Септември е месецот кој потсетува на почеток, нов и свеж старт. Оваа атмосфера се чувствува и во Brainster, а што поточно нѐ очекува овој месец? Продолжи да читаш и откриј!
Недела 01.09.2024
Академија за дигитален маркетинг
Презентација на решенија од онлајн хакатонот со Digital Halo
Студентите од академиите за дигитален маркетинг и графички дизајн ќе ги презентираат своите решенија за кампањата што ќе ја работат во рамки на онлајн хакатонот за клиентот Digital Halo.
Четврток 05.09.2024
Graduation настан за студентите
Четврток 05.09.2024
Академија за графички дизајн
Презентација на решенија за клиентот НЏО
Студентите од академијата за графички дизајн ќе ги презентираат своите решенија за клиентот НЏО под менторство на Михајло Тунев.
Сабота-понеделник 14.09.2024- 16.09.2024
Академија за Data Science
Math&Stat Hackathon
Онлајн хакатон за математика и статистика за група 15 на академијата за Data Science под менторство на Иван Гочев.
Вторник-недела 10.09.2024-22.09.2024
Академија за Data Science
Power BI проект под менторство на инструкторот Александар Анастасов
Студентите од група 16 на академијата за Data Science ќе работат на Power BI проект под менторство на инстуркторот Александар Анастасов.
Четврток 12.09.2024
Академија за дигитален маркетинг
Презентација на решенија пред клиентот Национален оркестар на џез музичари
Студентите од група 47 ќе ги презентираат своите решенија за проектот во рамките на модулот Content Marketing & Visual Storytelling пред клиентот Национален оркестар на џез музичари под менторство на Ива Дујак.
Понеделник-петок 16.09.2024- 27.09.2024
Настани за запознавање со студентите од новите групи
Сабота-недела 21.09.2024-22.09.2024
Академија за Full-stack програмирање
Онлајн хакатон за клиентот Крик за групите 15 и 16.
Вторник 24.09.2024
Академија за графички дизајн
Презентација на решенија за Brand Identity за клиентот Petsy
Студентите од група 26 и 27 на академијата за графички дизајн ќе ги презентираат своите решенија за финалниот проект за Brand Identity за клиентот Petsy што ќе го работат под менторство на Дијана Димитриевска, Александар Нофитовски и Александар Поповски.
Понеделник 30.09.2024
Академија за Front-end програмирање
Презентација на завршен проект – креирање на веб-страница за МАЧР
Презентации на завршен проект на студентите од група 16 и група 17 од академијата за Front-end програмирање кои ќе работат на креирање веб-страница за МАЧР под менторство на Огнен Бендевски и Александар Мелов.
Следи нѐ на социјалните мрежи и биди во тек со сите нови случувања во Brainster!