Постери за Денот на Вљубените за East Gate Mall од студенти на Академијата за графички дизајн

Студентите од Академијата за графички дизајн на Brainster, како дел од нивната програма, креираа постери за Денот на вљубените за трговскиот центар East Gate Mall. Проектот беше соработка помеѓу студентите и тимот на East Gate Mall, кои се надеваа на креативни и иновативни дизајни кои ќе го прикажат духот на Денот на вљубените.

За победнички дизајн на постер беше избран дизајнот на студентот Панчо Андреев. Според коментарите од клиентот, концептот на Панчо беше апсолутен хит:

Концептот број 1 е апсолутен хит за нас, на сите ептен ни се допадна особено што размислувавме во оваа насока и соработка која сакавме да направиме. Дизајнот е одличен, со тоа што го гледавме и од аспект да го реплицираме во живо во трговскиот центар (што и најверојатно ќе се случи). Winning concept :).


Brainster и 11 компании коинвестираат во иднината на најталентираните 110 идни студенти. Дали си ТИ еден од нив? 🎯 Аплицирај за ТВОЈОТ ваучер и започни да работиш на твојата кариера уште денес!


Клиентот исто така ги пофали и трудот и креативноста на сите студенти кои учествуваа во проектот, давајќи им позитивни оценки за нивните идеи и реализација на задачата.

Ваквите проекти се од исклучително значење за студентите од Академијата за графички дизајн на Бреинстер. Тие им овозможуваат да ги покажат своите вештини во реални услови, работејќи со вистински клиенти и на вистински проекти. Ова е непроценливо искуство кое им помага да се подготват за предизвиците на професионалниот свет.

Учеството во вакви проекти им овозможува на студентите да го збогатат своето портфолио со проекти за реномирани клиенти, што ги прави поконкурентни на пазарот на трудот.

East Gate Mall и Brainster уште еднаш докажаа дека соработката помеѓу индустријата и образовните институции може да донесе одлични резултати. Студентите добија можност да го покажат својот талент и да работат на реален проект, додека East Gate Mall доби свежи и креативни идеи за нивната кампања.

Честитки за Панчо и за сите студенти кои учествуваа на овој прекрасен проект!


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!