Пред некоја програма или апликација да се пушти во употреба потребно е таа да се провери. Оваа проверка е задолжение на софтвер тестерите, кои го проверуваат работењето на производот.
Преку софтверското тестирање, се открива дали производот/апликацијата работи како што е предвидено, се тестираат и отстрануваат грешки, се подобруваат некои елементи и слично.
Ако твоите интереси се насочени кон технологијата, истражувањето и работата со податоци и нивна проверка, го имаме вистинскиот избор за тебе! Преку Brainster Академијата за Software Testing можеш да станеш најдобриот софтвер тестер и притоа да се стекнеш со практично искуство додека учиш, преку работа на реални проекти за домашни и странски компании.
Во продолжение ќе најдеш 5 совети кои ќе ти помогнат на патот да станеш успешен софтвер тестер, ако се одлучиш да работиш во ова поле!
1.Добро запознај се со производот!
Доброто разбирање на функционалностите на апликацијата или софтверот кој го тестираш е клучно. Запознавањето со корисничките потреби и бизнис барањата ќе ти помогне да тестираш поефикасно.
2.Направи софтверски тест план!
Секогаш работата е поефикасна кога се работи по одреден план! Структурирај го тестирањето преку креирање на детален план за тестирање. Ова ќе ти помогне да го организираш процесот, да ги покриеш сите аспекти на апликацијата и да го следиш напредокот и резултатите. Одреди ги тест случаите внимателно, покриј ги сите аспекти на софтверот (позитивни и негативни сценарија) и провери ги сите можни комбинации на влезни податоци.
3. Фокусирај се на корисничкото искуство!
Софтвер тестерот мора да се фокусира на искуството на крајните корисници, предвидувајќи ги нивните интеракции и очекувања. Со приоритизирање на корисничкото искуство, тестерот придонесува за испорака на технички здрав производ што ќе резонира кај корисниците. Така се поттикнува задоволство и лојалност додека се минимизира ризикот од потенцијални проблеми со употребливоста.
4.Документирај ги резултатите!
Забележи ги сите проблеми и несогласности што ќе ги откриеш, вклучувајќи ги и податоците за околностите при кои се јавиле. Ова ќе ти помогне во упатувањето на развојниот тим за решавање на проблемите.
5.Работи како дел од тимот!
Тестирањето на софтвер не е работа за еден човек. Соработувај со тимот што го развива продуктот и оние кои заедно со тебе работат на полето на тестирање. Вклучи ги во работата development тимот, product тимот и другите учесници во проектот за да се постигне најдобриот краен резултат.
Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за software testing
Многу е значајна помошта и советите упатени од оние кои веќе се искусни на полето на софтверското тестирање или софтверското инженерство. Следната мисла доаѓа токму од еден таков човек кој е софтверски инженер, угледен и наградуван професор, кој вели: