„Создавањето искусен тим со знање и вештини кој ќе може да ја поддржи мисијата на својата компанија, е долготраен процес. Затоа и многу компании се соочуваат со предизвици во маркетингот, финансиите, регрутацијата.
А ние ги имаме искусните тимови, го имаме потребното знање и вештини за да понудиме аусорсинг сервиси во повеќе сектори. На овој начин нашите тимови се потребниот мотор за бизнис на секоја компанија со визија да се забрза, адаптира и да расте.
Нашата цел е фирмите што ги опслужуваме да го чувствуваат Olive Jobs како сигурен партнер кој ќе им помогне на бизнисите да ги постигнат нивните цели и да напредуваат во областите маркетинг, организација на настани, административна поддршка, тренинзи, регрутација, финансии, ИТ, продажба, човечки ресурси, усогласеност и управување со ризици“. –
Горан Илиќ, генерален менаџер

Зошто ја поддржувате кампањата Ваучери и како се вклопува во вашата мисија?
Како компанија што верува во моќта на едукацијата и развојот на талентите, Olive Jobs со гордост ја поддржува кампањата „Ваучери“ на Brainster. Преку овие ваучери, овозможуваме пристап до квалитетно образование за студенти кои се стремат кон професионален раст, а со тоа активно придонесуваме за развојот на локалниот пазар на труд.
Нашата мисија е да создадеме одржливи можности за професионален и личен развој. Поддршката на студентите со стипендии е совршено усогласена со оваа визија, бидејќи веруваме дека инвестирањето во младите е инвестирање во иднината. Ова партнерство со Brainster не само што ја зајакнува заедницата, туку и ни помага да го препознаеме и развиеме следниот бран таленти што ќе ги обликуваат индустриите на утрешницата.
Brainster и 11 компании коинвестираат во иднината на најталентираните 110 идни студенти. Дали си ТИ еден од нив? 🎯 Аплицирај за ТВОЈОТ ваучер и започни да работиш на твојата кариера уште денес!
Кој е вашиот совет за успешна професионална соработка?
„Клучот за успешна професионална соработка е јасната и отворена комуникација. Секој член на тимот треба да разбере што се очекува од него и да биде подготвен да слуша и разменува идеи. Градењето доверба преку транспарентност и редовна координација е основата за долгорочен успех“ – Катерина Митиќ, маркетинг координатор.
Кои професионални вештини се најбарани во 2025 година?
Технолошки експерт
Во 2025 година, најбараните професионални вештини вклучуваат вештачка интелигенција, анализа на податоци и Cloud инженерство. Техничките вештини како сајбер-безбедност и развој на софтвер ќе бидат клучни за растот на многу индустрии. Инвестирањето во технологија и иновација несомнено отвора нови можности на глобалниот пазар.
Менаџер или лидер
„Дигитален маркетинг, проектен менаџмент и стратегиско размислување се меѓу најбараните вештини во 2025 година. Емоционалната интелигенција, критичкото размислување и адаптибилноста ќе бидат пресудни за ефикасно водење тимови и постигнување деловни цели во хибридното работно опкружување“ – Игор Димов, дигитален маркетинг специјалист,
Мотиватор или ментор
“Во 2025 година, комбинирањето на технички и меки вештини ќе биде пресудно. Креативноста, културната интелигенција и способноста за решавање проблеми ќе ги издвојат најуспешните во професијата. Ако постојано учите и се адаптирате на нови трендови, неминовно ќе останете чекор пред конкуренцијата“ – Катерина Митиќ, маркетинг координатор.

Кои можности ги нуди Olive Jobs?
Olive Jobs нуди уникатни можности за професионален и личен развој. Обуките, хибридниот модел на работа, и менторските програми се само дел од поддршката што ја нудиме. Дополнително, вработените можат да допрат до поголеми заедници кои се залагаат за поддршка на ранливи категории зедници. На пример, работа на проекти со непрофитабилни организации како S.H.E. и Self-Directed Support England.
“Во Olive Jobs, уживам во флексибилноста на хибридниот модел на работа и можноста за учество во креативни проекти. Имаме поддршка за професионален раст преку обуки и менторство, како и шанса да работиме на меѓународни проекти што прават разлика во заедницата. Секој ден овде е можност за раст и нови предизвици“ – Маја Аврамчевска, дигитален маркетинг специјалист.
“Olive Jobs е идеално место за оние кои сакаат да комбинираат професионален успех и позитивно влијание врз заедницата. Нудиме можности за обука, глобална соработка и учество во општествено-полезни проекти. Нашата култура на иновации, тимска работа и поддршка и личен развој ја прават компанијата уникатна“ – Горан Илиќ, генерален менаџер.