LEAN ќе биде дел од Brainster Job Fair како премиум перформанс маркетинг агенција. Агенцијата оперира веќе 9 години главно на пазарот во САД, работејќи со повеќе од 100 брендови, со доверени повеќе од $500 милиони буџет.
LEAN придонесуваат за растот на бизнисите преку сите платени платформи со изграден тим кој се фокусира на 3 главни елементи. За организацијата, следните елементи се подеднакво важни за успехот на клиентите: пeрформанс стратегија, креативна стратегија и операции. Па така, нивниот маркетер е задолжен за стратегијата низ сите платформи, осигурувајќи се дека сите акции соодветствуваат со стратегијата на бизнисот. Kреативниот стратег ги трансформира маркетинг стратегиите во наратив и визуелизација преку длабоко разбирање на корисниците, давајќи глас на перформанс стратегијата. Понатаму, презема оперативниот тим којшто ги спроведува идеите во акции.
Габриела Лазова, CEO & Partner на LEAN, пишува за својот удел во агенцијата, како им помага на генерација вработени да станат „леанстери“, градејќи „мини организации“. На студентите од Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот им ја доближува визијата на LEAN да биде “Growth Incubator”.
Здраво Габи, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?
Дел сум од LEAN веќе повеќе од 8 години. 7 години бев во улога на Account Lead, а последниве 7 месеци ја имам улогата на CEO. Ако барам некое НЗС помеѓу двете позиции, тоа дефинитивно е фокусот кон растење на бизнисот. Претходно тоа беше растење на бизнисот на клиентите, а сега е растење на LEAN.
Како CEO на стартап, има неколку аспекти кон кои ми е насочен фокусот. Една од нив е (во отсуство на посоодветен збор на македонски) “people enablement” и обезбедување на јасна визија и стратешка насока за компанијата. Или кажано со помалку ‘fancy’ зборови, им помагам на лидерите во LEAN да ги изградат своите „мини организации“ како и да најдат и пораснат „леанстери” кои ќе продожат да го растат LEAN и да носат вредност на клиентите и 100 години од сега. Меѓутоа, во целиот тој процес, подеднакво важен аспект е тоа дека сите овие „мини организации” се синхронизирани со универзалната визија на LEAN.
Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?
Од аспект на работата кон клиентите, LEAN го револуционизира агенцискиот модел преку комбинирање на консултантство и агенција. Покрај само менаџирање на платформите за платени реклами, вклучени сме во стратешките одлуки на компаниите со кои работиме што ни дава уникатна шанса да ги растеме нивните бизниси. Начинот на којшто соработуваме е со поставување како внатрешен тим, а не како надворешна агенција чија работа завршува со „лансирање“ на кампањите.
Меѓутоа има неколку аспекти што го прави LEAN различен од другите компании како место за работење :
- Не правиме компромис кога станува збор за пронаоѓање на правите луѓе. Ги бараме топ 1% од маркетерите во Македонија. Тоа го покажува и нашата статитика на кандидати кои се приклучиле на LEAN. Стоиме зад таа статистсика и горди сме на истата бидејќи тоа е единствениот начин да ја задржиме премиум услугата која ја даваме веќе една декада. Воедно 100% од нашите клиенти биле препорачани од клиентите со кои работиме/сме работеле – немаме продажен тим воопшто.
- Главниот двигател како компанија не ни е само да зголемиме профит низ годините, туку да креираме агенција која ќе постои и 100 години од сега, а тоа не е можно доколку не се опкружиме само со луѓе кои ја делат истата пасија за маркетинг-от.
- Бараме луѓе кои се подобри од нас, меритократија е идеологија зад која стоиме 100%. Не бараме следбеници – бараме лидери, десруптори.
- Ја делиме нашата компанија со оние што ја делат нашата визија преку нашиот модел за партнерство. ~30% од LEAN е веќе споделен и се стремиме да дадеме повеќе на оние кои се стремат да ја променат играта, да водат и да иновираат.
Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!
Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?
Спонзори сме на настанот HRDisrupt којшто е во соработка со Job Fair-от на Brainster и целосно се поклопува со една од нашите вредности – “disruption” – постојано се стремиме кон иновации и промени кои го преобликуваат пазарот. Истовремено, ни дава шанса да сретнеме потенцијални маркетери кои ја делат нашата пасија за раст и маркетинг.
Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?
Секоја можност за networking помеѓу луѓе со слични амбиции, фокусирани кон надградување на своите вештини и градење на кариера е од бенефит за партиципантите на истата. Помага во создавањето на нови потенцијални партнерства кои ќе ја одведат ИТ индустријата чекор понапред.
Целата оваа идеја се поклопува и со нашиот напор да создадеме „заедница“ каде што преку најразлични настани и содржини ќе отвориме канал за комуникација и споделување на знаење и идеи од областа на дигитален маркетинг (https://leansem.com/community/). Веруваме дека само со несебично споделување на знаење може да има напредок и иновации, па од таму чувствуваме и должност и да го пренесеме нашето знаење и да отвориме можности за размена на идеи.
Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?
Овој одговор најверојатно ќе биде и повторување на некоја од поентите кои беа направени погоре, но, на кратко, бараме храбри, луѓе кои не само што не се плашат да излезат од „статус кво“ туку проактивно се трудат да го избегнат. Луѓе кои се фокусираат на прашањето „како можам да креирам вредност“. Лидери кои се спремни да градат кариера и работа „9 до 5” не им е предизвик. Луѓе кои имаат вистинска пасија за маркетингот, како и растење и разбирање на бизнисите.
Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?
Be yourself 🙂
Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).