По вработени 25+ Бреинстер студенти, Pabau регрутира нови на Brainster Job Fair

Pabau, практичен „сѐ-во-едно“ софтвер што го олеснува животот и работата на негувателите и здравствените работници, ќе регрутира нови кандидати на претстојниот ИТ саем за вработување. Како партнер-компанија, Pabau, досега има вработено 25+ студенти од академиите на Бреинстер. На саемот за вработување, нови студенти ќе добијат можност да се претстават со своите портфолија. 

Pabau се користи во 2000 клиники, салони и спа-центри ширум светот. Компанијата располага со систем што овозможува лесен тек на работа со постојано подобрување на нивниот софтвер, користејќи фидбек од корисниците. На Brainster Job Fair студентите на Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот ќе се поврзат со растечка технолошка компанија со способност за приспособување на динамики и промени.

Блерина Демири, менаџерка за регрутирање на Pabau, ни ја доближи мисијата на компанија. Разговаравме за причината за учество на Бреинстер саемот за вработување и за профилот на идеалниот кандидат на  Pabau.

Здраво Блерина, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?

На мое огромно задоволство, работам како менаџерка за регрутација која го набљудува целиот процес на регрутирање во компанијата преку планирање и спроведување на стратегии за регрутација.

Типичниот работен ден за мене започнува со прегледување и приоретизирање на задачите во денот. Ова може да вклучи проверка на резимеа, headhunting, закажување интервјуа и комуникација со тимовите за вработување со цел да се разберат нивните барања. Во текот на денот, комуницирам со кандидатите преку е-пошта, телефонски повици и видео интервјуа. Секојдневно комуницирам и со други одделенија на менаџери за вработување за да ги координираме интервјуата и да обезбедам ажурирања за напредокот во регрутирањето и, секако, за човечки ресурси за најдобрите практики за добредојде на нашите нови вработувња.

Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?

Првото нешто што би рекла дека го издвојува Pabau е инкорпорирање на повратни информации од клиенти и од работници. Имаме многу отворена комуникација кога станува збор за поплаки и идеи за подобрување на услугите. Слушаме, а потоа дејствуваме! Даваме поддршка на млади таленти со различни нивоа на пракса и им даваме шанса да работат за нас. Лесно се прилагодуваме на брзото деловно опкружување со промените на производите и политиките на компанијата. Одржуваме  чекор со најновите технологии за да можеме да обезбедиме најдобар квалитет на нашиот софтвер и секогаш да бараме задоволство за клиентите. Она што е исто така важно е тоа што работиме етички, демонстрирајќи општествена одговорност што води до нашата одржливост – градење поволна репутација која нè разликува позитивно во очите на нашите клиенти и вработени.


Местата на сите академи се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на некоја од Brainster+ Академиите.


Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?

Присуството на Саемот за вработување на Brainster претставува драгоцена можност за нашата компанија да се поврзе со различни таленти и да ја покаже нашата единствена вредност како работодавач, имајќи го предвид фактот дека голем процент од нашите вработени се дипломирани студенти на Brainster.

Постојат многу причини зошто една компанија треба да присуствува на Саемот за вработување на Brainster, но јас ќе наведам само некои важни почнувајќи од – пристап до врвни таленти, видливост на брендот, ефикасност при регрутирање и најважно од сѐ, поддршка на ангажманот во заедницата што се усогласува со нашите иницијативи за корпоративна општествена одговорност и ги зајакнува нашиот однос со заедницата.

Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?

Саемите за вработување се клучни настани за компаниите во ИТ индустријата да се поврзат со различни таленти. Истовремено, тоа е полесен пристап на оние кои бараат работа до компаниите. Со оглед на важноста на вмрежувањето, саемите за вработување го олеснуваат патот преку градење можности кои можат да доведат до соработки или заеднички потфати. Тоа е исто така одлична маркетинг алатка за компаниите да ги промовираат своите услуги и да привлечат таленти.

Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?

Се надеваме дека ќе се сретнеме со сите кои присуствуваат на саемот за вработување бидејќи нивното присуство е првиот чекор за да се биде добар кандидат (не би одел со идеален, тие можат да се вградат во тоа). Што се однесува до она што тие имаат да го понудат, ние сме заинтересирани за карактеристиките на личноста. Вредни работници, прилагодливи и флексибилни на промени, подготвеност за учење и раст, комуникативни и добри слушатели итн. Кога станува збор за технички вештини, дури и практикантите можат да бидат идеални 🙂

Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?

Убаво е чувството кога ќе си ја завршат домашната задача (некое истражување за компаниите) 🙂

Важно е да имаат на ум нешто конкретно на што сакаат да работат и да го покажат својот интерес, да ги покажат своите меки вештини, да го користат своето време продуктивно со поставување прашања и да бидат ангажирани. И секогаш следете ги претставниците ако нешто не се случи веднаш.


Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА