Студентите од Бреинстер и Бреинстер Некст ќе добијат ексклузивна можност да се претстават пред еден од најпрепознатливите брендови во индустријата – Сава осигурување а.д. Скопје, друштво за неживотно осигурување. Како членка на Сава Осигурителната Групација, компанијата ја докажува својата лојалност кон клиентите повеќе од 30 години.

Друштвото за осигурување е препознатливо на пазарот по иновативните продукти и услуги, докажувајќи се како модерна компанија во чекор со времето. Сава осигуривање веќе три декади одржува стабилна финансиска позиција помеѓу моќна конкуренција со голем број учесници. Сава опстојува и се развива со прилагодување на барањата и потребите на клиентите реализирајќи ги преку своите продукти, ценовни политики и одличен сервис во делот на штетите.

Мелита Гугуловска е главниот извршен директор во Сава осигурување. Таа на студентите им ја доближува компанијата којашто се гордее со насоченоста кон одржливиот развој и грижата за животната средина, социјална инклузија и економски развој. Притоа, зборувајќи за идеалниот лојален и мотивиран кандидат за компанијата.

Здраво Мелита, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?

Како главен извршен директор, навистина се трудам секојдневно максимално да го искористам денот. Пред сѐ, се посветувам на реализација на плановите и решавањето на предизвиците. Во овој бизнис постојано има нови предизвици и колку да се обидуваате да ги контролирате, често се непредвидливи,  но и решливи. Барам многу од своите соработници, но навистина и тоа го добивам. Морам да признаам дека имам одличен тим и работна средина полна со позитивна енергија. 

Навистина не можам да кажам дека имам типичен работен ден, но сакам кога успевам да дојдам прва на работа и да бидам „стартер“ на денот во Сава осигурување . Убаво е да ја почувствуваш позитивната  атосферата на вработените кога доаѓаат на работа.

Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?

Навистина, има по многу работи по кои сме уникатни :

-прва и единствена компанија со сопствен асистентски центар

-прва и единствена компанија со сопствена станица за технички преглед 

-прва компанија која ја спроведе дигитализацијата во секторот „Штети“ во 2008 преку помошната алатка „Еуротакс“ и во 2017 година преку електронската обработка на штетите 

-прва компанија која започна со банк осигурувањето со нашиот партнер НЛБ Банка пред повеќе од 15 години 

Горди сме како компанија која постојано е во контакт со своите клиенти, водејќи сметка за нивните потреби. Горди сме што имаме одличен професионален и транспарентен сервис од страна на нашите продавачи и од страна на сектор „Штети“. Согласно и нашата стратегија продолжуваме по истиот пат, насочени кон клиентите и нивните потреби, понатамошен развој на дигитализацијата и овозможување на нашите клиенти за полесен и побрз пристап до нас и нашите продукти и услуги.

На крајот, би сакала да напоменам дека постојано сме ангажирани како општествено  одговорна компанија и особено сме горди на нашиот „Оскар за хуманост“ која оваа година го добивме од Црвен Крст. 


Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!


Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?

Нашиот мотив е да ги поддржиме младите кадри, да им дадеме можност да бидат дел од бизнис светот и да се стекнат со реални знаења и искуства. Воедно и да го промовираме нашиот бренд САВА кој е сериозен и препознатлив повеќе од 30 години. Да ги запознаеме со нашата стратегија, вредности да ги охрабриме да останат во нашата држава и да ја градат својата кариера на локалниот пазар.

Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?

Организирањето на ваков тип на настани има големо влијание бидејќи се овозможува остварување на контакт помеѓу работодавецот и потенцијалниот вработен, брза размена на информации, запознање со брендот и можностите кои ги нуди локалниот пазар. Се овозможува мрежно поврзување на ралични нивоа, а тоа позитивно влијае со развивање на партнерства, проекти и можности.

Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?

Секако, потребна е компетентност и стручност согласно работната позиција за која аплицира кандидатот. Од голема важност е одговорноста и почитување на политиката, правилата и принципите за работење во нашата компанија.

Дополнителни карактеристики кои е потребно да ги поседува се лојалност, тимски дух, мотивираност, посветеност, организациски способности, иницијатива, желба за успех и упорност.

Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и само презентација?

Да бидат свои, да веруваат во себе и во своите можности и квалитети, да не се плашат од промените бидејќи без нив нема да има никаков развој. Постојано да се подготвени за учење, доусовршување –  ова се првичните основите за да постигнат личен успех .


Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).