Monks Agency, дигитална маркетинг агенција од Скопје, ќе интервјуира заинтерсирани и иновативни студенти од Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот на ИТ саемот за вработување на 4 јуни.
Monks Agency досега имаат вработен двајца студенти од Бреинстер, меѓу кои е Борче Пановски. Вработен како графички дизајнер во Monks Agency, Пановски, ни ja претставува работната култура и за кодексот што помеѓу вработените е познат како „монкстерскиот кодекс“.
Студентите ќе имаат можност да се претстават и да научат од тим што креира за различни индустрии, притоа изработувајќи персонализирани маркетинг решенија според потребите на клиентот. Агенцијата нуди сеопфатни услуги: креирање на детални дигитални маркетинг стратегии и комуникациски планови, креирање на Meta, LinkedIn и Google Ads кампањи, SEO оптимизација, генерирање на лидови, е-маил маркетинг. Со помош на AI алатки, тимот ги оптимизира и процесите во дигиталниот маркетинг.
Здраво Борче, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?
Во Monks Agency, почнав да работам како графички дизајнер, а сега сум вклучен и во копирајтинг активностите. Сите следиме наш „монкстерски кодекс“ кој нè води кон постигнување на максимален успех. Овој кодекс ни помага да одржуваме високи стандарди на професионализам и креативна слобода во исто време. Нашите дневни активности се исполнети со креативни размислувања, развој на иновативни маркетинг кампањи и тесна соработка со клиентите за постигнување на нивните маркетинг цели. Имаме динамична и инспиративна работна средина каде секој има можност да ги изрази своите идеи. Често знаеме да си задаваме предизвици кои не мотивираат да постигнеме одредена цел. Работниот ден е комплетен кога Монкстерите заедно се смеат на шегите и „пренковите“ кои си ги приредуваме сами.
Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?
Она што не издвојува е нашата AI ориентација за оптимизирање на процесите и стремежот кон иновација во секој од процесите. Нашиот тим е неуморно посветен на истражување на нови идеи и постигнување на извонредност во секој аспект на нашата работа. Секој член на нашиот тим е охрабрен да дава „луди“ идеи и да ги поместува границите на можностите.
Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!
Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?
Присуството на саемот за нас е прекрасна можност да се поврземе со идните лидери и иноватори. Сакаме да запознаеме потенцијални нови колеги или практиканти кои се подготвени да учат, да растат и да ја обликуваат иднината на дигиталниот маркетинг. Ова е исто така одлична можност за промоција на нашите квалитети и привлекување на талентирани луѓе кои ја делат нашата визија и вредности.
Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?
Овие настани имаат огромно влијание врз индустријата и дигиталниот екосистем. Тие го олеснуваат процесот на регрутација, поттикнуваат иновации и отвораат нови можности за професионален развој. Како алумни студент на Brainster, можам да потврдам дека ваквите настани им помагаат на компаниите да се поврзат со талентирани и амбициозни индивидуалци, создавајќи силни мрежи и заедници на професионалци.
Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?
Идеалниот кандидат кој го бараме треба да е спремен да направи 10 склекови на првиот работен ден. 🙂 Покрај тоа, во потрага сме за страствен маркетер со креативно размислување, тимски дух и одговорност во исполнување на задачите. Оваа личност треба да биде спремна за личен раст, мултитаскинг, иновативно размислување и прифаќање на предизвиците. Бараме луѓе со развиен менталитет за раст кои се подготвени да го преземат водството.
Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?
Студентите кои се заинтересирани за позиции во нашата компанија ги советуваме да бидат автентични и креативни. Покажете страст кон дигиталниот маркетинг и презентирајте реални примери од вашата работа. Бидете подготвени да работите во тим, слушајте активно и не се плашете да ги изразите вашите идеи. Вашиот ентузијазам и желбата за учење ќе остават најдобар впечаток.
Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).