Бреинстер и Шпаркасе Банка лансираат Vibe UP платформа за бесплатни професионални вештини за млади 

Шпаркасе Банка АД Скопје и Бреинстер, во рамките на нивната долгорочна соработка за поддршка на младите, со гордост ја најавуваат лансирањето на иновативна платформа со 13 бесплатни курсеви за професионални вештини, креирани од врвни интернационални експерти. Оваа платформа е дизајнирана да ја зголеми вработливоста на младите во земјата, обезбедувајќи им релевантни вештини и кариерни алатки кои ќе ги издвојат на конкурентниот пазар на труд. За Vibe On корисниците, платформата е со бесплатен пристап.

Како општествено одговорна компанија, Шпаркасе Банка ја презема улогата на партнер во градењето на кариерите и поддршката на младите, инвестирајќи во нивната иднина преку соработка со Бреинстер, водечкиот едукативно-технолошки центар во регионот.

Што добиваат младите преку платформата?

  • Платформа создадена специјално за млади: Интуитивен и лесен за користење интерфејс.
  • Модерни вештини за пазарот на трудот: Практично знаење за меки вештини, дигитален маркетинг, дизајн и многу повеќе.
  • Поврзување со ментори и компании: Можност за вмрежување со експерти од различни индустрии.
  • Можност за професионален напредок: Кариерни алатки и совети за градење успешна кариера.
  • Персонализирано искуство и бесплатна поддршка за развој на кариера: Индивидуален пристап и континуирана поддршка.
  • Неограничен пристап до 12 практични курсеви: Подобри ги твоите можности преку практично знаење.

Во ерата на вештачката интелигенција, меките вештини како креативност, емпатија и критичко размислување се клучни за успех. Затоа, платформата нуди курсеви за нивен развој, а младите ќе имаат можност да учат од врвни експерти, да се поврзуваат со ментори и да градат мрежа на контакти, подготвувајќи се за предизвиците на иднината.

Оваа иницијатива е дел од долгорочната посветеност на Шпаркасе Банка и Бреинстер за поддршка на младите и нивниот професионален развој. Оваа иницијатива е дел од заедничката мисија на двете компании да инвестираат во иднината на младите преку образование и креирање финансиски поволности. Целта на партнерството е поддршка на студентите и идните лидери и иноватори во остварување на своите амбиции.

Ако си Vibe On корисник искористи ја можноста и надгради ги твоите вештини со БЕСПЛАТНИОТ курс за Комуникациски вештини со м-р Ивана Дојчиновска-Стојановиќ.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.