Помалку документација, а повеќе време за грижа за луѓето. Овој основен принцип е врежан во софистицираниот софтвер на Pabau „сѐ-во-едно“. Како резултат на ваквиот пристап, клиниките, спа-центрите и салоните ширум светот имаат можност да се фокусираат на она што е најважно – да им се помогне на луѓето да се чувствуваат и изгледаат одлично. Како компанија ориентирана кон луѓето, Pabau Clinic Software континуирано го поддржува и олеснува професионалниот раст на вработените овозможувајќи им различни можности за учење и развој.

Клучни столбови за растот на секоја организација се едуциран и добро обучен кадар. Инвестирањето ресурси во откривање талентирани и специјализирани поединци им помага на тимовите да станат поиновативни и посилни. Од своето основање, Pabau постојано се проширува регрутирајќи професионалци од повеќе области. Brainster, водечката едукативно-технолошка организација во Македонија претставува врвен избор за образование за многу такви поединци и повеќе од 15 од овие студенти неодамна се приклучија на тимот на Pabau.

Како што вели Менаџерката за регрутирање во Pabau, Блерина Демири: „Сите алумни на Brainster се соодветно едуцирани и обучени за одредена вештина, но и успешно се прилагодуваат на тимот на Pabau и неговата култура“.

 

 

Кои се основните вредности на Pabau и што ја прави компанијата уникатна?

Веруваме дека еден од аспектите на уникатноста на една компанија се токму луѓето. Тие ја носат културата, ја обликуваат филозофијата на работење, ја градат околината и внесуваат живот во способностите на компанијата, додека Pabau ги обезбедува ресурсите. Оваа врска е прилично уникатна. Исто така, она што нè прави единствени е доследноста, која на нашите вработени им дава сигурност и убеденост… 

Pabau има мисија да го поедностави животот на тие што нудат здравствени услуги помагајќи им да заштедат време, да ги автоматизираат административните задачи и да добијат повеќе закажани термини, што може да се смета за наша примарна цел. Над 2.000 клиники ширум светот го користат нашиот систем со цел да создадат совршено искуство за пациентите и да се погрижат нивните клиенти да изгледаат и да се чувствуваат одлично – а со тоа и да бидат подготвени за повторно закажување термин. Нашиот софтвер располага со обемни функции кои вклучуваат: електронска медицинска евиденција, календари, системи за плаќање, онлајн-закажување, автоматизирана нега пред и потоа, фотографии пред и потоа, потсетници за состаноци преку е-маил/СМС и многу повеќе.

 

На кој начин Pabau го олеснува професионалниот раст и учењето за вработените, и што е најважно при ваквиот пристап за вашата организација?

Како компанија ориентирана кон луѓето, Pabau Clinic Software постојано го поддржува и олеснува професионалниот раст на вработените обезбедувајќи им различни можности за учење и развој. Почнувајќи од редовни сесии за обука, тековно менторство и тренинг, јасни кариерни патишта за напредок, редовен фидбек и преглед на перформансите, внатрешни трансфери, признанија и награди, поттикнување култура на споделување знаење, обука за лидерство за вработени со висок потенцијал итн. Основната важност на сите овие пристапи е градењето одржлива работна сила која ќе расте како што расте и бизнисот. Тоа пак, исто така, обезбедува низа на квалификувани лидери кои би ги пополниле критичните улоги кога тоа ќе биде потребно, и најважно, тие создаваат култура која го вреднува учењето и заедничкиот успех.

 

 

Brainster е гнездо на таленти што никогаш нема да згасне

Pabau е почитуван член на партнерската мрежа за вработување на Brainster. Кој беше вашиот мотив и кои се вашите очекувања од ова партнерство?

Brainster е гнездо на таленти кое никогаш нема да згасне. Имајќи ја предвид нашата постојана потреба како компанија за вработување нови лица, и следејќи го успехот на студентите на Brainster, почувствувавме дека е време да се приклучиме на овој „маратон“ каде сите победуваат. Искуството што го имаме досега во ова партнерство не остава многу простор за шпекулаци, бидејќи Brainster секогаш се стреми да биде најдобар. Сепак, гледајќи кон иднината, не само што очекуваме, туку и сме подготвени да работиме на тоа да понудиме повеќе можности за врвните таленти преку инвестирање во нивното образование, развивање на приспособени програми за обука, работа на повеќе заеднички проекти за иновации и решавање проблеми, секогаш со цел да ја подобриме вработливоста на алумни-студентите.

 

Со текот на годините сте ангажирале повеќе од 15 студенти на Brainster. Што е тоа што ги издвојува во процесот на регрутирање?

Вработувањето студенти на Brainster го олеснува процесот на регрутирање на многу различни начини. Тоа првично доаѓа од разбирањето на нашето партнерство и меѓусебните потреби, јасно опишувајќи го концептот „понуда и побарувачка“. Талентите на Brainster доаѓаат како целосен пакет, освен што се соодветно едуцирани и обучени за одредена вештина, тие веќе се погодна личност за интеграција во компанијата. Искуството што го добиваат кога работат со различни тимови, на различни проекти, кои имаат различни улоги, соочувајќи се со различни предизвици во текот на нивната обука и образовниот процес ги подготвува за она што навистина го бараме при вработувањето – ставот „Можам да го направам“.

 

 

Brainster Next College ќе создаде студенти подготвени да „растурат“ на работните места во ИТ-секторот

Уште една отворена врата во нашата соработка е Brainster Next College, првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, кој е во тесна соработка со компании од индустријата. Кои се вашите очекувања од Brainster Next College и овој метод на практично образование?

Brainster Next College ќе ги потхранува потребите на ИТ-индустријата, обезбедувајќи им практично образование на студентите. Потенцијалните предности што ние како ИТ-компанија ги гледаме овде (со оглед на тоа колку е важна праксата за луѓето од ИТ-светот) вклучуваат развој на вештини преку применливо знаење за професии во реалниот свет, создавање или проширување на врските со компании, подготвеност за кариера итн. Очекувањата од ова партнерство прво од нас како компании, треба да бидат да создадеме повеќе простор и можности за овие студенти да имаат шанса да го применат своето знаење од рана фаза и очекуваме Brainster Next College да создаде напреден и практичен свет на студенти кои се подготвени да „растурат“ во работните места во ИТ-секторот!

 

Кои се вашите примарни критериуми при проценувањето на помладите кандидати (јуниорите)?

Кога и да разгледуваме помлади кандидати, секогаш се потсетуваме дека тие се јуниори со причина, а тоа значи дека имаат помалку години искуство. Со оглед на тоа,  вниманието го насочуваме на различните вештини што ги поседуваат. Можам да набројам многу, но би сакала да наведам некои клучни, почнувајќи од имање став, подготвеност за учење и раст, способност за тимска работа, адаптибилност и секако, многу помага и ако имаат смисла за хумор. Сепак, јуниорот мора да има поминато барем некаква пракса, да работел хонорарно или со пола работно време или да бил вклучен на проекти поврзани со неговата област.

 

Партнерство што креира силна работна средина

Каква порака имате за компаниите кои сè уште не се приклучиле на партнерската мрежа на Brainster?

Да не размислуваат премногу и да се приклучат на мрежата, бидејќи Brainster се покажа како доста клучен дел во создавање силна работна средина, особено во ИТ-секторот. Станува збор за мрежа каде никој не губи, едниот се образува, а другиот вработува. На овој начин, целосно ја негуваме идејата секој да си го најде своето место на пазарот. Да се има отворена врата со веќе образовани луѓе е чекор поблиску до поголем успех на вашата компанија.

 

Да резимираме, дали има некои насоки што би сакале да им ги дадете на претстојните студенти во врска со значењето на овие партнерства во нивниот образовен пат?

Од моето искуство со регрутирање, секогаш е возможно да го најдете вашето место на пазарот ако се едуцирате во одредена област. Најдете ја вашата внатрешна цел и фокусирајте се на неа. Запомнете, најдобро е да знаете да правите една работа навистина, навистина добро. Сепак, секогаш истражувајте ги можностите. Како студент ви треба вмрежување, искуство од реалниот свет каде што можете да ги имплементирате вашите знаења и можности за напредување во кариерата, финансиска поддршка која може да се иницира од различни компании и бидете секогаш информирани, па ќе речам: изберете мудро кому верувате со вашиот образовен пат бидејќи тоа е вашиот прв чекор кон успехот. Досега, Brainster е лесен одговор на сето ова.

 

Бидeте дел од иднината и соработувајте со Brainster преку платформата за партнерства! Kонтактирајте нѐ на [email protected]

*Текстот првично е објавен на LinkedIn во англиска верзија.