ДЕКРА е одлична основа за мотивирани кадри – Brainster Job Fair

На ИТ саемот за вработување, ја продолжуваме долгата соработката со партнерите ДЕКРА – компанија за регрутирање. ДЕКРА е основана во земјата во веќе 2006 година од страна на DEKRA Arbeit Group со седиште во Штутгарт, Германија.

ДЕКРА, како етаблиран и препознатлив бренд на нашиот и на светскиот пазар, нуди широк спектар на услуги. Целта на компанијата е да ги пресретне различните барања на клиентите од областа на човечките ресурси. Со тоа и да обезбеди иновативен концепт на долготрајно вработување и развој на човечкиот капитал. ДЕКРА нуди флексибилна и прилагодена регрутација за клиентите, привремено вработување, тренинзи за професионален развој, истражувања и анализи на пазарот на труд. Важен дел од брендот е и креирање на долготрајни партнерства со своите клиенти.  

Катарина Тасевски, оперативен директор на ДЕКРА, преку прашања, дава одлични и релевантни совети за кандидатите што ќе учествуваат на претстојниот саем. Дополнително, дава објаснување за менаџирањето на човечки ресурси и за двигателите во оваа професија.

Здраво Катарина, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?

Има една многу вистинита изрека: „Кога го правиш она што го сакаш нема да работиш ни ден во животот“ 😊 Во моментов работам како оперативен директор. Самата позиција го прави секој ден непредвидлив, нов, интересен и полн со предизвици. Секојдневната можност да се работи на различни проекти во човечки ресурси за најразлични клиенти во индустрии кои растат и опаѓаат е она кое ДЕКРА ја прави идеална средина за луѓе со мотивација. Двигатели коишто секојдневно се трудат да најдат подобар начин, да добијат подобра идеја и да размислуваат надвор од рамките на работата во ЧР во останатите компании.

Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата? 

Како работодавец, најважната карактеристика на целата структура на ДЕКРА во Македонија е секако тимскиот дух, поддршката која секој ја добива. Како и секогаш, отворените можности за секој да се надгради и научи нешто ново. Она кое ја прави ДЕКРА уникатна е фактот дека тука ќе ве подготвиме и соочиме со сите аспекти на менаџментот на човечки ресурси. И она најважното – ќе учите од ‘know how’ на луѓе чија експертиза е значајно поширока и пообемна затоа што работеле на најразлични проблеми и барања на клиенти од сите индустрии. ДЕКРА е одлична основа и школо за креативни, мотивирани кадри кои не гледаат граници во она кое можат да го постигнат во областа на човечките ресурси. 

Во однос на пазарот, причината поради која сме она коешто сме денеска – компанија која е на пиедесталот на оваа гранка е нашиот професионален и отворен пристап. Изградената мрежа на клиенти и кандидати која е навистина маркантна, и нивната доверба, е она на кое сме посебно горди.


Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!


Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?

Отсекогаш сме биле компанија која е отворена за соработка и голем поддржувач на настани кои ги поврзуваат луѓето и работата. Сепак, тоа е и нашиот слоган – We connect people and work!. 

Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот? 

Пронаоѓањето на работа може да биде навистина предизвик во денешниот конкурентен пазар на труд. Сепак, саемите за вработување отсекогаш биле одличен ресурс и за барателите на работа и за работодавците. Саемите за вработување даваат единствена можност на кандидатите да се поврзат со повеќе работодавци на една локација, што ги прави суштински настан за секој кој бара нови кариерни можности. Вмрежувањето и градењето конекции, пристап до поголем број на можности, информации до кои имате директен пристап. За работодавците претставува уникатна можност за промовирање на брендот и претставување на компаниската култура и нејзините вредности.

Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?

Се радуваме на секоја средба која ќе ја оствариме, бидејќи секој кандидат носи мало богатство на искуство и експертиза во својата област. ДЕКРА соработува со голем број клиенти од различни индустрии. Ќе ни биде задоволство да ги претставиме сите отворени работни позиции кои во моментов ги работиме, но и да дадеме совет и насока за кариерен развој на идните професионалци.

Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?

Во целокупниот процес на идно вработување, секогаш сметам дека двете страни треба да се потрудат, да најдат начин меѓусебно да се привлечат. Employer Branding-от навистина им помага на компаниите – зошто да не го искористиме тоа и за кандидатите.

Секое достигнување е важно и вредно да се спомене. Сте завршиле дополнителен курс за надополнување на своите знаења од област неповрзана со вашата работа? Вие сте самоиницијативна, мотивирана личност која сака да учи и напредува? Сте постигнале успех? Сте биле дел од некоја хуманитарна иницијатива или акција? Нагласете го тоа! Оние 30 минути кои ги добивате на интервју и можноста за директна средба на саемите за вработување се одлична можност да му покажете на идниот работодавец дека сте идеалниот кандидат – искористете ги! Прочитајте нешто повеќе за компаниите, спремете го вашето CV нагласувајќи ги достигнувањата и знаењата кои се важни за позицијата на која сакате да аплицирате, насмејте се и појавете се 😊  


Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Trending Stories That Might Interest You