Европската компанија за регрутирање Frontwise Group е една од партнер-компаниите во потрага по студенти на ИТ саемот за вработување организиран од Бреинстер. Frontwise Group се залага да донесе позитивна промена во индустријата за регрутирање. Работи на регрутација на специјалисти и професионалци од различни сфери, обезбедувајќи им го идеалното работно место.

Frontwise Group користи паметни технолошки алатки за откривање на кандидатите кои инаку би биле занемарени и ги поврзува со идеалните компании. Со две седишта, во Амстердам и Скопје, Frontwise Group работи со компании од повеќе земји, вклучувајќи Холандија, Германија, Данска, Романија, Белгија, Велика Британија и други.

Регрутерите од Frontwise Group: Стефан, Ања и Анета пишуваат за своето динамично секојдневие и за соработката со различни клиенти. Преку комуникативниот пристап и задржување на човечкиот аспект, тие успеваат да ги разберат потребите за кадар на компанијата и да го пронајдат вистинскиот кандидат.

Здраво, ви благодариме за учеството на овој блог! Можете ли да ни кажете малку повеќе за вашата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?

    Стефан Миленков

    Во Frontwise Group работам речиси две години! Работам како регрутер и моментално сум во соработка со холандски клиент кој има потреба од ИТ специјалисти и овластени сметководители. Имав можност да соработувам и со други ИТ клиенти, меѓу кои и клиент кој имаше потреба од правни лица.

    Во Frontwise сум изложен на навистина динамично и разновидно секојдневие, особено кога станува збор за сфери во кои регрутирам. Во тој случај, денот ми е исполнет со навистина интересни задачи.

    LinkedIn ми е мојот ‘right hand man’ и највеќе време поминувам со него и со неговиот алгоритам. Уживам и во секојдневната комуникација со кандидати, клиенти и колеги – од секој има по нешто да се научи!

    Анета Кавазова

    Моментално работам за клиент од Холандија, во ИТ сектор и барам ит бизнис консултанти и тест консултанти. Воедно се грижам и за employer branding на самиот клиент како и на Frontwise Group, па сум дел и од Social Media & Event Planning Team. Денот ми почнува со кафе во рака и одговарање на пораки од кандидати. Понатаму активно ‘сорсање’ нови кандидати, интервјуа, претставување на истите до клиентот, како и дневни состаноци со клиентот за најнови информации и испраќање понуди. Исто така и одржување постојана блиска комуникација со моите кандидати.

    Покрај овие обврски уживам и во наоѓање нови трендови за Social Media тимот во Frontwise, креирање постови и планирање на настани во кои ужива тимот.

    Ања Панзова

    Во Frontwise Group работам како регрутер веќе трета година 😊. Досега имам работено на повеќе клиенти. Во моментов соработувам со една од најголемите холандски мултинационални млечни компании. Типичен ден во регрутацијата нема, самата работа е многу ‘fast-paced’ и често се ориентираме спрема моменталните приоритети и барања на самиот клиент. Сепак, секојдневните обврски вклучуваат ‘sourcing’ на нови кандидати, контактирање и интервјуирање на истите, како и многу состаноци со различни вработени од страна на клиентот.

    Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?

    Она кое ние како компанија го сметаме за уникатно кај нас е нашата култура. Диверзитет, еднаквост и припаѓање – само неколку фактори кои ги носиме како ордени за нашите колеги и клиенти.

    Frontwise Group препознава секого и се гордееме со нашите способности и карактеристики. Ова нѐ прави да сме вистински придружници на луѓето со коишто работиме, но и на оние за кои го правиме истото.


    Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!


    Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?

    Frontwise Group е водена од инвестирањето во растот и развојот на нови таленти. Учеството на Brainster Job Fair ни овозможува директно да стапиме во контакт со студенти од најразлични позадини и интереси. Одржувањето на вакви релации со млади професионалци не само што ни помага да ги најдеме вистинските кандидати за нашиот тим, туку ни овозможува и да допринесеме кон нивниот кариерен развој со нудењето практични совети и увид во очекувањата на самата индустрија и можностите кои истата ги нуди. Овие интеракции се заемно корисни, бидејќи ни помагаат да бидеме во тек со најновите академски трендови и технологии, помагајќи да останеме компетитивни и ‘forward-thinking’.

    Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?

      Со самото тоа што го премостуваат јазот помеѓу едукативните институции и индустриите, саемите за вработувања како овој играат многу важна улога во ИТ екосистемот. Креирањето на една ваква динамична платформа им помага на студентите директно да комуницираат со потенцијалните вработувачи, да добијат увид во реалната и практична употреба на нивните вештини, и да ги разберат потребите на пазарот на вработување. Конкретно за ИТ секторот, вакви настани се од огромно значење бидејќи го потпомагаат влезот на свежи таленти и иновативни идеи во индустријата. Понатаму, саемите за вработување промовираат култура на постојано учење и надоградување што е од суштинско значење за брзото темпо на развој во ИТ индустријата. Генерално, овие настани придонесуваат за добро поврзана и прогресивна ИТ сфера.

      Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?

        Тоа би биле кандидати со многу ведар дух и силни комуникациски вештини. Веруваме дека едното и другото си одат заедно, бидејќи за еден добар регрутер е потребно да сака да комуницира, лесно да остварува врски и едноставно луѓето да сакаат да му/ѝ пријдат. 

        Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?

          Она што би им го препорачале е да бидат отворени, комуникативни, да поставуваат прашања и да се интересираат. Секако, овде рака под рака оди  добро среден LinkedIn профил и скоцкано CV. Доколку за истите имаат потреба, можат да ни се обратат на Job Fair-oт на 4ти јуни и да им дадеме насоки за изработка на истите. Би ни било особено драго доколку го споделиме нашето знаење и помогнеме за полесно да аплицираат за работа којашто ќе ја добијат.


          Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).


          AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!