По долгата пауза од празниците повторно се враќаме на работа, спремни за да оствариме многу нови активности и овој месец. Ни следат многу презентации, завршни проекти, онлајн хакатон, настани за вмрежување и секако месечниот настан „Од креативност до кариера“ и овој пат со различна тема и нови гости.
Прочитај подолу што сѐ, ќе се случува овој месец!
Понеделник-Четврток 29.04.2024 – 02.05.2024
Академија за човечки ресурси и Академија за дигитален маркетинг
Mockup Interviews
Во овој период студентите од групите 41 и 42 на Академијата за дигитален маркетинг учествуваа на мокап интервјуа што ги предводеа студентите од Академијата за човечки ресурси преку кои ќе можат да се подготват за реалните интервјуа при процесот на барање работа.
Вторник 07.05.2024
Академија за дигитален маркетинг
Презентација на реален проект – дигитална маркетинг стратегија за V1 Solutions
Групите 45 и 46 од Академијата за дигитален маркетинг ги презентираа своите проекти пред клиентот V1 Solutions што го работат под менторство на инстуркторот Виктор Милевски во рамките на модулот Digital Marketing Strategy.
Четврток 09.05.2024
Академија за UX/UI дизајн
Презентација на реален проект за Стартап Македонија
Група 12 на Академијата за UX/UI дизајн ги презентираше своите проекти пред клиентот Стартап Македонија што го работат под менторство на инстуркторот Златан Мујчин во рамките на модулот UX design in the real world.
Понеделник – Вторник 13.05.2024 – 14.05.2024
Академија за Software Testing
Презентација на завршен реален проект за Bookworm
Групите 27 и 28 од Академијата за Software Testing ќе ги презентираат своите завршни проекти на Академијата пред клиентот Bookworm кои ги работат под менторство на асистентите Никола Цветковски и Драган Петровски.
Сабота – Недела 18.05.2024 – 19.05.2024
Академија за Full-stack програмирање
Online Hackathon за Data Hub
Група 14 на Академијата за Full-Stack програмирање ќе работи на онлајн хакатон за клиентот Data Hub под менторство на инструкторот Димче Картинов.
Петок – Петок 24.05.2024 – 31.05.2024
Денови на networking настани со новите групи
Настани за добредојде на новите групи студенти
Група 47 на Академијата за дигитален маркетинг
Група 29 на Академијата за графички дизајн
Група 20 на Академијата за Front-End програмирање
Група 19 на Академијата за Full-Stack програмирање
Група 32 на Академијата за Software testing
Група 17 на Академијата за Data Science
Група 9 на Академијата за Project and Product Management
Вторник 21.05.2024
Brainster Talks vol. 3
„Од креативност до кариера“. Ве очекуваме во Лабораториум на 21 мај од 17:00 часот!
Четврток 23.05.2024
Академија за графички дизајн
Презентација на реален проект – Визуелен идентитет за MAЧР
Групите 24 и 25 на Академијата за графички дизајн ќе ги презентираат своите решенија за Visual Identity пред клиентот МАЧР кој го работат под менторство на инструкторот Александар Нофитоски.
Продуктивноста и бројот на новите проекти ќе се зголемуваат низ целиот месец мај. Следи нѐ и биди во тек со сите случувања од заедницата!