Август, нов месец, нови Brainster настани! Во осмиот месец од годината ни следуваат многу нови презентации, онлајн хакатони, посета на печатница и многу други активности.

Понеделник – недела 05-18.08.2024

Академија за Data Science

SQL проект под менторство на инструкторот Марјан Пушев

Студентите од група 17 на академијата за Data Science ќе работат на SQL проект под менторство на инструкторот Марјан Пушев.

Четврток 15.08.2024

Академија за дигитален маркетинг

Презентации за завршен проект за клиентот FitKit

Презентации за завршен проект на група 44 на академијата за Дигитален маркетинг за креирање маркетинг стратегија за клиентот FitKit или за сопствен бизнис.

Четврток 15.08.2024

Академија за графички дизајн

Посета на печатница 

Студентите од група 28 на академијата за графички дизајн, во рамките на модулот Layout со инструкторот Небојша Гелевски ќе одат во посета на печатница.

Петок 16.08.2024

Академија за дигитален маркетинг

Презентации за Landing page за клиентот FitKit

Студентите од група 47 ќе ги презентираат своите решенија за landing page за клиентот Младите Можат под менторство на инструкторите Вилијам Додевски и Давид Шојиќ.

Сабота – Недела 17-18.08.2024

Академија за Software Testing

Онлајн хакатон од делот за мануелно тестирање 

Студентите од група 32 на академијата за софтвер тестинг ќе работат на онлајн хакатон во рамките на делот за мануелно тестирање под менторство на инструкторката Катерина Крстовска.

Четврток 22.08.2024

Академија за графички дизајн

Презентации за дизајн на корица за клиентот Аrs Lamina

Студентите од група 28 ќе ги презентираат своите решенија за дизајн на корица за клиентот Ars Lamina под менторство на инструкторот Небојша Гелевски-Бане.

Сабота – недела 24-25.08.2024

Академија за UX/UI дизајн и графички дизајн

Онлајн хакатон за UX/UI и графички дизајн

Студентите од академиите за UX/UI дизајн и графички дизајн заедно ќе работат на дизајн на веб страна за Котур.

Сабота – недела  31.08-01.09.2024

Академија за маркетинг и графички дизајн


Онлајн хакатон – за клиентот Digital Halo

Студентите од академиите за дигитален маркетинг и графички дизајн заедно ќе работат на кампања за клиентот Digital Halo. 

Пред нас е возбудлив месец. Следи нѐ, на социјалните мрежи за да бидеш во тек со сите тековни настани!