Добре дојдовте на Brainster Job Fair, првиот од многуте понатаму.

Вака го започна говорот Јана Тодоровска, лидерка на тимот „Партнерства“ од Бреинстер, денес, во Лабораториум на најголемиот ИТ саем за вработување – Brainster Job Fair.

Настанот е организиран како отскочна даска за кариерите на студентите од Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот. Па така, 200 студенти добија ексклузивен пристап да ги покажат своите вештини пред водечките ИТ компании од регионот.

На саемот, учество зазедоа педесетина компании од различни сектори од индустријата: софтверски компании, маркетинг агенции, регрутерски компании, телекомуникациски и медиумски куќи, банки, супермаркети и компании во областа на велнес и здравје. Претставниците на партнер-компаниите на саемот запознаа талентирани и иновативни кандидати како идната водечка сила во ИТ пазарот на регионот. Студентите, пак, можеа да научат директно од експертите и професионалците на саемот.

Тимот на HSO, софтверска компанија, изјави дека настанот има убава енергија и дека бараат кадри кои се спремни за нови знаења, за прогрес и за следење на најновите трендови во развивањето на вештачката агенција. Велат дека праксата е идеална можност за студентите да проверат дали можат да се вклопат во некоја компанијата. На саемот, разговаравме со Љупка Валенс којашто има започнато како практиканка во DEPT. Според Валенс, праксата дава одлична можност како многу битен аспект во започнувањето на кариера. DEPT од студентите на саемот бараат да се информираат, да поставуваат прашања и да бараат совети.

Матеа Николовска

Матеа Николовска, 20 години, студентка на Бреинстер Некст колеџот своето СV го остави во маркетинг агенцијата Публицис. Публицис нудат работни позиции за графички дизајнери и менаџери за социјални медиуми. Според претставничката на агенцијата, Публицис секогаш има потреба од нови млади таленти коишто работат графички дизајн. Матеа Николовска вели дека е задоволна од саемот и дека секој кандидат може да го најде тоа што го бара.

Елена Мијов

Елена Мијов, 35 години, студентка на UX/UI Академијата на Бреинстер, сака да направи кариерна трансформација. Таа е задоволна од претставувањето на компаниите и од вниманието коешто го посветуваат на кандидатите.

Василика Калјџиска од Slice има совет за сите оние коишто сакаат да направат креативна трансформација: да ги следат новите трендови во индустријата, постојано да се надокнадуваат и да ги развиваав своите вештини и да ги таргетират LinkedIn профилите на компаниите за кои се заинтересирани.

Целта на настанот е премостување на академскиот и кариерниот свет на студентите. Претставниците на партнер-компаниите на саемот запознаа талентирани и иновативни кандидати како идната водечка сила во ИТ пазарот на регионот. Студентите, пак, можеа да научат директно од експертите и професионалците на саемот. 

Во текот на настанот се одржа и панел дискусијата: “The ultimate career transition”, модерирана од Јана Тодоровска, раководителка на тимот Партнерства во Бреинстер, Бреинстер Некст колеџот и Бреинстер Албанија. Своите искуства, совети и знаења за кариерно реосмислување ги споделија Ивана Дојчиновска Станојковиќ, Илина Стојановски (LEAN) и Филип Стојаноски (Native Teams).


Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.