Во рамки на програмата за кариерно ориентирање на Brainster, креиравме Кариерен модул, кој има за цел да им помогне на студентите да ги стекнат вештините и знаењето што им се потребни за успех во своите кариери. Овој модул е клучен дел од наставната програма и има за цел да им помогне на студентите да направат успешен премин од академијата во професионалниот свет

Во интервјуто со Виктор Пеевски, разговараме за најважните аспекти на кариерното ориентирање. Неговите сесии покриваат основни теми како што се потрага по релевантни работни позиции, пишувањето на CV и cover letter, оптимизацијата на LinkedIn профилот, но и важноста на изградбата на личен бренд. Виктор ја споделува неговата визија за тоа како студентите треба да се подготват за пазарот на трудот и како да се презентираат пред потенцијални работодавци.

Прочитајте го разговорот за повеќе совети и препораки кои ќе ти помогнат да ја започнеш или промениш твојата кариера.

Кои се најважните аспекти што ги истакнуваш при учење на студентите како да го изградат својот личен бренд?

Да бидат свои, самоуверени и искрени; да не се срамат од нивната претходна или сегашна кариера, бидејќи многу од стекнатите досегашни вештини можат да се пренесат и во новата кариера.

Кои стратегии им ги препорачуваш на студентите за ефикасно барање на релевантни работни позиции на пазарот?

Темелно истражување на пазарот на трудот, одлично подготвен LinkedIn профил, интензивно следење и аплицирање на огласи и networking со регрутери и вработени од ИТ-компаниите.

Како студентите најдобро можат да ги презентираат своите вештини и уникатни карактеристики пред потенцијални работодавци?

Тоа најдобро можат да го направат на самите интервјуа за работа, но за да стигнат до интервјуто, многу може да им помогне добриот LinkedIn профил. Пред сѐ, при презентирањето на нивните вештини да бидат многу уверливи, кратки и јасни.


🎁 Создадовме early bird понуда за да те поддржиме во твојата кариера во 2025! Аплицирај сега и започни да градиш успешна иднина! 🎁

Кој е твојот пристап при обучување за оптимизација на LinkedIn профил, и кои се најчестите грешки што ги прават студентите?

Секогаш треба да се обрне внимание на деталите околу креирањето, но и одржувањето на самиот профил. Профилот треба да изобилува со многу информации коишто ќе им бидат од корист на регрутерите/работодавачите.

Најчести грешки се: недостаток на лична професионална фотографија и позадина на профилот, ненаведување на проектите од академиите, недостаток на информации за претходните работни искуства на студентите.

Дали можете да издвоите еден кариерен совет за 2025 година?

Упорност, истрајност и огромна желба за учење. Овие работи дефинитивно ќе ве донесат до вашето прво интервју во ИТ-индустријата.

Какви се актуелните трендови на индустријата и информации за пазарот на работа што ги делите со студентите за време на оваа сесија?

ИТ-индустријата како и глобалната економија се во моментална криза, така што на студентите им препорачувам да се сконцентрираат на ИТ-компаниите коишто развиваат свои продукти/софтвери бидејќи тие се постабилни и нудат поголем број на работни места за разлика од IT-outsourcing компаниите.

Каков совет најчесто им давате на студентите кои се заинтересирани за фриленсинг како кариера?

Пред сѐ да бидат истрајни, упорни, да веруваат во себе и постојано да учат и да се надградуваат бидејќи во фриленсингот конкуренцијата е поголема и посилна, а работодавачите во повеќето случаи имаат повисоки критериуми и барања, но секако ништо не е невозможно.


Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).