Дигитална маркетинг стратегија за FitKit – Реален проект во фокус

Студентите на Академијата за дигитален маркетинг работеа на реален проект за еден од најпрепознатливите брендови кај нас – FitKit. 

Многу е веројатно веќе да си нивен корисник и веќе да уживаш во активностите на нивната апликација. FitKit е прва мобилна апликација за фитнес и велнес во земјата, која нуди повеќе од 1000 активности за физичко вежбање, релаксација и грижа за менталното здравје, без оглед на локацијата. 

FitKit ги ангажираа нашите студентите да креираат дигитална маркетинг стратегија за нивниот бренд. Во рамките на проектот, студентите имаа задача да развијат стратегии кои ќе помогнат во подобрувањето на препознатливоста на брендот и ќе го зајакнат неговиот имиџ, со фокус на проширување на нови географски региони.

Добивај практично знаење преку реални проекти! Аплицирај за Early Bird уписи за сите Brainster Академии и заштеди до 500 евра!

Победничките решенија доаѓаат од две талентирани студентки:

  • Тина Пановска – нејзиното решение беше високо оценето од клиентот, кој истакна дека нејзината идеја за настан беше најблиску до она што го барале како GTM стратегија. Презентацијата беше концизна и јасна, што го направи овој предлог посебен и функционален.
  • Ангела Веселиновска – клиентот ја пофали одличната презентација, особено за делот со e-mail маркетинг и истражувањето на клучни зборови. Таа даде детаљен преглед на броевите и анализа, што ги направи нејзините предлози уште поцврсти и реалистични.

Марија Стојковски, CMO на FitKit истакна дека соработката со студентите од Академијата за дигитален маркетинг е одлична можност за компании како FitKit:

„Ова е одличен начин за да се добијат иновативни пристапи, додека студентите стекнуваат реално искуство во работењето на вистински проекти. Студентите се спремни да експериментираат и често предлагаат идеи што компанијата можеби не би ги разгледала од тој агол, па тука лежи убавината на овие соработки“.

Марија го сподели и својот совет за компаниите кои се во потрага по таленти: 

„Долго време работам во оваа индустрија и би ги охрабрила компаниите да им дадат шанса на таленти кои имаат силна замисла за себе и тоа што сакаат да го работат. Тие кои учат нови вештини секојдневно или кои се решиле да сменат кариера, се често најиновативните и најспремни за предизвици. Овие таленти можат да донесат нови идеи и решенија кои се од непроценлива вредност за компанијата

Pro tip: Компаниите кои вложуваат во своите вработени, во добро искуство и генерално се грижат за нивната благосостојба, ги имаат најдобрите таленти.”.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА