Од обука до вработување: 5 вработени студенти во Leoron Institute

Тимот на Brainster е горд да сподели дека, по завршувањето на обуката за SALES sо партнерите од Leoron Institute, 5 наши талентирани студенти успешно се вработија!

Без оглед на индустријата во која работиш, вештините за продажба денес се потребни во секоја индустрија. Способноста да го презентираш твоето знаење, да градиш силни односи со клиентите и да ги разбереш нивните потреби е клучна за успех. Затоа, Brainster во партнерство со Leoron Institute развија специјализирана обука која се фокусира на продажните стратегии и техники за сечиј професионален развој.

Модулот SALES е дел од обуката Scout Train Deploy која преку 10 модуларни делови им овозможи на студентите од различни академии да се стекнат со современите вештини за продажба. Студентите не само што научија нови релевантни вештини, туку и добија работна позиција во една од водечките институции како што е Leoron Institute.

Ова е само почеток на професионалната кариера на студентите кои добија работна понуда: Вероника Грковска (Академија за графички дизајн), Наум Китановски (Академија за проект и продукт менаџмент), Филип Никодиновски (Академија за дигитален маркетинг), Бојана Бошковска – (Академија за графички дизајн) и Анастасија Атанасовска – (Академија за UX/UI дизајн).

Brainster продолжуa да работи на создавање нови можности за студентите и професионалците во земјата. Ако си наш студент и размислуваш дали да се пријавиш на следната Scout Train Deploy обука, имај предвид дека оваа програма не е само за да ги стекнете потребните знаења, туку и за унапредување на твојата кариера . 


Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.