HSO e еден од врвните светски партнери за деловни решенија и имплементација. Основан во 1987 година, денес HSO продолжува да ги изведува и најсложените проекти. Наградуваната компанија со талентирана глобална заедница е дел од елитниот Microsoft Inner Circle.
HSO нуди комплетен сет на бизнис решенија базирани на Microsoft Cloud технологиите на меѓународни бизниси во различни индустрии. Заслужни се за модернизирање на бизнис операциите, помагајќи им да применат интелигентна автоматизација за зголежување на ефикасноста преку дигитална трансформација.
Дел од тимот на HSO во земјата составен од Драгана Анѓелеска, Петар Смилевски Војновиќ, Давид Богоевски и Филип Контевски ни го раскажуваат својот работен ден и им даваат совети на студентите како потенцијални идни колеги во тимот.
Здраво, ви благодариме за учеството на овој блог! Можете ли да ни кажете малку повеќе за вашата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?
Петар:
Секако, ви благодарам на поканата! Моето име е Петар и јас сум developer во HSO, каде преку мојата работа учествувам во процесот на трансформација и подобрување на деловната ефикасност на нашите клиенти. Нудејќи решенија што се дел од Microsoft екосистемот, секојдневно се сретнувам со работа во различни сфери и индустрии. Тоа ги прави моите денови динамични и возбудливи. При завршување на секој проект можам да го воочам подобрувањето коешто сум го понудил на клиентот и позитивниот придонес. Голем дел од мојата работа е и континуираното учење, следејќи ги најновите иновации и трендови во индустријата, со голема поддршка од нашата HSO академија.
Драгана:
Гордо можам да кажам дека сум дел од тимот на HSO GS уште од самите почетоци на компанијата во земјата. Како технички консултант, мојата улога во компанијата вклучува обезбедување експертиза и насоки за решавање на различни технички прашања на клиентите и внатрешните тимови. Еден типичен работен ден вклучува тесна соработка со клиентите за да се разберат нивните барања. Соработката резултира во дизајнирање на оптимални решенија за задоволување на нивните потреби и очекувања.
Генерално кажано, мојата улога како технички консултант е динамична и повеќеслојна. Истата претставува спој од техничко знаење и експертиза, комуникациски вештини, како и способност за брзо решавање на проблеми за да се обезбедат успешни резултати за нашите клиенти.
Филип:
Здраво, благодарам на поканата! Иако секој ден е динамичен и различен, ќе се обидам да ви претставам како изгледа еден просечен ден.
Како инженер за техничка поддршка на корисници, мојата улога е да решавам проблеми и да обезбедам помош на нашите клиенти и крајни потрошувачи со цел стабилно и нормално функционирање на нивниот систем и ден. Оваа помош главно се одвива преку Микрософт алатките за поддршка и мониторинг, но и преку директен контакт, односно е-пошта и чет или пак телефонски повик. Мојот ден вклучува преглед на прашањата од корисниците, состаноци со тимот за техничка поддршка, решавање на проблеми и анализа на трендовите за подобрување на процесите за поддршка. Бидејќи, како што знаете, ИТ секторот постојано се менува и унапредува.
Давид:
Kако Team Lead на технички инженери за корисничка поддршка, имам важна улога во организирањето и водењето на тимот за да се обезбеди високо ниво на услуга за клиентите. Мојата улога вклучува координирање на активности, решавање на проблеми, менторство на членовите на тимот и обезбедување на поставените цели за квалитет на услугата.
Еден типичен работен ден за мене, веројатно, започнува со проверка на статусот на тековните кејсови или проблеми на клиенти, како и потврда дека тимот е подготвен да одговори на сите барања за помош. Продолжува со технички средби со тимот за да се прегледаат најновите предизвици и да се дефинираат приоритетите за денот.
Во текот на денот, често сум вклучен во решавање на комплексни проблеми или консултирање со членовите на тимот со цел надминување на пречките. Исто така, чести се и состаноците со други тимови на компанијата за координација на напорите и подобрување на услугата за клиентите.
Важно е да се одвои време за анализирање на перформансите на тимот, да се следи нивниот напредок и да се согледаат начини за подобрување на процесите за корисничка поддршка. Генерално, мојата улога е есенцијална за осигурување на задоволство на клиентите и за континуирано подобрување на услугата.
Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?
Драгана:
Како дел од тимот на една ИТ компанија, во ера на доминирање на ИТ индустријата, можам со сигурност да потврдам дека нашата компанија апсолутно се издвојува. Тоа е така поради иновативните технолошки решенија, способноста за адаптација во поглед на барањата, силниот фокус на квалитетот и безбедност, исклучителниот кориснички сервис и поддршка. Но и културата и вредностите кои се негуваат. Имаме голем број на успешни приказни кои стојат во нашето портфолио.
Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!
Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој би се вклушил во вашиот тим и се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?
Петар:
Според мене идеалниот кандидат е некој кој има силни технички вештини и страст за технологија и иновации. Луѓе кои се проактивни, имаат одлични аналитички способности и умеат да работат во тимска средина. Покрај техничките вештини, сметам дека се многу битни и комуникациските вештини и етиката, бидејќи секојдневната работа често вклучува соработка со клиенти и други тимови во HSO.
Давид:
Идеалниот кандидат за нашиот тим за техничка поддршка треба да има технички квалификации, добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми. Како и емпатија, желба за постојано надградување, организациски вештини и да може да работи во тим. Веруваме дека овие квалификации би го направиле кандидатот идеален за работата во нашиот тим.
Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата /екосистемот?
Драгана:
Саемите за вработување помагаат во полесно вмрежување, откривање на нови таленти, размена на вештини и промоција на различностите. Тие претставуваат одлична можност за сите оние коишто се наоѓаат во првите чекори од градењето на својата кариера. Од друга страна пак, саемите за вработување имаат витална улога во поврзувањето на професионалците, компаниите и сите засегнати страни. Сето тоа што придонесува за унапредување и одржливост на ИТ индустријата како целина.
Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?
Петар:
На студентите би им советувал да бидат автентични и самоуверени. Важно е да ја истакнат својата желба и заинтересираност за позицијата. Бидете прецизни! Убаво е да зборувате за вашите проекти, минати искуства и како тие ви помогнале да ги развиете вашите вештини. И секако бидете подготвени да поставувате прашања за нас и нашата работа.
Драгана:
Би дала совет да истражат малку за нашата компанија за да добијат една генерална визија за HSO GS. Секогаш советувам да се подготви ажурирано резиме во кое ќе бидат истакнати сите релевантни вештини и искуства. Многу е важно студентите да се охрабрат да осмислат и постават промислени прашања. Тоа претставува доказ дека се навистина заинтересирани и поседуваат иницијатива. Предлагам да ја заследите нашата компанија на LinkedIn и редовно да ги следите новостите на нашата веб страница.
Давид:
Пред сѐ, бидете свои, уникатни и креативни. Бидете љубопитни и спремни за предизвици. На саемот за вработување, истражете ја компанијата, подгответе се со прашања, претставете се професионално, истакнете ги вештините и искуствата и бидете отворени за учење и соработка. Ова ќе ви помогне да создадете добар впечаток и да се презентирате ефективно.
Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).