FitKit во потрага по својот културолошки фит на Brainster Job Fair

FitKit, мобилната апликација за фитнес и велнес, го бара својот фит помеѓу студентите на Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот на ИТ саемот за вработување на 4 јуни во Лабораториум. Атрактивната апликација која ја револуционизираше велнес културата кај нас е достапна во Северна Македонија и Грција нудејќи 1000 различни услуги. 

FitKit функционира со претплата преку која корисникот може да закаже вежбање, уживање во спа или на масажа или сесија со психолог. Со тоа, овозможува брза резервација, заштедено време и продуктивност на корисниците. Компанијата постои од 2017 година овозможувајќи флексибилност и разновидност со богатиот избор на фитнес и велнес места. Од друга страна, на компаниите им овозможува да поттикнат поголема продуктивност нудејќи  услуги како додатни бенефиции за своите вработени.

Кој би бил идеалниот кандидат за FitKit? Јосиф Дамјанов, основачот на апликацијата, сака да запознае студенти со предлози за поефикасно функционирање на платформата. Очекува тимски играчи коишто ќе работат на далечина и ќе бидат транспаренти во својата работа.

Здраво Јосиф, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?

Мојата улога во компанијата е да предвидувам потенцијални закани за непречено оперирање и развој. Другата моја улога е да креирам нови можности за бизнис. Еден типичен работен ден започнува во мир и тишина рано наутро и тогаш можам да си размислувам и креирам без дистракции. Подоцна станува динамично. Во најголем дел, мојот ден има многу телефонски разговори, состаноци со постоечки и потенцијални клиенти и партнери, како и комуницирање со тимот за сите тековни проекти, кампањи и грижа за корисници.

Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?

Прво, од самото основање немаме канцеларии и целиот тим работи на далечина (remote). Второ уникатно е тоа што Fitkit моментално е најголемиот провајдер за фитнес и велнес во државата без да има физичка локација. За трето би го издвоил нашиот бизнис модел и кредит систем за корпоративни корисници којшто компаниите го нудат на своите вработени како бенефиција надвор од платата. Имено, секој корисник (вработен во компанијата) добива одреден број на Фиткит кредити согласно буџетот што компанијата го алоцирала. Вработениот со тие кредити може да избира од понудата на мобилната апликација и притоа со секоја посета ќе потроши онолку кредити колку што вреди конкретната услуга. Така, на пример, една посета во фитнес центар може да вреди 2, 3 или 4 кредити, додека посета во спа-центар може да вреди 20 кредити.

Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?

    Нѐ мотивира енергичната заедница на студенти што ги креира Бреинстер. Сакаме да слушнеме што овие млади ентузијасти очекуваат и што можат да придонесат за да направиме уште повеќе луѓе активни и здрави. Сакаме критики, сакаме идеи, веруваме во напорна работа и транспарентност и очекуваме дека ќе наидеме на култоролошки фит од присутните кои ќе се вклопат во нашите верувања и вредности.


    Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!


    Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?

    Мојата лична перцепција е дека пазарот на трудот го прави многу поконкурентен и попродуктивен, дополнително им овозможува на компаниите да бидат поиновативни во привлекување на човечки капитал.

    Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?

      Идеалниот кандитат е личност што сака да учи и да работи на далечина, личност што знае да биде на време, транспарентна личност што не се плаши да го каже своето мислење и личност што ќе го почитува секој член од тимот.

      Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?

        Да ја користи веќе мобилната апликација или активно да вежба за да дојде да ни каже како можеме да станеме подобри за корисниците и како  компанијата може да стане попродуктивна и поефикасна.


        Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).