Дали вештачката интелигенција ќе ги замени луѓето? Дали AI ќе ни ги земе работните места? Како AI (ќе) влијае врз вработувањата? Дали има причина да се плашиме од брзиот технолошки подем?
Овие горливи и актуелни прашања веројатно допрва ќе бидат одговорени. Но историски гледано, со технолошките трансформации се автоматизираат одредени задачи, што доведува до промени на работните места во некои сектори. Истовремено се создаваат и нови работни позиции и се зголемува продуктивноста во други. Вештачката интелигенција има потенцијал да ги подобри човечките перформанси и ефикасноста, и да создаде нови можности во индустријата.
Во овој процес важно е луѓето брзо и ефикасно да се приспособат на промените преку совладување на алатките за AI. А тоа најдобро ќе се постигне со навремена едукација или обука.
Согледувајќи ја потребата да се подготват студентите со вештини за работа со AI, водечката едукативно-технолошка организација Brainster, во рамките на својата нова едукативна понуда Brainster+, на студентите им нуди курсеви за AI.
Всушност, AI вештините се еден од 9. фактори за вработување во професиите од новата ера што ги бара индустријата, а кои Brаinster ги овозможува со новото супериорно дополнување на секоја академија. Со ова студентите ќе добијат подобра подготовка за професиите во време на подем на вештачката интелигенција.
Работата со AI ќе биде на ниво на користење интернет
Влијанието на вештачката интелигенција врз вработувањето зависи од различни фактори, вклучително и како општествата, бизнисите и поединците се приспособуваат на променливиот пејзаж. Проактивни мерки, како што се инвестирање во образование, обука и етички практики за AI, може да помогнат во ублажувањето на потенцијалните негативни последици и максимирање на придобивките од технологиите за вештачка интелигенција.
Разбирањето на вештачката интелигенција е клучно во ракувањето со неа. Преку соодветни образовни програми, курсеви и пракса, компаниите, но и самите поединци ќе си помогнат во побрзата адаптација.
Ивица Пешовски, Chief Technology Officer на Brainster, а воедно и професор на Brainster Next College, вели дека во скора иднина познавањето и работата со AI алатките ќе биде на ниво на ракување со интернет и компјутери.
„Стравот од AI е неоснован! Луѓето што во почетокот на овој век не научија да користат компјутер и во почетокот на втората деценија на овој век не научија да користат интернет, денеска навистина очекувам да имаат сериозни тешкотии на повеќето работни места, од најтрадиционални до најсовремени. Истото нè очекува со AI, ако луѓето не научат како да ја користат вештачката интелигенција, многу веројатно ќе имаат тешкотии со наоѓање работно место за неколку години, меѓутоа, тоа во никој случај нема да значи дека таа, вештачката интелигенција, им ги зела работните места. Напротив, инерцијата кон адаптирање на промени би била виновна за тоа. Поради ова, го воведуваме AI модулот во Brainster+ програмата, бидејќи сметаме дека овие вештини ќе бидат неизоставен дел од секое CV во периодот што следува и нивното непознавање ќе биде голема пречка за секој студент, меѓутоа, и за секој вработен“ – вели Пешовски.
Тој нагласува дека е важно поединците да разберат дека за да ракуваат со AI, не се потребни специјални стручни предзнаења.
„Исто како што за да се користи компјутер, луѓето не треба да знаат операции со бинарни броеви, разни програмски јазици и други аспекти на компјутерските науки. Ниту пак за да користат интернет треба да имаат длабоко познавање од компјутерски мрежи, протоколи за пренос на податоци и слично. Тие ги користат алатките преку интерфејсот што за нив е подготвен од луѓе што го разбираат тоа и чија професија е да го овозможат таквото однесување. Истото се случува со вештачката интелигенција. Луѓето не треба да знаат машинско учење, науки за податоци и други сложени и многу технички детали. Тие треба да знаат да ги користат интерфејсите што за нив ќе ги подготват луѓето чија професија е токму тоа. Ова е и целта на AI курсевите во Brainster+ програмата – да им се доближи на луѓето употребата на AI во секојдневните активности и да се подготват за работните места за не така далечната иднина“ – вели Пешовски.
Подготовка за новата ера со Brainster+
Со Brainster+ секоја академија се дополнува со по два курса за AI вештини. Како новина се воведени: AI за програмирање (мастер-клас), AI за бизнис (мастер-клас) и Етика во AI, кои се распределени соодветно на секоја академија.
- AI за програмирање (мастер-клас) е наменет за програмери или софтвер-девелопери кои сакаат да ги подобрат своите вештини со инкорпорирање на техники за вештачка интелигенција (AI) во својот програмски репертоар. Вклучен е во Brainster+ дополнувањето за т.н. техничките академии: (Академија за Front-End, Академија за Full-Stack, Академија за Sofware testing и Академија за Data Science).
- AI за бизнис (мастер-клас) приспособен за бизнис-професионалци, менаџери и носители на одлуки кои сакаат да разберат како AI може стратешки да се примени за подобрување на деловните операции и процесите на донесување одлуки. Овој мастер-клас е наменет за студентите од сите академии.
- Етика во AI – се фокусира на етичките размислувања и импликациите од развојот и имплементирањето на технологии за вештачка интелигенција. Наменет е за студентите од сите академии.
Драг ChatGPT, што да очекуваме во 2024?
Во новата година се предвидува дека AI ќе донесе подобрување и поголема ефикасност на повеќе работни места.
-Несомнено е дека 2024 година ќе биде доминантна година за AI. Го паметам времето кога на прсти се броеја луѓето што поседуваа компјутер, па потоа и времето кога точно знаевме која куќа/стан има пристап до интернет. Денес овие работи се смешни; речиси и да не постои семејство без неколку компјутерски уреди (лаптопи, телефони, смарт-уреди) и пристап до широкопојасен интернет. Слично е денеска со AI. Може релативно лесно да се набројат луѓето што се запознаени и активно ги користат благодатите на вештачката интелигенција. Ова многу брзо ќе се смени и мое мислење е дека веќе во 2024 ќе искусиме масовна употреба на генеративна вештачка интелигенција во нашите секојдневни животи – вели Пешовски.
Ја прашавме и вештачката интелигенција, поточно ChatGPT, што да очекуваме во 2024 на план употреба и напредок на AI. Ова е сумираниот одговор што го добивме:
AI ќе придонесе во напредна автоматизација на рутинските и репетитивните работни задачи во повеќе индустрии. Ова може да доведе до поголема ефикасност, заштеда на ресурси и трошоци и редефинирање на работните улоги. Се очекува АI алгоритмите да станат пософистицирани во понудата на персонализирани искуства, што ќе се рефлектира во поперсонализирана препорака скроена по потребите на секој клиент поединечно.
AI има потенцијал да ги подобри перформансите во здравствените и дијагностичките центри, во едукацијата, сајбер-безбедноста и програмирањето. Да даде придонес во климатските науки и справување со кризи. AI ќе им биде од корист на големите компании, но и на малите бизниси и стартапи кои немаат доволно капацитет и ресурси. Ќе помогне во креативните индустрии, во маркетингот, филмот, музиката, уметноста, книжевноста… па и во пишувањето текстови (како овој).
Човечката vs вештачката интелигенција
Да имаше напредната програма за автоматско пишување содржина на литературен македонски јазик, веројатно ќе дадеше поразбирлив крај на текстот. И сигурно ќе ги уловеше сите граматички и синтаксички грешки кои авторот на овој текст ги има направено при пишување. Но, во ситните грешки и творечкиот потенцијал на човекот е разликата. AI во овој случај ја дополнува содржината и ја прави порелевантна за дадената тема. Паметното користење на истите ја олеснува работата, но не може да ги замени искуството, емоцијата и креативноста што може да ги даде човекот.
Стоејќи пред уште една нова технолошка револуција, останува прашањето дали вештачката интелигенција целосно ќе нè замени или ќе ни биде сојузник во намерата да бидеме подобри? Дали ќе нè направи нерелевантни или, пак, повешти, поефикасни и подобри? Дали таа веќе знае повеќе за нас отколку ние за неа? Веројатно треба да научиме како да бидеме во чекор со AI.
Подготви се за кариера од иднината, надмини ги сите предизвици што ги носи развојот на AI. Совладај ги најбараните вештини и направи кариерна трансформација во професиите од новата ера