Методологијата за развивање микрокреденцијали беше дискутирана на Еразмус состанокот во Скопје, во период од 17. до 19. април 2024 година. На овој состанок учествуваа организации од осум земји како дел од проектот БЕМ „Beyond Europe with Micro-credentials“. Овие земји ги вклучуваат Македонија, Србија, Црна Гора, Германија, Норвешка, Грузија, Ерменија и Украина.

Настанот беше хостиран во Brainster, еден од партнерите на проектот од Македонија. Во рамките на овој трет координативен состанок беше истакнато дека целта на состанокот е да се пионира методолошкиот пристап за зголемување на транспарентноста и меѓународното признавање на микрокреденцијалите, кои треба да се во согласност со стандардите кои се на сила во Европската Унија, истовремено почитувајќи ги националните законски барања.

Состанокот беше отворен со говори од претставници на институции и партнери од Македонија. Имено, г-ѓа Билјана Казанџиска, Државен секретар во Министерството за образование и наука, г-дин Шериф Мифтари, Директор на Центарот за стручно образование и обука и Александар Клашиновски, Оперативен директор на Brainster и Извршен директор на Brainster Next College.

Г-ѓа Билјана Казанџиева од Минстерство за образование и наука нагласи:
-Во современата економија, каде што потребите за вештини се менуваат брзо, микрокреденцијалите можат да бидат од клучно значење како за индивидуалците и за економијата во целост, бидејќи овозможуваат брза и ефикасна надградба на вештините и компетенциите потребни за успешното функционирање на современиот пазар на трудот.

Директорот на Центарот за стручно образование и обука, г-дин Шериф Мифтари, сподели за улогата на Центарот:
-Центарот е институција која се бави со стручно образование и обука и во тој контекст, го развива и усовршува стручното образование преку разни форми на проектни активности, создавајќи симбиоза со компаниите, создава нови квалификации и ги усогласува со потребите на пазарот на трудот.

Во еволуирачкиот пејзаж на образованието и вработувањето, микрокреденцијалите служат како компас што ги води индивидуите кон персонализирано стекнување на вештини, што ги овозможува да се справат со глобалните можности со увереност. Проектот БЕМ, финансиран од Еразмус+ програмата на ЕУ се фокусира и кон развивање  микрокреденцијали прилагодени на потребите на пазарот на труд и барањата на работодавачите.

Иновативниот аспект вклучува потпишување Меморандуми за соработка со клучни работодавачи и институции за посредување на пазарот на трудот. Оваа соработка им овозможува на работодавачите да влијаат на дизајнирањето на микрокреденцијали врз основа на нивните потреби. Во продолжение, овие микрокреденцијали ќе поминат низ методолошка алигнментација и хармонизација, овозможувајќи на индивидуалците да имаат признавање на нивното учење низ цела Европа.

Г-дин Клашниновски заклучи со повторување на важноста од развивање на курсеви релевантни за индустријата, кои се во основите на образовните производи на Brainster, и во стручното образование што Brainster го нуди во Северна Македонија и Албанија, но и во високото образование на Brainster Next College.

Во прилог следуваат фотографиите од настанот и атмосферата:

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.