Публицис Скопје, дел од Публицис Групацијата – глобална маркетинг и комуникациска компанија, ќе се придружи на партнер-компаниите на Brainster Job Fair. Како една од најпрестижните агенции во светот, групацијата нуди маркетинг стратегии и кампањи за реномирани брендови и компании. Студентите од Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот ќе се запознаат со лидерска маркетинг агенција којашто ги следи дигиталните трендови.

Дејан Спиркоски и Василије Ќорлука, дел од тимот на Публицис Скопје, им даваат совети на кандидатите коишто ќе присуствуваат на настанот и ги охрабруваат да аплицираат. Во следниот разговор, можете да прочитате за нивните искуства и почетоци во индустријата.

Дејан Спиркоски, Art Director во Saatchi & Saatchi, дел од Публицис Скопје

Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?

Идеален кандидат, е кандидатот кој секогаш е полн со ентузијазам, тој што е љубопитен, што го интересира буквално сѐ и тој кој сака постојано да учи и да се развива.

Во кратки црти секој од студентите може да биде “идеалниот кандидат”. За нив, најважно е да кликнат

Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување?

Советот е едноставен – ќе го кажам ова со caps lock – ДА АПЛИЦИРААТ!
Па, дури и да личи на позиција која изгледа како да не е за нив… или позиција за која се плашат дека го немаат знаењето… Никогаш не знаеш каде можеш да се пронајдеш и кој може да пронајде нешто во тебе.

Го велам ова од мое лично искуство, бидејќи јас го направив истото пред 16 години – АПЛИЦИРАВ за позиција која не ја знаев, не бев сигурен дали е за мене…, а сега имам работа која ме прави навистина среќен. ☺

Василије Ќорлука – Commerce and Business Development Director

Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?

Публицис Групацијата како водечка комуникациска групација во светот, вработува преку 100.000 талентирани луѓе во 130 земји од светот. На секој пазар се трудиме да помогнеме во кариерниот раст и развој на што повеќе млади луѓе кои за прв пат влегуваат во нашата индустрија. Ја поздравуваме оваа супер иницијатива на Бреинстер!

Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?

Во време кога многу индустрии се соочуваат со тектонски промени во начинот на кој работат, потребата за млади таленти со свежи идеи и иницијативи е поголема од кога и да е. Овој настан овозможува на едно место и на супер начин компаниите да се запознаат со своите потенцијални идни вработени, а студентите имаат шанса да видат со која компанија ќе „кликнат“ најдобро и каде се подготвени да го продолжат својот пат и да го остават својот „печат“ на светот.

Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?

Да бидат гладни и љубопитни; креативни, упорни, забавни и призејмени; граѓани на светот.

Great dance moves (optional J)

Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување?

Бидете поготвени да работите во интернационална групација, според глобални правила на игра. Отворете ги чакрите за учење. Прашувајте. Светот на маркетинг комуникациите и дигиталните медиуми се менува драматично и им нуди шанса на следните победници.

If you’re ready to work hard and party harder, let’s talk!

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!