Сѐ додека технологијата го движи светот, ИТ позициите нема да бидат помалку барани

Живееме во ера каде со динамичниот развој на технологијата, побарувачката за ИТ специјалисти пропорционално се зголемува. Иако минатата година се зборуваше дека ќе му дојде крајот на ИТ ‘boom’-от на пазарот на труд, компаниите глобално – големи, средни и мали по големина – не престанаа со барање на соодветен ИТ кадар и отварање нови позиции, особено во оваа нова ера на (генеративна) вештачка интелигенција.  

 

Иако во 2023-та посведочивме едни од најголемите отпуштања во ИТ индустријата, особено од големите tech компании како Google и Microsoft, оваа година многу од експертите сугерираат дека ситуацијата ќе се смени според неколку фактори:

  • ќе се појавуваат нови и нови апликации и платформи
  • компаниите ќе продолжат да минуваат низ дигитални трансформации
  • бројот на корисници на паметни телефони ќе продолжи да се зголемува
  • е-commerce продолжува да е во пораст
  • интеграцијатаа на машинско учење и AI, особено од минатиот квартал
  • популарноста на програмските јазици не е променета од јануари 2023-та до јануари 2024-та

 …како и многу други фактори. Сѐ додека технологијата продолжува да се развива и да биде побарувана, ИТ позициите нема да бидат помалку барани.

 

Иако постојано читаме за ‘презаситеностa’ од технички позиции на пазарот на труд, сѐ додека светот бележи технолошки развој (драстичен или инкрементален), услугите на девелопери, програмери, ИТ специјалисти, тестери, аналисти, специјалисти за машинско учење и податочна наука ќе се барани и ќе се користат во организациите и бизнисите во и надвор од ИТ индустријата. Дополнително, растот на digital-first организации пропорционално ќе го зголеми растот на побарувачка на позиции од овие сфери. Но, компаниите ќе се фокусираат на вработување на вистинскиот талент кој им е потребен – кандидати кои се издвојуваат во вештините што ги поседуваат.

 

На академиите за програмирање, софтверско тестирање и Data Science во изминатите 6 месеци се вработија 71 студент преку нашите партнерства со организации, бизниси и компании во различни индустрии. 71 успешен студент. 71 посветен студент. 71 истраен студент.

 

Нашата програма има за цел да ја најде соодветната компанија за соодветниот талент преку препораки и matchmaking – и обратно. Во просек, преку програмата доаѓаат барања за 25 огласи за отворени позиции месечно, што значи дека дури 40% од студентите го поминуваат процесот на вработување, споредбено со глобалната просечна стапка на вработување која изнесува од 3-7% во различни индустрии и за различни позиции.


Позиции кои се најдоја на најчестите огласи за работа на нашите партнери кои вработуваат од Brainster

Еве дел од успешните кариерни трансформации на студентите од академиите за Data Science, Front-end, Full-stack и Software Testing:

Академија за Data Science

Слободанка Кировска кариерниот switch го започна како Data Science практикант во OESON. Теодора Илоска додека студираше на академијата започна пракса во IWConnect како дата инженер, а Драгана Коцеска доби унапредување на своето работно место како Power Electronics & Energy Management Data Scientist. 

Front-end програмирање

Никола Бошевски само 3 месеци по завршување на академијата ја започна својата кариерна трансформација преку пракса како Frontend Developer во Vestel Global. Мартин Чубриноски започна кариера како Frontend Developer во Pabau, a Леонардо Марковски од графички дизајнер продолжи како Frontend Developer во X Gate.

Full-stack програмирање

Димче Картинов успешно направи влез во ИТ индустријата – веќе скоро две години работи како Fullstack Developer во Brainster. Филип Петрушевски од студент оствари свеж почеток како Associate Software Developer во Qinshift. Мартин Стојанов, преку работа на реален проект на академијата, се вработи како Junior Full-Stack PHP/Laravel developer во Revel.

Студенти кои се вработија кај нашите партнер-компании преку Програмата за вработување и препораки

Software Testing

Елена Стојановска, од дипломиран социјален работник, направи целосна кариерна трансформација и работи во Quipu како Software Tester. Александар Христов го започна влезот во ИТ со пракса во Sorsix како QA Engineer, a Александар Несторовски својата пракса во Unlimited Coders ја продолжи со full-time позиција како Jr QA Engineer.

Како и овие наши истрајни студенти, она што сите ние треба да направиме за да бидеме во чекор со она што индустријата го бара е да продолжиме со учење нови вештини, односно вештини на новата ера – оние кои ќе нѐ истакнат меѓу најконкурентниот талент во ИТ-индустријата! 

 

Кои вештини ќе бидат тие ќе дознаеш во вториот дел, на нашиот следен блог-пост 🙂

Дотогаш, провери слободни места на нашите академии за програмирање: Data Science, Full-stack програмирање, Front-end програмирање и Софтверско Тестирање, и избери образование кое вработува.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА