Успеавме – во најнепредвиливиот месец ја постигнавме најголемата бројка на вработувања и пракси до сега!
Во време на економска неизвесност, кога многу компании се принудени да ја намалат работната сила, е од суштинско значење да имаш тим кој стои на твоја страна. Исто така, кога многу компании трошат ресурси за да го најдат идеалниот кандидат кој ќе направи разлика, важно е да имаш тим којшто е тука да те поддржи.
Во Brainster, сѐ што правиме е за нашите студенти! Како групација, целосно стоиме зад нашите студенти и сме тука да ги поддржиме во секој чекор од нивниот професионален развој. Па така, и покрај предизвиците, успеавме да постигнеме рекорден број вработувања и пракса во јули – 59 студенти на Brainster и Brainster Next добија можност да го започнат или унапредат своето кариерно патување.
Тимот „Партнерства“ напорно работеше за да ги обезбеди најдобрите можности за студентите, помагајќи им да се подготват за реалните предизвици на пазарот на трудот.

„ИТ-екосистемот се менува, а ние имаме одговорност да се менуваме заедно со него. И покрај генералната нестабилност остануваме посветени на вработливоста и вработувањата на нашите студенти. 59 вработувања и пракси. 59 нови кариери. 59 успешни приказни. Најголема бројка на Brainster до сега. Најголема бројка на Brainster Next факултетот до сега. На сите студенти, честитки! Се гордееме со вас! “. – изјави Јана Тодоровска, лидерка на тимот „Партнерства“.
Оваа победа не е само успех за нашата академија, туку и за сите наши студенти, кои благодарение на квалитетот, посветеноста и иновацијата на нашиот тим, го направија првиот чекор кон успешна кариера. Остануваме посветени на нашата мисија да ги подготвиме нашите таленти за иднината, без разлика на предизвиците што ги носи.
Ангела Апостоловска, студентка на Софтверско инженерство и иновации од Brainster Next факултетот ни сподели импресии како практикантка во компанијата Networker: „Компанијата е одлична, од менторите добивме добри насоки и ми се допаѓа што се достапни за нас во секое време. Среќна сум што сум во тим со моите колеги од факултет, и меѓу нас има одлична соработка.“

Како им помагаме на талентите да стигнат до работно искуство или пракса?
Летни програми за пракса: Кариерната трансформација е многу важен фактор во градење на едн аиндивидуа. Па така, практикантските порограми на Brainster Next факултетот, се специјално дизајнирани да помогнат во самиот почеток на кариерата на младите таленти.
Покрај стандардната пракса која нуди трансформативно искуство, каде студентите стекнуваат неспоредливи вештини, усовршувајќи се директно под менторство од професионалци од индустријата.
За ова лето креиравме нешто што се вика Аpprenticeship програма. Ѕникатна летна програма која ги тренира студентите да станат лидери и да работат автономно од првиот работен ден. Подготвивме и испративме два тима студенти кај нашите партнери Таргет Груп и Нетворкер каде што ќе развиваат реални продукти, ќе учат како да соработуваат.

Работа на реални проекти: Ова е еден од нашите главни приоритети. Со работа на реални проекти за нашите партнер-компании, им помагаме на студентите да го проверат и развијат своето знаење и практични вештини. Со оваа стратегија, студентите излегуваат подготвени да се соочат со реалните предизвици на пазарот на трудот, што им дава предност пред другите.
Па така, минативе 6 месеци работевме со Сава Осигурување, FitKit, Scamper, Elo, Pixyle, MOB, Kantina, Skopje Pride и многу други.
Градење на заедница од индустриски експерти: Главната мисија на Brainster и Brainster Next College е да го редефинира традиционалното образование. Затоа избираме да соработуваме со исклучителни експерти и ментори. Успешно изградивме и мрежа на компании партнери, кои овозможуваат практикантски позиции и потенцијални вработувања по завршување на академиите.

Вештини за вработливост: Моменталната неизвесност на пазарот на трудот бара постојано прилагодување на понудата на програмите. Со програмата Brainster+, на студентите им обезбедуваме дополнителни вештини (AI, вештини за вработливост) кои ќе им помогнат да бидат попривлечни кандидати за компаниите. Нашата способност брзо да се адаптираме на новите услови ни овозможи да создадеме програми кои ги задоволуваат потребите на компаниите и истовремено ги подготвуваат студентите за нивната работа.
Заради големиот интерес во пролетниот уписен рок ВАУЧЕРИ есен се отворени! Обезбедивме нови 10 компании за повторно да ти го доближиме #1 образованието што вработува.
Аплицирај за 1000 евра ваучер 🚀
Компаниите сè повеќе се ориентираат кон вработување студенти од нашите академии. Во јули и на најдобрите студенти од Brainster Next факултет им беше обезбедена пракса и можност за продуктивно лето:
„Се одлучивме за практикант од Brainster Next College бидејќи веруваме во нивните креативни вештини, современи идеи, како и познавање на софтверот и актуелните трендови,“ вели Небојша Гелевски, CEO at KOMA Design Studio.
Нашите студенти не само што ги поседуваат најновите технички и креативни способности, туку и се спремни да ги применат своите знаења во реални ситуации, веднаш по завршувањето на нивните образование. Со постојано ажурирање на наставните програми и тесна соработка со индустријата, групацијата Brainster произведува кадри кои веднаш може да се интегрираат во компаниите, носејќи свежи перспективи и иновации.

Рекордниот број вработувања што го постигнавме во јули е јасен показател дека, и покрај надворешните фактори, квалитетот, посветеноста и иновацијата можат да донесат значителни резултати. Ова не е само победа за нашата групација, туку и за сите наши студенти кои добија шанса да ги започнат или унапредат своите кариери. Како #1 образование кое вработува, остануваме посветени на нашата мисија да ги подготвиме талентите за успешни кариери, без оглед на предизвиците што ги носи иднината.
Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).