Olive Jobs бараат нови вработени што сакаат да направат разлика – Brainster Job Fair

На ИТ саемот за вработување, студентите на Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот со своите портфолија ќе се претстават пред компанијата Olive Jobs, дел од групацијата Catalyst Care Group.

Catalyst Care Group е добро познат бренд во Велика Британија кој ја опслужува здравствената индустрија. Со канцеларии во Скопје, Olive Jobs ја поддржува Catalyst Care Group преку развивање на сите оперативни сектори неопходни за беспрекорно функционирање и развој на групацијата. Некои од секторите на Olive Jobs вклучуваат: човечки ресурси, сметководство и финансии, пресметки и планирање, регрутација, маркетинг и IT и Salesforce, кои ги обезбедуваат сите потребни системи и алатки за непречено функционирање на тимовите во земјата и Велика Британија. 

Ана Величковска, Country Manager и Горан Илиќ, Assistant General Manager на Olive Jobs зборуваат за профилот на кандидати кој би одговарал на динамичното секојдневие во компанијата.

Ана Величковска, Country Manager и Горан Илиќ, Assistant General Manager

Здраво Ана и Горан, ви благодариме за учеството на овој блог! Можете ли да ни кажете малку повеќе за вашата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?

Убавината во Olive Jobs е постојаната динамика и разновидност што ја носи секој работен ден. Имајќи во предвид дека работиме за здравствениот секор на Велика Британија, кој е значително различен од нашиот, нашата работна средина ни нуди можност за секојдневно учење, надоградување и постојано следење на регулативите и трендовите во овој сектор. Секој понеделник, како почеток на неделата, имаме заеднички состанок со лидерите од сите сектори. На овие состаноци ги дискутираме резултатите, состојбата, разменуваме know-how и најдобри практики, и се координираме за следните чекори и задачи за наредната недела. Овој состанок ни е од клучно значење за усогласување, поддршка, информирање и креирање нови проекти.

Како Country Manager, заедно со Горан, кој е Assistant General Manager, нашата задача е да создадеме проактивна работна средина каде секој член на тимот може слободно да изрази идеи, предлози и мислења за подобрување на работата. Нашата цел е да ја пренесеме визијата и мисијата на групацијата и да ги насочиме секторите кон исполнување на поставените цели.

Во март оваа година го организиравме вториот по ред Catalyst Care Group Leadership and Best Practice Summit, во целосна организација на Olive Jobs, на кој присуствуваа 100 лидери од групацијата од Велика Британија, Македонија, Дубаи и Африка. Целта на овој самит беше да ги споделиме нашите проекти, успешноста и начините на управување со предизвикувачки ситуации, да учиме едни од други и да бидеме сплотени во исполнување на визијата и мисијата на групацијата.

Иако работиме во позадина (remote), обезбедувајќи оперативна поддршка и не сме во првиот ред, секој од нас го чувствува значајното влијание што го правиме преку нашите здравствени работници, помагајќи им на оние на кои најмногу им е потребно. Тоа е нашата пасија и најголема гордост.

Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?

Тоа што ја издвојува Olive Jobs како компанија е начинот на кој оваа компанија се грижи и инвестира во своите вработени. 

Веруваме дека доколку креираме атмосфера во која нашите вработени се чувствуваат мотивирани и сигурни и дополнително инвестираме во развој на нивните кариерни патеки, тогаш нивната експертиза и посветеност ќе изградат успех кој не издвојува од конкуренцијата. 

Луѓето кои работат во Olive Jobs се исклучителни во својата способност да го преточат своето знаење во успешни соработки и проекти. 

Оваа наша наклонетост кон развој на кариерниот пат на луѓето кои работат во Olive Jobs вроди многу успешни приказни на професионален план и ја зацврсти заемната тимска соработка и дух помеѓу вработените. 

Тимовите кои ги градиме се трудиме да бидат сплотени и комплементарни едни на други. Ставајќи го овој наратив како фокус на нашите напори, денес се гордееме со безброј успешни приказни кои нашите вработени ги постигнаа низ текот на годините.


Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!


Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?

Навистина сме возбудени што имаме можност да учествуваме на овој настан. Мотивацијата да се пријавиме на Brainster Job Fair е можноста за раст и развој на нашите тимови. Би ни било чест да им претставиме на луѓето кои ќе го посетат овој настан, кои сме ние и што нуди нашата компанија. 

Нашата главна цел е да им дадеме можност за раст на нашите тимови и можност на присутните да станат дел од нашата приказна.

Исто така, би ни било големо задоволство да ги прикажеме нашите компаниски вредности, компаниска култура, мисија и цели, сѐ’ со цел, нивно пронаоѓање на професионален план и успешна развојна кариера. Веруваме дека сите кои сакаат да бидат дел од нашата приказна лесно ќе се вклопат во тимовите препознавајќи се со нашите компаниските вредности. Така ќе имаме можност заедно да ги изградиме нашите идни успешни приказни.

Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?

Ваквите настани имаат големо влијание врз IT индустријата и нејзиниот екосистем. Учесниците добиваат прилика за проширување на своите вештини и можност да се конектираат со истомисленици. 

Овие настани играат важна улога во поддршка на кариерниот раст, преку остварување нови познанства, добивање на нови идеи и потенцијалното осигурување на нови работни можности. 

Покрај тоа, тие придонесуваат кон развојот на специјализирани вештини обезбедувајќи им на професионалците во оваа област можност да растат во својот кариерен пат и поддршка на иновацијата во индустријата.

Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?

Идеален кандидат за нас е некој кој пред сѐ има голема желба и страст да направи вистинска разлика. Тој треба да поседува желба за напредок во својата кариера и мотив за учење на нови вештини од областите кои Olive Jobs ги нуди на своите клиенти. 

Идеалниот кандидат би бил секој оној кој сака да ги развива своите комуникациски вештини, креативност, аналитички способности и способности за тимска работа. Предност би имале кандидатите кои поседуваат способност за приспособување кон различни бизнис модели и потреби од клиентите на Olive Jobs. 
Бидејќи во моментов ја опслужуваме групацијата Catalyst Care Group која е со фокус на здравствената индустрија во В. Британија нашата работа е многу благородна и хумана, така што секој што има желба да работи со крајна цел да помага на луѓе од ранливи групи има можност да стане дел од нашата компанија.

Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?

Како дел од компанија која што е во постојана транзиција и раст, нашиот совет до идните вработени е да бидат подготвени за промени, да поставуваат прашања, со желба за тенденција за раст и развој, како и да покажат интерес за Olive Jobs и можностите за градење на нивниот иден кариерен пат во нашата компанија.


Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).