Со развојот на AI технологијата се поставува едно клучно прашање во однос на професиите: Дали AI може да ја замени мојата професија?
Ако ова прашање редовно „шета“ низ твоите мисли, тогаш ти препорачуваме да го решиш овој квиз. 10 прашања те делат финалниот одговор од нашиот AI квиз, кој ќе ти помогне да дознаеш дали AI ќе ја замени твојата професија.
За едни од најактуелните професии во денешницата кои претставуваат спој на креативност и технологија се сметаат графички дизајн, UX/UI дизајн и дигитален маркетинг.
Во овој текст ќе се осврнеме кон овие професии и подетално ќе објасниме дали AI може да им биде пријател или непријател на овие професии.
Графички и UX/UI дизајнери
Ја прашавме една од најкористените AI алатки, ChatGPT „ Дали AI може да ги замени професиите на графичките и UX/UI дизајнерите“, на што следуваше овој одговор:
Потврдата доаѓа и од самата AI алатка. Неколку клучни причини зошто AI не може да ги замени овие професии се:
- Креативноста која ја поседуваат луѓето
- AI нема човечка емпатија, нема познавања за етиката на некоја компанија / клиент
- Не може да оствари ефективна комуникација со останатите клиентите за да ја разбере нивната визија или со copywriters, маркетери…
AI може да им помогне на дизајнерите така што:
- Mоже да решава задачи кои се повторуваат репетитивно
- Може да прави анализи на податоци
- Може да извршува мали задачи, но не и да креира цела креативна кампања според желбите на клиентот
Дигитални маркетери
Истиот експеримент со AI алатката ChatGPT го повторивме и со професијата за дигитален маркетер на што го добивме следниот одговор:
Според самата алатка, оваа професија тешко би се заменила со AI, и тоа би било така поради неколку причини:
- Човечка експертиза
- Пропуштање на човечките / културните разлики
- Промени во однесувањето на потрошувачите
- Развивање целосни маркетинг стратегии
Од друга страна пак, оваа алатка може и да им биде од корист на дигиталните маркетери, на следниов начин:
- Може да врши анализа на податоци
- Може да прави персонализирани пораки до клиентите
- Може да креира мали форми на текстови (мејлови, блогови, описи)
Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за графички дизајн и дигитален маркетинг
Статистичките истражувања, направија споредба помеѓу човечката креативност и AI, a резултатите го покажаа ова:
- Истражувањата од „Harvard Business Review“ истакнуваат дека човечката креативност е водена од емоции, искуства, културни елементи, кои AI не може да ги долови. Овој човечки елемент е клучен за задачи кои бараат длабоко креативно размислување и емоционална вклученост.
Додека пак од перцепцијата на потрошувачите следуваа вакви резултати:
- Истражувањето на McKinsey покажува дека 70% од потрошувачите претпочитаат содржина создадена од човек, наместо содржина генерирана од AI кога станува збор за реклами и маркетинг материјали. Ова ја нагласува континуираната вредност на човечкиот допир во создавањето содржина што емотивно резонира со публиката.