучуваат работа со вештачка интелигенција, маркетинг, управување со проекти, анализа на податоци, програмирање, како и комуникациски и лидерски вештини.
За повеќе информации за најбараните и најплатените професии, прочитај тука!