Дали имаш трема пред интервју за работа? Те фаќа паника и си во грч? Се плашиш како ќе се претставиш? Имаш дилема што треба да кажеш? Стручноста, соодветната обука, искуството, квалитетното CV и порфолиото не се секогаш доволни за вработување. При аплицирање на ново работно место, важно е и како ќе ги презентираш минатиот труд, знањата и твоите ставови.
Комуникација е клучна вештина, не само при вработувањето, туку и во текот на работата. Таа е мост помеѓу поединецот и колективот, меѓу компанијата и клиентите. Ефикасната тимска работа почнува и завршува со добра комуникација, добри интерперсонални, лидерски и лични вештини. За предност се сметаат и критичко размислување, способноста за решавање проблеми и анализа, како и креативноста и иновативноста.
Еден од 9-те фактори за вработување
Со цел да ги подготви своите студенти побрзо да направат кариерна трансформација, водечката едукативно-технолошка организација Brainster, во рамките на својата нова едукативна понуда Brainster+, на студентите од сите академии им нуди пакет од 12 курса за вештини за вработување. Овие вештини се всушност еден од 9-те фактори за вработување во професиите од новата ера, што ги бараат компаниите денес.
Вештините за вработување или т.н меки вештини им овозможуваат на поединците да направат поцврсти кариерни чекори, ефективно да се движат во социјалните интеракции, да работат заеднички и да се прилагодат на различни професионални средини. За разлика од техничките или тешките вештини, кои се специфични за одредена работа или индустрија, меките вештини се разновидни и ја подобруваат способноста на поединецот да работи добро со другите, да комуницира јасно и да покажува емоционална интелигенција.
Предност што се бара на интервју за работа
Ги прашавме претставниците на компаниите Piksel.mk, Dekra, Интертек и EmbedSocial, колку меките вештини се важни при вработување нови кадри? Тие нагласуваат дека индивидуалците кои што поседуваат вакви вешти се издвојуваат од останатите. Со поседување на овие атрибути, добиваат предност за работното место.
Менаџерката за човечки ресурси во агенцијата Piksel.mk, Ида Делиниколова, вели дека меките вештини на новите кандидати се многу важни.
„Постоењето на овие вештини кај кандидатите се начин да оцениме дали е фит со нашата култура и компаниски вредности, па така, го сметаме за предност. Вештините како: комуникација, лидерство, критичко и аналитичко размислување, решавање проблеми, подобра организација на време и обврски, креативност и иновативност се битни за перформансите, но и за интегрирање во тимот. Една од меките вештини, која ни е исто така битна, е меѓучовечки односи, односно пристапот и начинот на комуникација со колегите“, истакнува Делиниколова.
Раководителката на секторот за регрутирање во DEKRA, Соња Плоча, вели дека при вработување на нови кандидати, многу зависи кои се квалификациите на позицијата. Меѓутоа, меките вештини се важни за регрутерите во поглед на тоа колку еден профил би се вклопил во компаниската култура и колку би бил погоден за позицијата.
„Најчесто меките вештини прават разлика и може да дадат голема предност на кандидатот. Многу се важни. Секако, зависи од позицијата и од тоа колку е неопходно одредена вештина да е поизразена и зајакната во споредба со останатите. За почеток на кариера е доволно да се има вештини од областа на комуникација, решавање на проблеми, тајм менаџмент, а останатото, со прогресирање во кариерата, сметам дека ќе се зацврсти“, вели Плоча.
Одлучувачки при изборот на нов кандидат
Во компанијата EmbedSocial регрутирањето нови кадри најчесто го почнуваат преку пракса. Меките вештини често можат да бидат одлучувачки фактор при изборот на нов кандидат, особено кога на почеток на кариера техничките вештини и искуството не може да се земат предвид.
„Меките вештини, како што се комуникациските способности, способноста за работа во тим, решавање на проблеми, флексибилност, креативност и способноста за управување со времето, се клучни за успех во нашата работна средина. Тие помагаат во создавањето на позитивна работна атмосфера и ефикасно справување со работните предизвици. Додека техничките вештини може да се научат и развијат со време, меките вештини се повеќе поврзани со личноста на кандидатот и неговиот пристап кон работата и интеракциите со другите. Кандидатите кои покажуваат силни меки вештини најчесто имаат предност, бидејќи се смета дека се подобри во справување со динамичните и често непредвидливи аспекти на модерното работно место“, вели Марија Власцева од EmbedSocial.
Меките вештини придонесуваат вработените подобро да перформираат на работното место. Тие се клучни и за побрзата интеграција во тимот. Тамара Димитрова, team lead на Culturetec истакнува дека тие носат вредност, бидејќи најчесто работата подразбира активна соработка и комуникација со тим на луѓе со различни улоги.
„Флексибилноста во комуникацијата, можноста да се ислуша и да се има соодветен разговор и да се најде решение, се многу важни каректеристики што треба да ја има секој кој се приклучува во тимот. Мајндсет за решавање на проблеми, можноста некој да подели работна задача и да знае како да и пристапи во решавање, способноста за истражување и креативност, секако се клучни за која и позиција да се работи… При регрутирање, секако дека ни се важни и техничките вештини, но меките се некогаш дури и поважни“, објаснува Димитрова.
Кои се 12-те курса за поголема вработливост?
Во пакетот на Brainster+ со меки вештини за поголема вработливост има 12 курса, кои ќе може да ги проследиш според своето темпо.
1. Комуникациски вештини
Со овој курс ќе ги надградиш комуникациските вештини за успешна кариера. Ќе ги истражиш основните принципи на ефективната лична и професионална комуникација. Овој курс ќе ти помогне да ги надминеш недоразбирањата, да негуваш контакти и да оставиш траен впечаток на професионалните средби. Ќе научиш активното да слушаш, внимателно да читаш и да ги согледаш скалилата на заклучоците.
2. Критичко размислување и решавање проблеми
Критичкото размислување подразбира објективно толкување информации, земајќи ја предвид нивната веродостојност, релевантност и кредибилитет. Со курсот ќе научиш како да ги преиспиташ претпоставките и како да донесеш добро информирани одлуки.
Решавањето проблеми е процес на анализа на тешкотиите или пречките и осмислување стратегии за нивно надминување. Тоа опфаќа идентификување на основната причина за проблемот, генерирање креативни решенија и спроведување ефективни планови за акција.
3. Interpersonal skills
Со овој курс ќе научиш за важноста на интерперсоналните вештини и каде е клучно да се користи. Интерперсоналната интелигенција е една од осумтте различни интелигенции што ги имаме, и може да се научи и развие. Насловите на лекциите се креираат на забавен начин (поврзувајќи се со наслови на песни или цитати). Со нив ќе научиш за емоционална интелигенција и другите важни вештини, меѓу кои повеќето од нив се поврзани со мотивација и комуникација со другите.
4. Лидерски вештини
Курсот за лидерство ќе ти даде инструкции како можеш да ги подобриш своите лидерски вештини преку саморефлексија, учење од модели и повратни информации од другите. Лидерските вештини имаат важна улога во формирањето на успешни и иновативни организации. Овие вештини вклучуваат способноста за водење, мотивација на тимот, развивање на визија, донесување на стратешки одлуки, комуникација и разбирање на потребите на луѓето под нивно раководство.
5. Лични вештини
Курсот за лични вештини ќе ти даде упатства и примери како да ги подобриш твоите лични вештини. Ќе научиш како ефективно да комуницираш со другите во различни лични и професионални контексти. Личните вештини се клучни за градење позитивни односи, соработка со другите и успешно навигација во различните ситуации.
6. Креативност, Design Thinking и иновации
Оваа обука ќе ти помогне да се стремиш кон појасни цели при реализација на своите нови проекти. Исто така, ќе можеш да примениш методологии за размислување за дизајн, што ќе ти помогнат да испорачаш поголем квалитет во твојата секојдневна работа и да постигнеш подобри среднорочни цели за да имаш одлична финална испорака со задоволни клиенти. Со овој курс ќе ги збогатиш твоите квалификации за вработување.
7. Аналитички вештини
Курсот за аналитички вештини ќе ја зголеми ефективноста на критичкото размислување во твојата секојдневна работа. Се учи вовед во принципите на индукција и дедукција, воспоставувајќи ги техниките на логично расудување. Ќе ги разбереш разликите меѓу примерокот и популацијата. Курсот ги опфаќа и типови на збирки на податоци, скали на мерење и основни вештини во Google Sheets (Excel) за ефикасна манипулација и анализа на податоците.
8. Емоционална интелигенција (EQ)
Овој курс ги опфаќа главните теми, концепти и вештини поврзани со емоционалната интелигенција. Ќе те води низ главниот концепт на различни видови интелигенција што ги имаме, а потоа ќе се фокусира на емоциите и основните компоненти на емоционалната интелигенција. Тоа се: да ги препознаваш сопствените емоции, да научиш да ги изразуваш и да научиш да ги регулираш, потоа да научиш да ги препознаваеш емоциите на другите луѓе и да постапуваш соодветно.
9. Основи на NLP (Невро-лингвистичко програмирање)
Со истражување на основите на невро-лингвистичкото програмирање (НЛП), ќе научиш клучни лидерски вештини како што се: ефективна комуникација, постигнување резултати и самоуправување. На овој курс ќе се вклучиш во серија предизвици дизајнирани да ја подобрат твојата свест за тоа како работи твојот мозок. Ќе научиш како веднаш да ги вклучиш специфичните учења во твојот живот и на тој начин да го подобриш својот личен раст.
10. Невролидерство (Brain Adaptive Leadership)
Целта на овој курс е да ја зголеми свеста и да им помогне на професионалците да ги развијат своите лидерски способности со фокусирање на применетите знаења кои доаѓаат од невронауката. Преку овој курс ќе ја разбереш функцијата на мозокот и како тоа влијае на човечкото однесување во организациите. Ќе те подготви како да ги реализираш своите планови во предизвикувачки деловни средини.
11. Growth mindset за личен раст
Дали размислуваш за личниот раст? Овој курс ќе ти помогне да ги профатиш предизвиците, како да си истраен при соочување со неуспех, да вложиш напор во твојата специјализација и како да учиш од критиките. Ќе научиш дека твоите способности и интелигенција може да се развиваат со текот на времето, преку посветеност и напорна работа. Ова поттикнува континуирано учење, издржливост и верување дека успехот се постигнува со напор и учење од искуства.
12. How to learn effectively
Курсот „Како да се учи ефективно“ е дизајниран да ги опреми студентите со докажани стратегии и техники за да ги оптимизираат нивните навики за учење. На овие предавања ќе ги истражиш вештините за управување со времето, ефективни методи за запишување белешки и персонализирани пристапи за учење прилагодени на силните индивидуални страни.
Подготви се за твојата кариера од соништата. Совладај ги најбараните меки вештини, надмини ги сите комуникациски предизвици и истакни се пред конкуренцијата.
Со Brainster+ отсега на нашите академии ти нудиме плус 20 курса со напредни технички вештини, вештини за вработување и AI вештини, за поголема предност на пазарот на трудот.