Календар на настани во Brainster 16 – 31 март 2024

Да, добро читате. Кај нас во Brainster и сабота е работна, барем за студентите 🙂
Ветено сторено! Прочитајте што сѐ се случува во Brainster во втората половина од овој месец:

 

Сабота, 16.03

Презентациja на реален проект- Lean Management & Continuous Improvement

Една од најновите и најуспешните Академии, група 1 од Академијата за Leadership & Management ќе ги презентираат своите решенија за модулскиот проект Lean Management & Continuous Improvement под менторство на инструкторот Александар Стевковски.

Понеделник, 18.03

Интро ден на група 19 – Академија за Front-end програмирање

Им посакуваме добредојде на група 19, Академија за Front- End програмирање, во живо во просториите на Brainster. Интро денови на кои новите студенти се запознаваат со инструкторите, тимот и програмата.

 

Вторник, 19.03

Интро ден на група 31 – Академија за софтвер тестинг

Им посакуваме добредојде на група 31, Академија за Софтвер тестинг во живо во просториите на Brainster. Интро денови на кои новите студенти се запознаваат со инструкторите, тимот и програмата.

Вторник, 19.03

Презентациja на реален проект – Content Marketing Strategy КинеМое

Студентите од група 44, Академија за дигитален маркетинг ги презентираат резултатите од работата на реален проект. Презентацијата на изработените маркетинг стратегии за клиентот КинеМое е под менторство на инстуркторката Ива Дујак.

Четврток, 21.03 

Интро ден на група 45 и 46, Академија за дигитален маркетинг

Им посакуваме добредојде на група 45 и 46, Академија за дигитален маркетинг во живо во просториите на Brainster. Интро денови на кои новите студенти се запознаваат со инструкторите, тимот и програмата.

Интро ден на група 28, Академија за графички дизајн

Им посакуваме добредојде на група 28, Академија за графички дизајн во живо во просториите на Brainster. Интро денови на кои новите студенти се запознаваат со инструкторите, тимот и програмата.

Вторник, 26.03

BrainsterTalks: Од креативност до кариера 

Настаните кои долго ги очекувавме. Отворен настан за сите во Laboratorium. 
Слушни – креативци, види – изложба, научи – како твојата креативност да ја претвориш во кариера.

Старт: 19:00

Локација: Labоratorium

Настани огранизирани од Brainster од отворен тип.

Презентации на Иван Дургутовски, Милан Стојанов (Publics) и Матеја Николиќ (Farbicca).
По завршување на настанот остануваме на пијачка, networking и музика со DJ SoulCase.

Сабота-Недела, 30- 31.03

Онлајн Хакатон за Smircle Академија за дигитален маркетинг + Академија за графички дизајн

Хакатоните во кои студентите имаат можност да работат крос – тимови и академии, да соработуваат и да креираат. Студентите од групите 41 и 42 на Академијата за дигитален маркетинг во тимови заедно со групите 24 и 25 од Академијата за графички дизајн ќе учествуваат на онлајн хакатонот за проект на клиентот Smircle.

Те чекаме на 26ти во Лабораториум на инспиративни talks, добра музика и одлична дружба!
Резервирај го твоето место тука.

Related Stories For You

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!