Scout Train Deploy е програма која им овозможува на нашите партнер-компании да обучуваат студенти од Бреинстер академиите и да вработат дел од учесниците по завршувањето на обуката. Преку ваков вид на партнерство, студенти добиваат целосно обучување и пракса, а компаниите добиваат можност да индетификуваат нови таленти.
Еден од партнерите на Scout Train Deploy е YOCTO, маркетинг агенција во регионот EMEA специјализирана за Email, SMS, Direct Mail и Mobile маркетинг. Како резултат на оваа обука од клиентот, нашата студентка Моника Давчевска успеа да стане дел од тимот на YOCTO.
За Scout Train Deploy програмата за YOCTO е креиран курсот Advanced Email Marketing со траење од три недели. Курсот беше воден од Боби Јончески, наш алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг, кој e веќе три години дел од тимот на YOCTO.
Боби, сега како инструктор, нуди уникатна перспектива како алумни кој некогаш бил на иста позиција учесниците во програмата:
„Како алумни студент, а сега инструктор – имам уникатна перспектива за тоа како е од двете страни. Знам како е да се студира на академијата и знам колку е тешко да излезеш од комфорт зоната и да учиш нови работи, Видов кои се предизвиците како студент и тоа ми помага да станам подобар студент“.
Курсот беше предвиден преку предавања и задачи каде студентите беа ангажирани практично да одговорат на решавање на реални предизвици.
„Идејата беше домашните да се фокусираат на релевантни програми, а фидбекот да биде колку што може поконструктивен за студентите. И за оние што нема можеби да добијат позиција во компанијата – сепак совете да им биде корисен понатаму“.
Идејата беше домашните да се фокусираат на релевантни програми, а фидбекот да биде колку што може поконструктивен за студентите. И за оние што нема можеби да добијат позиција во компанијата – сепак советите да им биде корисен понатаму“.
Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти! Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 евра на Академијата за дигитален маркетинг!
Со оваа програма, студентите добиваат уникатна и ексклузивна кариерна можност Активностите се осмислени со цел да ги обучат студентите со релевантни вештини кои ги бара самиот работодавач, но како што сподели Боби самата обука нуди корсно знаење и за тие што моментално можеби нема да ја добијат позицијата.
„Овој курс беше на понапредно ниво, имавме предизвикувачки проекти и бевме оставени сами да изнаоѓаме решенија и да бидеме креативни во размислувањата. Иако имавме супер инстурктор којшто ни го пренесуваше знаењето детално, научивме и да не се потпираме само на менторот“. – Моника Давчевска, студентка од Академијата за дигитален маркетинг која беше вработена по обуката.