Интернационална Маркетинг Агенција – нов партнер за вработување

Нашата алумни студентка Михаела Додевска ја започна својата кариера како практикантка, а денес е горд член на маркетинг тимот на Интернационалната Маркетинг Агенција, водена од Борче Манев, новиот партнер за вработување на нашата академија. Со повеќе од 8 години искуство во B2B маркетингот за IT индустријата, компанијата на Манев не само што работи на глобално ниво, туку им помага на клиентите да остварат импресивен раст од 20% до 30% годишно. Со интеграција на вештачка интелигенција и нови иновативни решенија, компанијата создава нови можности за своите клиенти, истовремено градeјќи стратешки партнерства кои ја дефинираат иднината на маркетингот.

Прочитајте повеќе за нашата заедничка соработка!

Зошто одлучивте да соработува со Бреинстер?

Одлучив да соработувам со Бреинстер затоа што го следам нивниот развој од самите почетоци и сум исклучително импресиониран од тоа како напредуваа како образовна институција. Посебно ми се допаѓа нивната способност да ги адаптираат програмите на своите академии и да ги усогласат со потребите на модерното време, што е клучно за успехот на секој образовен процес во денешната динамична средина.

Како Михаела Додевска, алумни студентка од Академијата за дигитален маркетинг придонесува во вашиот тим како практикантка?

Одлично прашање! Мала корекција, Михаела веќе не е практикантка – таа успешно ја заврши својата пракса и сега е дел од нашиот тим на B2B маркетери. Клучен момент за нејзиниот успешен премин беше знаењето кое го стекнала на Академијата за дигитален маркетинг на Бреинстер и насоките кои што ги стекнала таму. Нејзините вештини во креирање на контент, креирање на ефективни e-mail кампањи, како и нејзиниот пристап кон дигиталните стратегии, беа од голема корист за нашиот тим. Михаела не само што брзо се вклопи, туку и постојано покажува иницијатива и креативност, што значително го збогатува нашиот тим.


Биди чекор пред останатите! Приклучи се на листата на чекање и дознај прв
доколку се отвори повторно можност за упис на нашите академии!


Како CEO на маркетинг агенција, што би им препорачале на останатите лидери во контекст на соработка со студенти и млади таленти?

Во свет кој постојано се менува, она што функционирало пред месец дена, може утре да биде застарено. Младите, посебно оние кои доаѓаат од академиите, се во чекор со најновите промени и трендови во индустријата. Тие не само што ја следат динамиката на пазарот, туку и носат нова перспектива, креативни идеи и свежи пристапи во работењето.

Од секогаш сум бил уверен дека работата со млади таленти, кои се полни со енергија и желба за докажување, може само да го збогати тимот и да внесе иновативност во начинот на работа. За да ги откриеме овие таленти, треба да им дадеме шанса, да имаме отворен ум и да создаваме средина која ги поддржува во нивниот професионален раст. Тие можат да бидат катализатори на позитивни промени во компанијата.

Како вашата агенција гледа на важноста на континуирано учење и надградување на вештините на новите генерации во дигиталниот маркетинг?

Континуираното учење е клучно за секој што сака да остане релевантен во дигиталниот маркетинг, особено во оваа ера на вештачка интелигенција. Како што споменав, ако престанеш да учиш, престануваш да бидеш релевантен – тоа е основата. Во нашата агенција, ние го гледаме континуираното надградување на вештините како неизбежно, бидејќи тоа не само што им овозможува на новите генерации да останат во тек со трендовите, туку и да ги користат алатките како вештачката интелигенција за да постигнат значителен напредок и да ја зголемат својата продуктивност десеткратно.

Дали можете да ни споделите што сметате дека е клучно за успешна маркетинг стратегија на глобално ниво?

Клучот за успешна B2B маркетинг стратегија на глобално ниво лежи во неколку фактори. Компанијата најпрво мора јасно да разбере зошто е на пазарот, кои се нејзините потенцијални купувачи, како додава вредност, и каков раст сака да постигне. Маркетингот служи како двигател што, со поставени јасни цели, ќе ја води компанијата кон посакуваниот резултат. Бидејќи станува збор за глобален пазар, важно е да се идентификуваат сегментите со највисок потенцијал, бидејќи невозможно е да се таргетираат сите одеднаш, освен ако не сте дел од Fortune 500.

Како ја замислувате соработката со Бреинстер на долгорочен план?

Конечно започнавме соработка, иако веќе подолго време се познаваме со основачот на Бреинстер. Ова е само почеток, бидејќи нашите амбиции се големи и планираме да лансираме нови продукти и алатки во Интернационална Маркетинг Агенција. Верувам дека оваа соработка ќе продолжи да расте, бидејќи споделуваме заедничка визија за иновации и постојан развој. Дополнително, веќе ги разгледуваме можностите за проширување на соработката и во ИТ секторот преку Колеџот на Бреинстер, што отвора нови перспективи за долгорочен успех.