Дали си подготвен/а за следните пет години?
Никој повеќе не се прашува дали ќе биде заменет од AI. Времето на недоволна информираност, кога владееше параноја дали вештачката интелигенција ќе ја замени нашата професија, е веќе одамна зад нас. Денес, прашањето не е дали, туку како да соработуваме со AI за да ја изградиме иднината што ја посакуваме.
Во наредните 5 години, секоја индустрија ќе подлежи на промени поради вештачката интелигенција. На оваа тема, во понеделникот (19.08.2024) се одржа онлајн мастер-класот „Како AI ќе ги трансформира работните позиции во наредните 5 години“. Целта на AI Masterclass беше да се дискутира за овие промени за подобро да се подготвиме за блиската иднина. Пријавените учесници на мастер-класот, кои доаѓаа од различни индустрии, добија можност да научат како да ја искористат вештачката интелигенција во своја полза.
Образованието треба да нè подготви!
Од сите институции, образованието треба да ја има клучната улога за справување со предизвиците и можностите што ги носи AI.
Brainster веќе го препозна значењето на овие промени и активно ги интегрира AI технологиите во својата студиска програма. Со додавање нови AI курсеви за програмирање, бизнис и креативни индустрии, како и AI етика, студентите на Brainster и Brainster Next добиваат алатки и знаења кои ќе им обезбедат значајна конкурентска предност на пазарот на труд. Програмите се постојано ажурирани и адаптирани за да ги вклучуваат најновите AI алатки, овозможувајќи им на студентите да бидат подготвени за иднината.
На настанот, основачот на Brainster и Brainster Next факултетот, Петар Ниновски, дискутираше со своите соработници за нивните увиди за иднината на работните позиции под влијание на вештачката интелигенција. Но, и како да ја искористиме вештачката интелигенција во наша корист за да бидеме попродуктивни и поефикасни. Александар Клашниновски, CEO на Brainster Next, зборуваше за тоа како AI ќе продолжи да ја трансформира нашата иднина, и како образованието ќе игра клучна улога во овој процес. Тој ги истакна промените што се потребни во начинот на кој учиме и во студиските програми, нагласувајќи дека традиционалното учење мора да еволуира за да биде во чекор со потребите на иднината. Викторија Дамчевска, People Operations Manager во Brainster, сподели како AI ќе ја промени нашата работа денес и во наредните 5 години. Јана Тодоровска, лидерка на Partnerships во Brainster, истакна како компаниите се адаптираат кон новата реалност и кои вештини сега се најбарани.
Заклучокот е дека комбинирањето на човечката и вештачката интелигенција ќе биде клучот за успех во иднина, а оние кои ќе почнат да се подготвуваат за промените на време, ќе имаат најголема корист од нив. Токму сега е моментот да се почне со учење и адаптирање на новите технологии за да се биде конкурентен на пазарот на труд во иднината. Раната подготовка ќе овозможи поефикасно искористување на новите можности што AI ќе ги донесе.
Враќање на иницијативата „Ваучери“
На онлајн настанот беше најавено дека, заедно со партнер компаниите, Brainster повторно ја активира иницијативата „Ваучери“. Оваа иницијатива ќе додели 100 ваучери од по 1.000 евра на 100 студенти, со цел да се доближи образованието до што поголем број таленти и да им се овозможи подобар старт во нивните кариери. Оваа поддршка е резултат на партнерствата кои групацијата Brainster ги гради со години, а успехот на тимот Партнерства во поставувањето рекорди во вработувања и пракси е само доказ за нивната посветеност.