Неколку студенти на Бреинстер, досега се имаат вработено во Init Norway, Microsoft Silver Partner и Microsoft ISV партнер за развој на IIoT решенија. Па така, нашиот партнер, задоволен од досегашните кадри, ќе продолжи да регрутира студенти од Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот на ИТ саемот за вработување.
„Луѓето на прво место“ е принципот по којшто компанијата се води, охрабрувајќи ги вработените да го дадат свој придонес кон подобрување на културата на компанијата. Init е групација што ги соединува најдобрите компании за индустриска ИТ, автоматизација и дигитализација во Скандинавија, извршувајќи ги своите оперативни активности токму од срцето на Скопје!
Софтверскиот инженер во Init Norway, Вера Соколовска, го нагласува значењето на вакви настани за новите млади кадри и технолошката индустрија во земјата.
Здраво Вера, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?
Речиси една деценија работам како софтверски инженер, а во Init Norway повеќе од 6 години. Работиме агилно, по Scrum методологија. На мое големо задоволство, на еден од нашите водечки проекти сум назначена и како Scrum Master.
Во таа насока, денот секогаш ми започнува со daily (stand up), каде со тимот се координираме за тековните активности. Со оглед на тоа што во моментот работам паралелно на два различни проекти, остатокот од денот го диктираат приоритетите поврзани со нив.
Во текот на денот уживаме апсолутна слобода за споделување искуства и знаења со колегите, но и консултации во рамките на тимот (и надвор од него!). Сето ова ни помага да дојдеме до валидни решенија за предизвиците со кои се соочуваме.
На крајот би сакала да ја истакнам и дружбата со колегите за време на неформалните паузи (со исклучително добро кафе!), пладневните оброци, и секако долгогодишната традиција – подготовка на вафли секој последен петок во месецот! 😉
Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?
Пред нашите клиенти во Скандинавија веќе одамна сме препознаени по иновативниот пристап и квалитетот на нашите продукти и услуги, па тука се опсегот на технологии со кои работиме; единствената комбинација на IT/OT решенија што ги нудиме, но и индустриите во кои ги применуваме – а, за кои веруваме дека нѐ издвојуваат.
Tоа што дополнително нѐ истакнува во ИТ индустријата од повеќето компании во земјава е и заложбата за обезбедување родово-балансирана работна средина, односно фактот што речиси половина од нашиот инженерски тим се жени.
Но, можеби тоа што нѐ прави навистина единствени во ИТ индустријата во Македонија е високата стапка на задржување на постојните вработени, додека секојдневно неуморно работиме на зголемување на тимот инженери.
Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!
Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?
Ви благодариме за поканата – со задоволство ја прифативме! Со оглед на досегашната соработка и тоа што веќе неколкумина ваши студенти се наши вработени, би ги издвоиле следните неколку причини што нѐ мотивираа да бидеме дел од првиот Brainster Job Fair:
- Можност за запознавање проактивни кандидати кои со нетрпение очекуваат да започнат кариера во ИТ индустријата преку нашата претстојна практикантска програма, или пак, отворените позиции за вработување.
- Претставување на нашата компанија и квалитети под закрила на најголемата скандинавска ИТ групација со 650+ вработени во ИТ, ОТ, дигитализација и автоматизација
- Да дадеме свој придонес за премостување на јазот помеѓу училишниот систем и индустријата преку поддршка и развој на локалната заедница.
Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/ екосистемот?
Овие настани придонесуваат да се зголеми видливоста на кандидатите кои се во потрага по компанија што ќе им пружи можност за постојана надградба на знаењата и вештините, но секако – и да се зголеми видливоста на компаниите кои се во потрага по квалитетен кадар пред нивната целна публика.
Веруваме дека ваквиот тип на настани и непосредниот пристап што го овозможуваат помага да се формира пореална слика за потребите на пазарот – а, со тоа и за премостување на јазот помеѓу постојаната побарувачка на индустријата за квалитетни кадри, и кадарот што произлегува од (не)формалното образование.
Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?
Секако, нашиот идеален кандидат поседува комбинација од лични особини како проактивност и способност за тимска игра; има техничка позадина и интереси во согласност со технологиите на кои работиме, но и постојана желба за унапредување на своите знаења!
Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?
Да си понесат голема насмевка и да не се плашат да поставуваат прашања – ние сме тука токму за нив!
Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).