Речиси секој ден во 2023 година Brainster успеа да вработи по еден свој студент. Секој ден, еден индивидуалец, кој посакувал кариерна трансформација и почеток на нова професионална приказна, направил чекор кон подобра иднина.
Во година на глобална криза (воено-политичка и финансиска) кога се затвораа бизниси и компании, се случуваа масовни отпуштања и се намали потребата од нови вработувања, и кога со подемот на вештачката интелигенција згаснуваа работни места, Brainster бележи рекорден број вработувања на студенти. Успеавме да вработиме рекордни 356 студенти!
„Ова не е само бројка, тоа се 356 индивидуалци на кои им помогнавме да ја добијат работата од соништата. Тоа се исто толку уникатни приказни со различни позадини, кои добија успешна пресвртница, како на пример: Тијана која беше професорка по француски јазик- стана UX/UI дизајнерка или Иван кој работеше како доставувач, а сега е програмер. Тоа се 356 личности кои само за една година успеаја да си ги оставарат целите. А ние ја имавме привилегијата да им помогнеме во тоа. Ви благодариме на довербата“, вели Јана Тодоровска, Team Lead на Partnerships тимот во Brainster.
Како Brainster успеа да вработи рекордни 356 студенти за 12 месеци? Како до кариерна трансформација во 2024 година? Кои се предностите на студентите на Brainster? Ова се темите на бесплатниот онлајн-настан, кој ќе се одржи на 5 февруари (понеделник), со почеток во 19 часот. На овој инспиративен настан ќе зборуваат Тодоровска и Петар Ниновски, основачот и CEO на Brainster.
30% повеќе вработувања во споредба со 2022
Минатата година беше доста предизвикувачка. Во светски рамки, се бележи пад од 20% на работните позиции во индустријата. Многу компании, справувајќи се со тешката економската ситуација и нестабилноста, беа принудени да отпуштаат кадри. Но и покрај тоа, Brainster бележи 30% раст во процентот на вработени студенти во споредба со 2022.
„Во година на криза, најдобрата одлука што можевме да ја донесеме е да се фокусираме, да дадеме сѐ од себе, да не се откажуваме и да продолжиме напорно да си ја работиме работата и најважно од сѐ – да иновираме. Вработувања се едни од најважните индикатори според кој ја мериме работата на нашиот Partnerships тим, но и работата на сите други тимови во екосистемот на Brainster. Ако споредиме со еден фудбалски тим, Partnerships тимот можеби ги дава головите, меѓутоа секогаш ни е потребна добра игра во позадината за да стигнеме до голот“, вели Јана.
Вработувањата во 2023 се одвиваа со рекордна брзина. Имено, 74% од студентите се вработија во рок од 6 месеци по завршување на академијата, а дури 20% во текот на самата академија. Активно придонесуваме за родова рамноправност. Повеќе од половина, односно 53% од вработените студенти се жени.
100% задоволство на компаниите од реалните проекти
Partnerships тимот на студентите им овозможува поддршка во процесот на вработување, од подготовка за интерву, CV и портфолио, до поврзување со некои од 150+ македонски и интернационални партнерски компании. Од друга страна, им помага и на компаниите да дојдат до квалитетен, високостручен кадар.
Всушност овој тим дирекно обезбедува два, од вкупно 9 фактори за вработување на нашата најголема иновација досега Brainster+, а тоа се: учење преку реални проекти и можности за вработување! Со практична работа за време на академиите, работа на реални проекти и учество на хакатони, студентите добиваат искуство кое ќе им даде поголема предност при вработување. Во 2023 година студентите на Brainster академиите и на Brainster Next College реализираа над 200 реални проекти за реални компании. А процентот на задоволство од страна на компаниите за изработените проeкти е 100%! Овие ангажмани, им донесоа вработување на многу студенти. Во основата на голем дел на реалните проекти е „tech for good“, односно користење технологија за да се стигне до вистинска промена и да се даде придонес кон заедницата. Често соработуваме со невладини организации, граѓански иницијативи и институции кои имаат потреба од дигитални решенија и поддршка.
Програма фокусирана на индустријата
Учењето преку пракса е еден од темелите на програмите на Brainster и Brainster Next College. Во партнерство со компаниите, лани воведовме неколку образовни иновации: teaching партнерства (експерти од компаниите одржуваат специјализирани предавања) и Предмет од индустријата (партнерска компанија предава одреден предмет, како дел од програмата на факултетот).
„Нашиот прв teaching партнер е наградуванaта британска дигитална агенција Flowd, со која го организиравме курсот „B2B LeadGen & E-mail Marketing аdvanced“, на кој учествуваа 15 алумни од Академија за дигитален маркетинг. Како директен резултат од овој курс, тројца студенти добија вработување, од кои еден беше ангажиран од самата агенција Flowd. Од друга страна, на Brainster Next College воведовме нов предмет од индустријата – Product Engineering, кој го предава тимот на компанијата Culturetec, стартап основан од Intertec. Ваквите пракси, веруваме дека ќе го намалат јазот помеѓу потребите на индустријата и она што го нудат младите таленти“, додава таа.
Месечно по 100 студенти на берзата за таленти
На студентите првично им помагаме да заклучат во каков тип компанија сакаат да ѝработат. Потоа поминуваат интензивни кариерни работилници, каде со експерти за човечки ресурси го подготвуваат своите CV и портфолија, Linkedin профилот, GitHub (за програмерите) и друго. Уникатно во овој процес е тоа што знаењата им ги пренесуваат експерти, кои работат како регрутери. Последниот дел е подготовка за интервју. Студентите поминуваат низ практични и теоретски обуки за разговорот со потенцијалнот работодавач. Понатаму доаѓа делот со препорачување за работа.
„Во 2023 месечно испраќавме во просек по 100 студенти на берзата за таленти. Значи, дури 100 компании активно добиваа препораки од нас. Обезбедивме сесии за кариерна подготовка за сите студенти кои ги поминаа нашите академии, остваривме партнерства со 30 нови компании, кои влегоа во нашиот екосистем и како резултат на ова, вработувавме во просек по 30 студенти месечно“- вели Јана.
Бројките што се важат!
На крајот од оваа објава ги споделуваме имињата на сите 356 наши студенти, на кои им помогнавме да најдат вработување минатата година. Зад овие имиња стојат 356 животни приказни, кои се промениле и подобриле благодарение на Brainster:
Магдалена Радоничкиќ, Лари Марковски, Ивана Димчева, Тања Кочева, Дејан Миновски, Александра Јованчева, Александар Тодоров, Катерина Ристовска, Ангел Ангеловски, Aна Везенковска, Наталија Славева Тодорова, Ивана Вукелиќ, Филип Крстевски, Enikő Sliz-Veres, Павел Стојоски, Гордана Самарџиева, Ненад Марковиќ, Ивана Манасијевиќ, Исидора Ѓорѓеска, Мартин Несторовски, Мартин Луевски, Анастасија Тотовска, Мартин Крстески, Христијан Ристевски, Далибор Стоилковски, Христијан Зафироски, Даниела Дамјаноска, Стефанија Ѓурковска, Никола Путовски, Теодора Јанковска, Мариче Трпческа, Теодора Трајкова, Димитар Јовчевски, Славица Рибеиро, Паула Костадиноска, Мартина Тасевска, Александар Стојковски, Митко Кинов, Елена Сапаловска, Даниел Попадиновски, Деан Соколов, Ивана Томовска Ефремов, Мартин Стојановски, Стефани Грбева, Јулија Ј. Маринов, Тијана Аврамовиќ, Роко Иванов, Анета Димовска, Владимир Младеновски, Eva Hochstätter, Мартин Кузмановски, Мерјан Петрушевски, Трајче Сачкарски, Рената Лазаров, Дарко Сакалиев, Кирил Јаневски, Кристофер Боев, Ивана Шмид Билбилоска, Виктор Браневски, Елена Јовановска, Моника Андоновска, Ангела Милковска, Елена Велкоска, Симона Ставреска, Фјола Сула, Дорис Старчева Јованова, Catalin Tanta, Христијан Тодоровски, Кујтим Амети, Кирил Стоименов, Кристијан Здравески, Сара Ивановска, Флора Оџаклиеска, Горан Јовановски, Томе Арапов, Сашо Цветаноски, Мартина Богдановска, Ивана Шутова, Дејан Спасовски, Леонардо Марковски, Љупка Сакалиска, Љупчо Петковски, Марко Танов, Ева Херцег, Богдан Глишиќ, Александар Стојчев, Христина Велјановска, Јасмина Михајлоска, Мартин Пејчиновски, Александар Манчев, Виолета Илиевска, Сања Бомбол, Драгана Новоселска, Давид Варошлија, Бојан Балабан, Филип Богдановски, Теодора Протугер, Петар Прнарков, Теодора Пана, Ivone Zekan, Христина Здравков, Ѓорге Узунов, Анита Николоска Марковска, Сергеј Миљковиќ, Милица Шкордова, Митко Летников, Спасе Коцев, Вера Ванков, Мартин Деспотоски, Наташа Антонијевиќ, Давид Петрушевски, Јована Василеска, Мери Шукуроска, Дејан Михајловски, Андријан Тасевски, Ања Посохин, Теодор Петровски, Александар Медаров, Андреј Мишковски, Перо Фармак, Ивана Јорданова, Душица Јоциќ, Живко Мутовик, Мартина Бошкоска, Јован Танчевски, Мирјана Премчевска, Симона Симоновска, Николона Спасеновска, Борис Тасевски, Марин Маринов, Вангел Ангов, Теодора Трајковска, Игор Ѓорѓиевски, Стефан Трендафиловски, Теодора Димовска, Матеј Драгановски, Петар Трпески, Хари Милошески, Драган Батанџиовски, Давид Тофиловски, Анастасија Ѓорѓиоска, Михаил Димоски, Викторија Стајковска, Мишо Димитријевски и Дејан Станковиќ.
Им честитаме и посакуваме многу успех на новите работни места!
Направи ја и ти посакуваната кариерна трансформација. Со Brainster+ отсега на нашите академии ти нудиме плус пакет со 20 курса за поголема предност на пазарот на трудот.