Како сложувалка, во која парчињата треба да се поклопуваат, за да се добие целата слика, така и во процесот на вработување, кандидатот и компанијата треба да се фит, за успешна соработка. Добриот match нема поврзаност ниту со магија, ниту со хемија, тарот карти или пак со хороскоп, туку има реална конекција со прецизно изградената програма и едукација на студентите со тоа што го бараат компаниите што вработуваат. 

Можноста за вработување, која Brainster ја нуди на своите студенти, е со двоен бенефит. Од еднa страна студентите стигнуваат до крајната цел, и ја наоѓаат работата од соништата, а од друга страна, компаниите добиваат квалитетен кадар, подготвен да се вклопи во тимот. Со цел да ги поврзат студентите со идните работодавци, програмата на Brainster има повеќе иновации како: работа на реални проекти за реални компании, предавања од експерти од индустријата, партнерства за вработување, организација на хакатони, но и на регрутатони. Во продолжение може да го прочитате разговорот со Слаџана Синколова, Recruitment Consultant & Client Lead на Frontwise Group.

Што се случува на еден регрутатон?

Станува збор за настан фокусиран на регрутирање или ангажирање таленти. Компаниите или регрутерите може да се вклучат во различни активности како давање задачи/ предизвици и  спроведување интервјуа, сѐ со цел наоѓање соодветни кандидати за отворените работни позиции.  

Терминот е комбинација од зборот „регрут“, што се однесува на процесот на доведување нов персонал, и „тон“, што е кратенка од „маратон“, што сугерира на одржлив и енергичен напор во одреден период. Токму такви се регрутатоните, кои се креирани да го насочат процесот на вработување, да достигнат голем број потенцијални кандидати и да постигнат значителен напредок во пополнувањето на слободните работни места во дефинирана временска рамка.

Можноста за вработување е еден од 9-те фактори за вработување во професиите од новата ера, што ги бараат компаниите денес, а кои Brainster им ги овозможува на своите студенти со новата иновативна програма Brainster+. 

Поддршката при вработување ја реализираме преку партнерската мрежа на Brainster од 150+ македонски и интернационални компании. 

Како до поефикасно наоѓање нови кадри?

Во соработка со нашата партнерска компанија Frontwise Group го реализиравме регрутатонот за студентите од Академијата за човечки ресурси. Колку овој иновативен пристап за доближување на талентите до компаниите е ефективен, дали регрутерите имаат можност да се запознаат со вештините на студентите.

Разговаравме со Слаџана Синколова, Recruitment Consultant & Client Lead на Frontwise Group. Таа истакнува дека клучен е сорсингот (sourcing), кој преставува процес на идентификување, привлекување и регрутирање квалификувани кандидати за слободни работни места во една организација. Тоа е важен аспект на наоѓање нови таленти и вклучува пребарување на потенцијални кандидати преку различни канали и методи. 

Неодамна се одржа регрутатон со студентите од Академијата за човечки ресурси. Како придонесуваат ваквите активности во подготовка на студентите за реалните предизвици во професионалниот свет?


Активности, како овогодинешниот регрутатон организиран од Brainster и Frontwise Group, ги подготвува студенти да размислуваат на поинаков начин, за да дојдат до одговорите кои им се потребни. Во регрутацијата важни се вештините за сорсинг. Тоа е токму она што практично го учат студентите на овие регрутатони.

На регрутатонот се зборуваше за променливоста на пазарот на труд и потребата од постојано надоградување и учење. Дали може да ни споделиш на кој начин се практикува тоа во оваа индустрија?


Надоградување на вештините во регрутацијата може да се практикува на неколку начини. Прво и најважно сметам дека секогаш треба да се издвои време за разбирање на позициите за кои се регрутира. Треба да се следат новостите во сферата (најчесто преку блог-постови на други регрутери). Тоа подразбира и новости за промени во однос на сорсингот како и изнаоѓање нови алатки за автоматизација на процесот. Во однос на технички вештини, можам да го издвојам Jan Tegze, додека пак во однос на Diversity Hiring и Tech Hiring ја препорачувам Ана Павлова.

Кои содржини би сакале да им се доближат на студентите за да бидат вешти и успешни во идните кариери?


Дефинитивно сметам дека сорсингот како вештина е потценета и треба да се осврне поголем фокус на истата.


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за човечки ресурси

 


Процес кој во Македонија допрва се развива

Со новата програма Braister+, студентите имаат можност да стекнат обука за подобри вештини за вработување, напредни технички вештини и учење на AI алатки. Како гледате дека тоа ќе влијае на нивната вработливост?


Сметам дека пресудно за вработливост и успешност во полето секогаш ќе се должи на проактивност, развиени социјални вештини како и желбата за проучување на доменот за кој се регрутира. Алатките се супер за автоматизација на работата на регрутерот, но пресудните одлуки кои треба да се донесат зависат секогаш од искуствата и разбирањето на регрутерот, имајќи ја предвид целосната слика на регрутерскиот циклус.

Може ли да ни дадеш мал осврт на трендовите во HR, Recruitment, Executive Search и Talent Acquisition, во светот и кај нас?


Од трендовите кои ги гледам досега, регрутирањето нови кадри во Македонија е во рана фаза на развиток и не е на нивото на кое се одвива во светот. Тука генерално спаѓа под работата на специјалистот за човечки ресурси, или пак правно лице, што не е практика во корпорациите на глобално ниво. Во однос на актуелни трендови, гледам сѐ поголем замав на инкорпорација на AI алатки во самиот процес.

Нашиот Learning Partner 

Компанијата Frontwise Group, која е основана во 2014 година, овозможува регрутирање на нови вработени за клиенти. Frontwise Group обезбедува исклучителни резултати кои ги надминуваат традиционалните фирми за регрутирање. Посветеноста на компанијата да испорача вредност и да поттикне позитивни промени во индустријата за регрутирање е очигледна преку континуирано подобрување и прилагодување кон потребите на клиентите. Со талентиран тим и технологија, Frontwise Group е подготвена да обезбеди одлична услуга и резултати на своите клиенти.

Frontwise Group е Learning Partner na Brainster од самите почетоци на Академијата за човечки ресурси, односно уште од првата група во декември 2021, со кои се одржа и првиот регрутатон. Ваков проект се организира за секоја група од академијата. Хакатонот целосно го водат Frontwise Group, со што студентите добиваат директни информации од професионалци од индустријата кои работат на овие содржини секојдневно.

Како до 1.000.000€? 🤫