10 години Brainster: Како Brainster го трансформираше образованието во земјата?

Во текот на изминатата деценија, Brainster стана синоним за релевантно образование, практични вештини и иновативно учење во земјата. Со својата посветеност на подготовка на поединци со вештини потребни за успех во нивната кариера, Brainster ја зголемува вработливоста, отвора повеќе кариерни опции и обезбедува релевантни вештини за секој студент.

Од стартап до лидер во едукацијата

Основан во 2015 година, Brainster започна како стартап основан од Петар Ниновски, со храбра визија да го трансформира традиционалното образование. Со фокус на практично искуство и учење преку реални проекти, Brainster брзо се здоби со популарност меѓу вас, студентите, кои баравте релевантни вештини за кариера во дигиталната ера, наместо само теориско знаење.

Денес, Brainster е лидер во регионот, со илјадници студенти кои ги завршиле своите програми и започнале успешни кариери во различни креативни и IT области. 

Денес, Brainster, со Partnerships Team и мрежата од 200+ партнерски компании, веќе има вработено над 2400 студенти, станувајќи #1 образование што вработува.

Тимот на професионалци во Brainster активно и со голем ентузијазам те поддржува во твојот пат да ги развиеш своите вештини, да започнеш успешна кариера и да придонесеш за напредокот на општеството. Како групација, Brainster ти обезбедува пристап до најсовремените алатки и знаења, подготвувајќите за успех на секој чекор од твојот професионален пат.


Brainster и 11 компании коинвестираат во иднината на најталентираните 110 идни студенти. Дали си ТИ еден од нив? 🎯 Аплицирај за ТВОЈОТ ваучер и започни да работиш на твојата кариера уште денес!


10 иновации кои го транформираа образованието во земјата

Brainster континуирано ги развива своите програми, прилагодувајќи ги не само на најновите трендови на пазарот на трудот, кој постојано се менува, туку и на специфичните потреби на работодавачите кои бараат квалификувани кадри. Овој динамичен пристап гарантира дека ти како студент ќе бидеш опремен со најрелевантните и најбараните вештини, давајќи ти конкурентска предност во твојата избрана област.

Сѐ што правиме е за тебе! Најголемата причина за нашата постојана промена и трансформација се токму нашите студенти. Brainster придава големо значење на твојот фидбек, признавајќи дека твоето искуство и сознанија се непроценливи во обликувањето и подобрувањето на процесот на учење. Со активно слушање и вклучување на твојата перспектива, Brainster поттикнува соработка која го прилагодува образованието за да ги зголеми твоите индивидуални резултати од учењето и да те подготви за УСПЕХ.

Како Brainster го менува образованието?

Воведување на Partnerships Team како дел од образовниот процес –

Со формирањето на овој тим во 2018 година, на сите наши студенти им овозможивме иновативна методологија на Учење преку работа на реални проекти, како и поддршка при вработување. Оваа иницијатива нè направи лидери во бројот на вработени студенти (2400+ вработени студенти) и успешно реализирани проекти за компании. 

Brainster Next – првиот практичен акредитиран IT факултет во земјата –

Тргнавме со амбициозна цел – да станеме најголемиот и највлијателниот факултет во Македонија до 2027 година и на Балканот до 2035 година. Иновативниот пристап кој го преземавме од Brainster веќе дава резултати – 100% од првата генерација на студенти ќе бидат со работен ангажман дури шест месеци пред дипломирањето. 

Воведување на тим за поддршка на студентите

Од 2018 година, им овозможивме на нашите студенти персонализирана поддршка која ти помага да ги оствариш своите цели и да постигнеш успех во своето образование и кариера. Сѐ што правиме е за нашите студенти и тука сме за секој чекор во твојата кариера!


Brainster и 11 компании коинвестираат во иднината на најталентираните 110 идни студенти. Дали си ТИ еден од нив? 🎯 Аплицирај за ТВОЈОТ ваучер и започни да работиш на твојата кариера уште денес!


Brainster + –

Brainster+ Академиите поставуваат нов стандард за квалитетно образование за вработување. Иновативните програми овозможуваат развој на конкурентни вештини на пазарот на трудот, со цел побрзо вработување, повеќе кариерни опции и релевантност во современата AI индустрија.

Brainster Learn (Brainster) &  I am NEXT – онлајн персонализирани платформи за самостојно учење, креирани за студенти, професионалци и сите што сакаат да ги развијат своите вештини во областа на технологијата, бизнисот и креативните индустрии. Платформите нуди самостојни курсеви во повеќе категории, вклучувајќи технички вештини (програмирање, DATA, UX/UI, дизајн), деловни стратегии и личен развој.


NU College
Првиот колеџ за средношколци во Македонија кој нуди програми за практични дизајн, маркетинг и IT вештини за успешна кариера и заработка. Единствениот образовен модел во земјата за средношколци со подготовка за претприемништво и за започнување на сопствен бизнис.

Scout Train DeployПрограма која ја зголемува вработливоста на студентите преку дополнителн развој на вештини со обука од индустријата. Оваа персонализирана стратегија им помага на студентите да се стекнат со вештини што им се потребни на компаниите што ја држат обуката. Во период од 1-3 месеци, учесниците стекнуваат нови вештини, по што компанијата одлучува на кого ќе му понуди вработување.

Хакатони

48 часовни спринтови во кои се развива решение за клиент преку натпревар и тимска работа. Хакатоните се идеален простор студентите да соработуваат заедно под притисок, да развијат продукт за клиент и да разменуваат идеи и вештини додека го збогатуваат своето портфолио. Кога прашуваме кое ти е омиленото искуство на Brainster – одговорот е најчесто ХАКАТОН!

Apprenticeship програми

Напредна пракса наменета за најдобрите студенти. Студентите работат тимски во компании каде што ги развиваат своите технички и меки вештини, се подготвуваат за работната средина и придонесуваат кон развивање на значајни проекти.

Brainster Job Fair

Најголемиот IT саем во земјата за поврзување на студентите со потенцијални работодавци. Резултат: 69 врабитувања и пракси во рок од 3 месеци.

Каква иднина сакаме во следните 10 години?

Следните 10 години ќе бидат клучни за обликување на светот во кој ќе живееш. Технологијата ќе продолжи да се развива со неверојатна брзина, но дали ќе бидеш ти тој што ќе ја води, или таа ќе те води тебе? Пазарот на трудот ќе се менува, некои професии ќе исчезнат, а нови ќе се појават. За да ја изградиме иднината што ја посакуваме, мораме да дејствуваме сега. Треба да инвестираме во образование што те подготвува за предизвиците на иднината — образование кое не се фокусира само на стекнување знаење, туку и на развивање вештини како критичко размислување, креативност, решавање проблеми и соработка.

Придружи се на Brainster и биди дел од промената. Заедно можеме да го трансформираме образованието и индустријата, и да ја изградиме иднината што ја посакуваме. Преку future-proof образование, можеме да ти ја дадеме алатки и вештини за  да го обликуваш својот живот и да придонесеш за твојата заедница.


Brainster и 11 компании коинвестираат во иднината на најталентираните 110 идни студенти. Дали си ТИ еден од нив? 🎯 Аплицирај за ТВОЈОТ ваучер и започни да работиш на твојата кариера уште денес!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.